Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Ритуали

Како мафијашите даваат ветувања

Долг и страстен бакнеж на двајца млади мажи траел неколку секунди додека запрепастената маса вџашено ги гледала, а фотоапаратите бесно штракале. Усните, конечно, им се раздвоиле, кога полицаецот го зграпчил едниот од нив и го пикнал во „марицата“. Вакво слободно искажување на нежност меѓу мажи на јавно место не се гледа често во Италија. Но, двајцата споменати маж�� не се љубовници. А претставата што ја извеле пред полициската станица во Неапол пред десетина дена била уште поретка појава: бакнежот во уста на мафијашите на Камора е јасна порака дека врските на криминалниот синдикат се нераскинливи и дека уапсениот маж нема да „пропее“.

Познавачите велат дека овој мафијашки ритуал никогаш досега не е ниту снимен ниту фотографиран.

Според објаснувањата до читателите на италијанската „Стампа“, уапсениот Даниеле Дањезе (27), важна фигура во злогласниот „сецесионистички“ клан на Камора, се бакнал со двајца помлади соработници пред светот и камерите, порачувајќи им на тој начин дека нема да бидат оставени на цедило и дека организацијата ќе се погрижи за нив. „Тоа беше знак до послабите членови на групата: што и да се случи, нема да бидат препуштени сами на себе“, се вели во написот.

Доктор Корадо де Роза, психијатар и стручњак за судења на мафијата, кој ја напишал и книгата „Докторите на Камора“, вели: „Мислам дека Ањезе сакаше да им каже на двајцата другари, и на сите што го гледаа тоа, дека ќе молчи како залеа и дека нема ништо да им открие на властите. Имам слушнато дека припадниците на Камора вака се бакнуваат, но никогаш немам слушнато дека го направиле тоа вака јавно. Тоа покажува дека со овој чин сакале да испратат важна порака“. Д-р Роза додава дека бакнежите се интересни од уште една причина - тие ја покажуваат разликата меѓу полибералната Камора и конзервативната сицилијанска Коза ностра.

„Такво нешто е незамисливо меѓу припадниците на Коза ностра. Сицилијанската мафија е крајно хомофобична. Но, Камора е многу послободна и посовремена во тој поглед. На камористите не им е многу гајле како другите ги прикажуваат и што мислат за нив, се' додека се во состојба да направат профит. Тоа се виде и кога полицијата во 2009 година го уапси 27- годишниот Уго Кети Габриели, кој очигледно беше транссексуалец“, објаснува д-р Роза.

Дањезе е уапсен заедно со босот на Камора, Кармино Амато, кој се наоѓа на списокот на 100 најбарани бегалци во Италија, а обвинението го товари за убиство, шверц на наркотици и врски со мафијата. Се криел од 2009 година.

Еден од полицајците, кој присуствувал на изведувањето на уапсените пред судијата во Неапол, изјавил за весникот „Република“ дека било индикативно како биле облечени двајцата затвореници. Дањезе и неговиот шеф Амато, со избричена глава, физички многу се разликуваат, но двајцата на себе имале маичка со куси ракави со ликот на Џемс Дин.

„Босот избра таква маичка и му набави иста на својот телохранител Дањезе. Гледаме уште нешто многу типично за овој клан: сите носат иста марка обувки. Чевлите изгледа им се страст“, забележува полицаецот.

Маичките со ликот на Џемс Дин станале униформа за припадниците на Камора, што станало забележливо кога пред неколку месеци со истата маичка на себе бил уапсен Чезаре Пагано, уште еден висок член на кланот.

Мафијашки ритуали

За најстарата и најпозната италијанска мафијашка организација, Коза ностра, бакнежот означува различни работи:

- Бакнеж во уста од припадникот на Коза ностра е порака дека ќе бидете убиени.

- Бакнежот во образ значи дека членот на Коза ностра ве смета еднаков на себе.

- Бакнежот во рака е знак на потчинетост и начин да му се удоволи на босот.

- Еден од строго чуваните ритуали, откриен е дури во 1990 година во книгата „Тајни друштва“. Агентите на ФБИ го снимале приемот на Роберт Делуке во кланот Патријарка, на американската Коза ностра. Делука морал да прифати доживотен завет на молчење (омерта) пред останатите членови на кланот. Сите направиле исеченица на кажипрстот и капка по капка посипале на сликата на светецот - заштитник на семејството Патријарка, а потоа ја запалиле. Додека сликата горела, Делука се заколнал: „Како што гори овој светец, така ќе гори и мојата душа. Влегувам во оваа организација жив, а ќе ја напуштам само мртов“.


#
Статијата е прочитана 1912 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тодор Александров ги подели историчарите
Имав кариера што може да ја посака еден актер
Фатени Бони и Клајд од Скопје
Груевски и Ахмети остануваат партнери
Живот зависен од сонце и од ветер
Масовен протест против полициската бруталност
Нема пријатели, не се сеќава на ништо од претходниот живот
Јелко Кацин
Прошетка низ бањите и приказните на Словенија
Вардар во конфузија
Составен споменикот „Воинот на коњ“
Непроспиени ноќи поради духови
Од диктатура до демократија
Величествено славење на животот
Богов очекува пониска инфлација
Магијата на парите
Што не му одговара на вашиот хороскопски знак
Пукна резил! Пукна Ејми Вајнхаус на Калемегдан!
На Мијалков не му е местото во тимот
Еднојадрена верзија на Optimus
Загина девојка во тунелот „Катланово“
Хроничар на сите промени
Македонец херој во Бугарија
Јонуз разрешен од селекторската функција

"""