Шопен доби парк во скопска Кисела Вода
„Паркот на Фредерик Шопен“ денеска свечено ќе биде пуштен во употреба во скопската населба Кисела Вода. Лоциран зад ОУ „Невена Георгиева-Дуња“, паркот е хортикултурно уреден, со нова урбана опрема, детски реквизити, фонтана и мултифункционална бина, а поставена е и биста на полскиот композитор. Изградбата е дел од проектот „Одбележување на 200 години од раѓањето на великанот на музиката Фредерик Шопен“ за унапредување на соработката меѓу македонската и полската култура. |