Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Груевски и Ахмети остануваат партнери

Тамара Грнчароска

Со речиси идентичните соопштенија за конструктивната атмосфера на дијалогот што го водат за формирање на новата македонска влада, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги закопаа шпекулациите дека социјалдемократите се во каква било комбинација за формирање коалициска влада со помош на интегративците.

Соопштенијата што имаа дури и идентичен број редови, полни со зборови за партнерство и доверба, треба да ги замолкнат и муабетите дека коалициони партнери се во криза околу формирањето на новата влада, пред се', поради зголемените апетити на ДУИ во прераспределбата на институционалните фотелји, но и поради наводите дека шефот на УБК, Сашо Мијалков, е на чело на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ. Сите информации што кружат во медиумите овие денови се неосновани шпекулации, велат во соопштението на ДУИ, додека ВМРО-ДПМНЕ тврди дека разговорите се одвиваат во фер и конструктивна атмосфера.

Но, токму големата тајност и немањето дури ни „валидни“ кулоарски шпекулации за тоа кој на која министерска позиција ќе се смести, остава простор за толкување дека двата партнера се' уште ги немаат испеглано работите околу тоа - што нудат едните и што точно бараат другите.

Кусокот од неколку пратенички места за ВМРО-ДПМНЕ до мнозинство во парламентот несомнено ја зајакна позицијата на ДУИ во составувањето на новата влада и ги зголеми барањата. Образование, дипломатија, полиција, УБК, се ресорите за кои се вртат муабети дека албанскиот партнер на Груевски фрлил око. Но, речиси е сигурно дека по неуспехот во 2008 година од ВМРО-ДПМНЕ да го добие спикерското место во Собранието, сега ДУИ нема лесно и евтино да се откаже од именување свој човек на втората позиција во државата. Потпретседателското место на собранискиот спикер, кое како утешна награда го добија пред три години, не е веќе во игра за интегративците.

Новата улога на ДУИ како билет за Груевски за формирање влада, освен што ја засили позицијата за политичко пазарење на Али Ахмети, а со тоа и меѓукоалициските превирања околу составот на идната влада, покажува дека ДУИ сега ќе биде малку повеќе од само декор на „Илинденска“. Веќе не е прашање дали, туку колку ќе успее да инкорпорира ДУИ од своите барања во новата владина програма.

Затворањето на хашките случаи, решавањето на статусот на борците на ОНА, кои трпеливо како прашања чекаа „подобри“ времиња за албанските партии во власта од она што го имаа до 2008 година, ќе бидат високата сметка што ќе му се испорача на Груевски за поддршка од ДУИ, но и од која било друга партија од албанскиот блок.

Неизвесно е што ќе се случи со предизборните ветувања на ДУИ дека за влез во новата влада ќе бараат конкретни рокови за решавање на спорот за името за побрзо евроатлантско интегрирање на Македонија. Практиката покажа дека инсистирањето на НАТО и на ЕУ досега беше само партиска реторика со слаба реализација, особено откако партиите ќе се вселат во зградата на „Илинденска“.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ потврдија дека се' уште се партнери, останува да видиме колкава ќе биде цената за тоа.


#
Статијата е прочитана 3453 пати.

Испрати коментар

Од: Горан
Датум: 18.06.2011 02:35:48
ДУИ го добива првиот спикер на Собранието (Теута Арифи), МНР (Ермира Мехмети), Вицепремиер за економски прашања и МЕ (Фатмир Бесими), Одбрана (Невзат Бејта), Образование (Бујар Османи или Валон Сарачини), Локална самоуправа (Муса Џафери) и Правда (Илми Селами).
Од: vladimir petrovski
Датум: 18.06.2011 07:43:20
komentarov e?????bidejki nadvoresen fakto nee staven voopsto?????ako toj resi dapadne vladata ke padne??????????????????????????
Од: Секула
Датум: 18.06.2011 08:25:15
Многу трезвена анализа. Редно е СДСМ да престанат да се надеваат дека ќе направеле малцинска влада со сите албански партии. И точно е она што новинарката го кажала со прецизна реалност во описот: ДУИ ќе добие нашто повеќе од колку што имаа до сега во коалицирањето со ВМРО.
Од: euro
Датум: 18.06.2011 08:47:51
Koja ke bila cenata na koaliciranjeto sega,pa dobro koja ke bide ako drugite so 42 pratenika pravat koalicija.Pa tolku li nemozes da se pomiris so realnosta.
Од: flying-monaco
Датум: 18.06.2011 10:06:23
Avtorkata e mnogu realna. Poraz za utrinski deka ne pisuvate kako BC ke ja osniva novata vlada i deka kako vcera se najavuvase nekoj kjor sokak.Koe e tochno?
Од: vakataka
Датум: 18.06.2011 11:17:24
i ova e komentar? ova e samo pomos za albancite da baraat poveke, vakvi komentari se samo kusogledi za da go oslabat VMRO, a toa sto na toj nacin se federalizira eventualno drzavata ne e bitno. makedoncheto...
Од: Dania
Датум: 18.06.2011 13:27:17
Ofofof, Musa Dzaferi znace ke ima dve ministarstva, bideci site znaat deka Ermira e covek na Musa. Neja nikoj u Skopje ne ja saka,mnogu licemerna i dvoilicna.
Од: marija
Датум: 18.06.2011 17:51:18
sdsm gi izgubi izborite kako ne im e sram da se nadevaat da formiraat vlada koga se porazeni..toa e nonsens....makedonskiot narod si go kaza svoeto na 5ti juni..se znae pobednikot..i sekade vo svet pobednikot dobiva mandat da formira vlada..vo evropa za 1 do 2 pratenika se smeta pobeda a tuka kaj nas nekoj se obiduva da spori 14 pratenika..toa po site zakonomernosti e ubedliva pobeda..ako se zeme predvid deka vmro dpmne imase mandat vo mnogu teska ekonomska svetska kriza pobedata e uste pogolema
Од: nikoj
Датум: 18.06.2011 18:10:07
Е па Грујо, оди сега па владеј комотно. Ако се вакви барањата на ДУИ ти паднала секирата во мед-ама до пола хаха. Така лесно како порано нема да штанцаш закони. Во опозицијата имаш сега 42-ца кој од кој. Жив ќе те изедат.
Од: Faton
Датум: 18.06.2011 19:55:54
Do vakataka: Demek albancite ne znaat pa otkako novinarkata im kaza, sto treba da baraat, albancite ke go baraat tokmu toa. Se prasuvam sto bi pravele nie albanicte da ne bese ti da ni gi "otvoris ocite" deka tokmu toa sto ni novirkava e toa sto treba da go barame!?!?!? Navistina si "zlaten" pameten na mama....
Од: Od vnatresnosta
Датум: 19.06.2011 11:25:15
Ve molam dosta so spekulacii i dezinformacii, bidete trpelivi neka si se dogovori VMRO na kogo mu e dadena doverbata i im veruvame za se sto ke prevzemat (za zakoni ,za predlozi ,za spomenici i gradbi nie toa go barame ni se dopagja i zatoa se glasase i pobedata e pak na Vmro i taa ke odlucuva za se , za se OSVEN ZA IMETO ZA STO GLASOT NA NARODOT VEKE ODLUCI NEMA MENUVANJE KAKO STO E I VO VMRO), zosto mu ja dadovme doverbata?... sega Vie mediumite da spekulirate, a so toa i da pottiknuvate, da se opametite oti i vie zavisite od nas graganite. Pa dui imase potpredsetatel na sobranieto, ministri , sot i vie pottignuvate omraza i netrpelivost zaprete se velke vie li ste vlas, a ako ste toa tooa e duri na sedmoto mesto mnogu daleku od onie koi ja dobija doverbata. D O S T A so pottiknuvanje.
Од: Европеец
Датум: 19.06.2011 12:48:37
Ќе си добие ДУИ колку што заслужил и ништо повеќе. Едно министерско место или спикер во собранието. И толку. Џабе се надеваат дека ќе му цркне козата на комшијата па тие лешинарски ќе ќарат нешто во гужвата. Ќе си дремат уште четири години во опозиција и се надевам дека сребрениот медал ќе им ги заслепи очите доволно долго за да не приметат дека се во опозиција.Нека побрза Бранко со конгресот додека нема нова Влада изгласано,додека сеуште може да ги лаже своите следбеници аутисти дека победиле на избори а всушност изгубиле со 15 Пратеници помалку од власта.

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тодор Александров ги подели историчарите
Имав кариера што може да ја посака еден актер
Фатени Бони и Клајд од Скопје
Како мафијашите даваат ветувања
Живот зависен од сонце и од ветер
Масовен протест против полициската бруталност
Нема пријатели, не се сеќава на ништо од претходниот живот
Јелко Кацин
Прошетка низ бањите и приказните на Словенија
Вардар во конфузија
Составен споменикот „Воинот на коњ“
Непроспиени ноќи поради духови
Од диктатура до демократија
Величествено славење на животот
Богов очекува пониска инфлација
Магијата на парите
Што не му одговара на вашиот хороскопски знак
Пукна резил! Пукна Ејми Вајнхаус на Калемегдан!
На Мијалков не му е местото во тимот
Еднојадрена верзија на Optimus
Загина девојка во тунелот „Катланово“
Хроничар на сите промени
Македонец херој во Бугарија
Јонуз разрешен од селекторската функција

"""