Во 79. година од животот и после долга и тешка болест, во Белград почина српскиот композитор и истакнат писател Воислав Воки Костиќ. Југословенската јавност најмногу ќе го памети Костиќ како автор на музиката во филмоти и во балетот „Кој тоа таму пее“.
Костиќ зад себе остави 93 дела на сериозна музика, а напиша и подлога за 67 филмови, 31 театарски претстави, 20 телевизиски серии, 40 ТВ-филмови, 20 радио драми и бројни балади.