Европската комисија ја казни Бугарија со 6,5 милиони евра поради неправилности во користењето на средствата од програмата САПАРД, потврди извршниот директор на бугарскиот Државен фонд „Земјоделство“, Калина Илиева. Според неа, казната била изречена поради непочитување на процедурата за повеќегодишна финансиска спогодба со САПАРД, и поради неуредноста на предходната Влада.
Илиева смета дека казната е оправдана, но дека Бугарија со помош на органите за помирување ќе се обиде да ја намали казната.