Скопје
Составен споменикот „Воинот на коњ“
19.06.2011, 15:15
Елементите од споменикот „Воин на коњ“ кој треба да биде поставен на плоштадот „Македонија“ се составени.
Овие неколку дена ќе се работи на расчистување на платото за споменикот да може да се постави на 10-метарскиот постамент.
Споменикот беше излеан во италијанската леарница Фернандо Маринели, а истиот е идејно решение на авторкат�� Валентина Стевановска.
Тој заедно со постаментот чини 9,4 милиони евра. Во моментов се работи и на фонтаната која треба да биде составен дел од споменикот.
|