Број 3394  среда, 29 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Понови вести








Site Meter

Мислења

Економијата во хронична анемија

Ден Дончев

Домашното стопанство денес е послабо од кога било во последните петнаесет години

Македонската економија е во хронична анемија. Според Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто домашното производство (БДП) за второто тримесечје од 2010 година изнесува 0,4 отсто. Овој анемичен резултат е доказ дека е прерано да се најавува дека македонската економија е излезена од рецесија, иако го најавуваат тоа преставници на Владата. Всушност, на виделина е една конфузна слика за последните шест квартали. Во првите три квартали од 2009 година имаше пад на БДП, па следуваше еден квартал со раст, па повторно имаше пад во првиот квартал од 2010 година за конечно да имаме анемичен раст од само 0,4 отсто во вториот квартал. Станува се' поневеројатно дека ќе се остварат владините проекции за раст од 2 отсто за 2010 година. Како и да е, со постигнатите резултати на БДП во последните шест квартали Република Македонија несомнено и официјално се' уште е во рецесија! Да се надеваме дека третиот и четвртиот квартал ќе бидат доволно силни за да ја компензираат првата половина од оваа година.

Според Државниот завод за статистика, вкупниот бруто домашен производ за второто тримесечје од 2010 година изнесува 107 милијарди денари, односно 1,7 милијарди евра. Тоа е за 0,4 отсто поголем БДП споредено со истиот период од 2009. Компонентите што влегуваат при ваква калкулација се доста комплексни. Но, за да се поедностави анализата, потребно е да се види кои се тие компоненти што влегуваат во калкулацијата на БДП, односно што имало најзначајно позитивно или негативно влијание. И повторно, како и со четвртиот квартал од 2009 и првиот квартал од 2010 година вистинска слика за стапката на раст (пад) на македонската економија се добива исклучително преку анализа на движењата на тековната сметка на Република Македонија. За жал, анализата покажува дека позитивните движења во тековната сметка имаат многу поголем позитивен ефект врз стапката на раст на БДП во вториот квартал од 2010 споредено со вториот квартал од 2009 година. Ова потврдува, пак, дека економската активност на домашните производители и домашното стопанство (кои немаат допирни точки со увоз или извоз) и понатаму паѓа.

Гледано вака, може да се направи анализата на БДП за второто тримесечје од 2010 година преку движењата во нејзините компоненти. Вкупниот извоз на стоки и услуги на Република Македонија претставува плус за тековната сметка и плус за мерењето на БДП. Во второто тримесечје од 2010, вкупниот извоз изнесуваше 638 милиони евра, споредено со 491 милион евра во второто тримесечје од 2009 година. Вкупниот извоз се зголемил за 147 милиони евра и, споредено со вкупниот БДП за вториот квартал од 2010 година, имал позитивно влијание врз стапката на раст на БДП од цели 8,5 проценти. Од друга страна, вкупниот увоз на стоки и услуги претставува минус за тековната сметка и минус при мерењето на БДП. Во вториот квартал од 2010 вкупниот увоз изнесуваше 1.007 милиони евра споредено со 830 милиони евра во вториот квартал 2009 година. Значи, вкупниот увоз се зголемил за 177 милиони евра и во случајов имал негативен ефект од 10,1 проценти врз стапката на раст на БДП во вториот квартал 2010, споредено со БДП во истиот квартал од 2009 година. Конечно, вкупните трансфери и девизни дознаки претставуваат плус за тековната сметка и плус при мерењето на БДП. Во вториот квартал од 2010 година, вкупните трансфери изнесуваа 346 милиони евра, споредено со 260 милиони евра во вториот квартал од 2009 година. Ова значи дека вкупните девизни дознаки се зголемиле за 85 милиони евра и имале позитивно влијание врз стапката на раст на БДП во вториот квартал 2010 година од 4,9 проценти споредено со вториот квартал од 2009 година.

Кажано поинаку, движењата во трговскиот дефицит (зголемувањето на извозот од 147 милиони евра минус зголемувањето на увозот од 177 милиони евра) резултирало во негативен ефект од 30 милиони евра, односно минус 2 отсто при мерењето на БДП, додека позитивното движење во приливот од трансферите и девизните дознаки резултирало во позитивен ефект од 85 милиони евра, односно 4,9 отсто при мерењето на БДП за вториот квартал од 2010 година. Значи, севкупниот ефект од движењата во тековната сметка во второто тримесечје од 2010 година, споредено со второто тримесечје од 2009 е зголемување на БДП од 55 милиони евра, односно за 3,1 отсто, споредено со вкупниот БДП на Македонија во вториот квартал 2010 година, кој според Државниот завод за статистика изнесуваше 1.740 милиони евра. Значи, позитивните движења во тековната сметка придонеле за зголемување од 3,1 отсто на БДП во вториот квартал од 2010 година споредено со вториот квартал од 2009. Меѓутоа, официјалната стапка на раст на БДП за вториот квартал од 2010 година изнесува само 0,4 отсто! Ова потврдува дека домашната економија (домашните производители што немаат допирни точки со увоз или извоз) и натаму остварува пад во економската активност. Овој пад е околу 3 отсто во споредба со вкупниот БДП за вториот квартал од 2010 година!

Значи, домашното стопанство и понатаму е соочено со економски тешкотии и добива компензација единствено од зголемените приливи од трансферите и девизните дознаки однадвор. Вкупните дополнителни приливи по оваа основа од 85 милиони евра во второто тримесечје од 2010 година, споредено со второто тримесечје од 2009 година, е уште еден доказ дека единствени што ја одржуваат македонската економија и стапката на раст (или пад) онакви какви како што се трансферите и девизните дознаки. Ова е доказ, пак, дека домашното стопанство денес е послабо од кога било во последните петнаесет години. Се' поголем и поголем е бројот на граѓани кои се принудени да бараат економска егзистенција надвор од границите на нашата држава.

Затоа, наместо да се водат празни дебати околу тоа колку ќе изнесува стапката на раст на БДП за 2010 година, време е да се признае дека таа стапка ќе биде далеку пониска доколку не се зголемуваат трансферите и девизните дознаки. А тоа зголемување, пак, се должи на граѓаните кои самоиницијативно одат да бараат работа надвор од Македонија, а потоа ги праќаат или ги носат тие заштедени средства назад во татковината. Истото важи и за огромната македонска дијаспора која се' повеќе и повеќе префрла девизни средства на своите роднини и пријатели во Македонија.

Домашното стопанство и домашните производители стануваат се' послаби и се понеконкурентни. Анализите на движењата на БДП во последните неколку квартали јасно и недвосмислено го потврдуваат тоа. Време е за сериозен пресврт на макроекономската политика која ќе застане првенствено во улога на долгорочно зајакнување на домашните производители во тие бранши каде што имаме најголеми перспективи за конкурентност на локално, регионално и на глобално ниво.

(Авторот е економски аналитичар)


#
Статијата е прочитана 783 пати.

Испрати коментар

Од: Petrovski Toni
Датум: 29.09.2010 17:36:21
G-dine ti bi bil najsrecen koga nasite sogracani ne bi donele nitu eden dolar vo Makedonija pa da licat na tebe,i posle polesno da propadne ekonomijata no ti sakal ili ne nie namesto nafta i ruda izvezuvame rabotna sila
Од: saso
Датум: 30.09.2010 01:20:54
den se zavkna dgabe vikase deka nema da imaat rast 2% imaat i toa im podvrdi svecka banka a ja mislev deka ti razbiras od ekonomija izgleda si prepisuval

Најди! во Утрински
Насловна
Кастрациjа на лустрациjата
Тиквешански
Најдобрите слики треба да ми останат тука
Турција - булдожер за името на Македонија?
Почина композиторот на „Кој тоа таму пее“
Битки за вода
Во Македонија се дебелеам
Скопје - град што се дели
Бугарија казнета од ЕК со 6,5 милиони евра
Чадот го однесе Лушков
Задолжителни прегледи за бремените жени или казни
Наскоро нова верзија на „Блекбери“
Карикатура
Северна Кореја го обзнани наледникот
Градинарот од Британските гробишта
Денови на медот во Скопје
Стил
Интер без Пандев го прегази Вердер
Прашина“ прикажан во Советот на Европа
Во Данска нови карикатури на Мухамед
Почина д-р Михаил Левенски
Уапсен хрватскиот шеф на Царината
Шопен доби парк во скопска Кисела Вода






Bulgarian police raid suspected radical Islamists, locals protest
When all roads lead to Rroma
Borisov supports Turkey's EU bid