Број 3394  среда, 29 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Понови вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Кастрациjа на лустрациjата

Оливера Војновска

Македонија едвај се охрабри да ја почне лустрацијата и да го прочисти општеството од инсталациите на тајните безбедносни служби наследени од претходниот систем. Но, за жал, во нашата македонска реалност идејата да се демистифицираат луѓето кои поради кариеристички или материјални побуди биле во спрега со тајната полиција, доби една сосема превртена слика. Лустрацијата целосно заталка во лавиринтите на Комисијата за верификација на фактите, партиските централи, Уставен суд, Собранието и се заканува да излезе пред зградата на Владата на „Илинденска“ бб.

Додека лустраторите се закопаа во досиејата и заклучија дека клучните политичари се чисти, а само изјавата на еден уставен судија не одговара со фактите, со лустрирање почнаа да се занимаваат сите во државата. Од експремиерот Љупчо Георгиевски до премиерот Никола Груевски. Лустрацијата излезе од Комисијата за лустрација и влезе директно во партиите, и од власта и од опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ, ДПА, ВМРО-Народна, Обединети за Македонија, ниту една не му одолеа на предизвикот да ги бара кодошите, но во туѓите дворови.

Досиејата истовремено се чешлаат во партиските штабови и во Комисијата за лустрација, чии членови ги избра Собранието по партиски клуч. Иако првиот лустратор тврди дека од Комисијата не протекуваат доверливи информации, настаните што се редеа деновиве целосно го демантираат. Јавноста веќе две недели е сведок на партиски прес-конференции и на отворени писма во кои беа изнесени детали за наводната кодошка активност на двајца пратеници од владејачкото мнозинство и на еден уставен судија.

Токму ваквите информации го натерале претседателот на Уставен суд, Трендафил Ивановски, да копа по сопственото минато и да го бара поводот за сомневањата дека своевремено бил соработник на тајната полиција. Иако, како што тврди тој, немало писмен документ дека прифатил таква соработка. Судијата во јавното сведочење реагираше дека одамна е напуштен принципот на презумција на невиност. И тоа „прво од самата Комисија, која од почеток пласираше информации со кои тој веќе бил осуден и прогласен за жртва“, а потоа и лично од премиерот.

Груевски и вчера не се воздржа од критики на адреса на уставниот судија изјавувајќи дека одлуката за лустрација на претседателот на Уставен суд донесена од Комисијата го поткопува кредибилитетот на Уставен суд, а го урива и легитимитетот во однос на сите досегашни одлуки на овој Суд“. Иако постапката за Ивановски се' уште не е завршена. Комисијата нема донесено конечна одлука, туку заклучок, а Ивановски има и право на жалба пред судот.

Вчера реагираше и еден од посочените пратеници, Борис Стојменов, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Стојменов тврди дека станува збор „за политичка пресметка и за дезинформации пласирани со цел да им се наштети на мојот углед и на угледот на семејството“.

Прашање е каков е кредибилитетот на Комисијата за верификација на фактите, ако оттаму така лесно истекуваат податоци. Дали е навистина толку едноставно да се конструира кодошко сценарио? Може ли со невидена леснотија во досиејата да се подметнуваат лаги, да се фабрикуваат изјави и фалсификувани признаници за примени пари, како што тврди уставниот судија. И дали за еден ваков „подвиг“ е доволно да не се биде по мерка на власта, на оваа или на некоја друга.

Неодминлив е впечатокот дека македонската лустрација целосно ја промаши целта. Процесот што требаше да резултира со тивко заминување од јавниот живот на оние што се огрешиле во минатото, најпрво се поттурнуваше и се опструираше на сите можни начини. Сега е во фаза на екстремна политизација и место да исправиме една историска неправда, изгледа сме на добар пат да ни се случи кастрација на лустрацијата.


#
Статијата е прочитана 1051 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 29.09.2010 12:09:49
Lustracijata ne ja promasi celta. Matenje voda i lovenje vo taa vode e i cel na lustracija. Kako toa bas prviot kodos izleze predsedatelot na Ustavniot sud, edinstvena ustanova sto ne pod kontrola na vlasta? Eve edno prasanje: sto mislite, ce se najde li nekoj sto na vremeto go kodosel Ali Ahmeti, koga toj vo vremeto na socijalizmot bese progonuvan? Za DPMNE toj kodos e kodos ili heroj?
Од: bez kredibilitet
Датум: 29.09.2010 12:22:30
Komisijata e bez kredibilitet, bidejki e cisto partiska. Pretsedatelot na komisijata e deklariram VMR-ovec a i uste 6 clena se od taa partija.Vmesto da se gledat faktite, se vrsi nadglasuvanje vo Komisijata.Sega na udar e Ustavniot sud, koj seuste ne e pod nicie partisko vlijanie. Uste toj ostana bez takvo vlijanie.Sudstvoto, administracijata i sindikatot na celo so Mitrevski, se totalno partizirani
Од: Ајван Доктор®
Датум: 29.09.2010 14:46:47
Законот за лустрација ги покажува своите Шуплини,како производ на кавернозни автори!Почнува да станува појасно дека се работи за повторно враќање кон Мракот!Впечатокот го засилува и новиот предлог за формирање служба за безбедност,која воопшто нема да се разликува од таа во Минатото!Им се дава право на службениците да апсат без обврска да го известат Бирото за безбедност (централата),со широки овластувања за апсење.Очигледно,Македонија повторно навлегува во Темен еднопартиско-повеќепартиски систем - „Затоа што и Тие Така Правеа“!Лустрацијата се сведува на нејзина селективна примена, „за“ и „против“власта!Имавме и премиер и министри кои станаа странски државјани-за нив нема лустрација!Тоа е доказ дека ќе гонат селективно и во празно,заради политички реваншизам,а странските служби ќе го чуваат идеолошкиот мир!Среќно враќање во минатото! www.ajvandoktor.blogspot.com

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Најдобрите слики треба да ми останат тука
Турција - булдожер за името на Македонија?
Почина композиторот на „Кој тоа таму пее“
Битки за вода
Во Македонија се дебелеам
Скопје - град што се дели
Бугарија казнета од ЕК со 6,5 милиони евра
Економијата во хронична анемија
Чадот го однесе Лушков
Задолжителни прегледи за бремените жени или казни
Наскоро нова верзија на „Блекбери“
Карикатура
Северна Кореја го обзнани наледникот
Градинарот од Британските гробишта
Денови на медот во Скопје
Стил
Интер без Пандев го прегази Вердер
Прашина“ прикажан во Советот на Европа
Во Данска нови карикатури на Мухамед
Почина д-р Михаил Левенски
Уапсен хрватскиот шеф на Царината
Шопен доби парк во скопска Кисела Вода






Bulgarian police raid suspected radical Islamists, locals protest
When all roads lead to Rroma
Borisov supports Turkey's EU bid