Сообраќајка
Загина девојка во тунелот „Катланово“
19.06.2011, 15:24
20-годишна девојка загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа половина час пред полноќ на автопатот Велес - Скопје во тунелот „Катланово“.
Како што соопшти полицијата, автомобил „Ауди А2“ со штипски регистерски таблички управувано од 20-годишниот Т.М. од Струмица, удрило во товарно возило „Фап Фамос“ со скопски регистерски таблички, управувано од 24-годишниот А.З. од Скопје.
Од силината на ударот на лице место починала сопатничката во „аудито“ Соња А. од струмичкото село Куклиш.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Велес, Истражен судија и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено на обдукција.
|