Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Живот зависен од сонце и од ветер

Првата хибридна куќа за себе и за своето семејство ја изгради битолчанецот Вангел Адамовски

Битола - Правата хибридна куќа во Македонија ја изгради битолчанецот Вангел Адамовски. За себе и за своето семејство. Вилата, која е лоцирана во подножјето на Баба Планина, во атарот на селото Братиндол, е првиот целосно енергетски независен објект. Кажано со јазикот на обичниот граѓанин, тоа значи дека Адамовски во иднина нема да плаќа сметки за струја. Во исто време, тоа воопшто не значи дека се решил да се врати на газиените ламби или, пак, на свеќи, туку дека за осветлување, загревање и за работа на електричните апарати во својот дом ќе ги користи сонцето, ветерот и сето она што значи природен извор на енергија.

Адамовски е поранешен вработен во ИМБ Битола, сега технолошки вишок. Вели дека за вградување на новиот систем потрошил без малку 13 илјади евра, со надеж дека вложените средства брзо ќе му се вратат. Тој не само што ги одбегнал трошоците за приклучок на електричната мрежа, кои чинат илјадници евра, туку веќе се ослободил и од плаќање на дебелите сметки за потрошена струја, како и од стравувањата од пораст на цената на електричната енергија.

Хибридната куќа на Адамовски е комбинација на ветро-генераторски, фотоволтаичен и термоколекторски систем. Таа е проект на фирмата „Аресе солушнс“ - Скопје, сопственост на Робин Бојчевски, машински инженер. Она што на прв поглед ќе ви го привлече вниманието на објектот е ветерницата и колекторскиот систем поставен на терасата.

„Оваа хибридна куќа воопшто нема приклучок кон централната дистрибутивна мрежа. Инсталирани се системи што ја користат енергијата од ветерот и од сонцето. На куќата има инсталирано ветерен генератор и фотонапонски системи. Инсталиран е и термален сончев колектор за загревање на водата, што ја зголемува ефикасноста на системот. Тоа значи не само можност за инсталирање систем за греење, туку приклучок и на други апарати што користат топла вода како што е машина за перење или, пак, за миење садови“, објаснува Бојчевски.

„Иако животот во новата хибридна куќа зависи токму од надворешните услови, шансите за нарушување на секојдневјето на нејзините станари се минимални“, вели Бојчевски. Капацитетот на системот ќе биде надополнет со микро хидротурбина. Тоа би значело дека ако нема сонце и ветер, тогаш енергијата ќе се произведува од вода. За таа цел, Адамовски веќе ископал неколку бунари во дворот на вилата.

,,Сонцето неспорно го имаме повеќе од 260 денови во годината. Ако нема сонце, тогаш ја користиме ветерницата. И во случаи кога би имале екстремно лоши временски услови, интензивни снежни врнежи, магла или ниско поставени облаци, системот може да ја задоволи потребата од енергија три дена по ред“, ,наведува Бојчевски.

Системот во новата хибридна куќа има и дополнителна вредност. Тој ќе може да се надгледува и преку интернет. Така ќе знаете со колкава енергија располагаат во секој момент. Што се однесува, пак, до векот на траење на ваквата куќа, од „Аресе солушнс“ потенцираат дека перформансите на производите имаат гаранција од најмалку 25 години.

Ако новата куќа на Адамовски за многумина навидум изгледа како своевидно чудо, хибридните куќи се тренд во повеќе земји во светот. Германија, Кина, Канада, САД се' повеќе преферираат куќи со обновливи извори на енергија, додека, пак, во Шпанија има огромни површини со фотоволтаични панели. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 2536 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 18.06.2011 00:34:09
Odlicna ideja so bunarite. Ce ja pumpa vodata od bunarite i taa potoa ce proizveduva elektricna enegija. Da ne objasnuvam povece, tie sto zavrsile gimnazija ce me razberat.
Од: Petar Trajkov
Датум: 18.06.2011 06:26:23
На сликата не се гледа ветерниот генератор за да се добие груб податок колку струја ќе произведува, но од поставените колектори за топла вода, едвај би се загреал еден бојлер за купатило и тоа само дење и во летните месеци. За да се акумулира струја за три денови потребни му се оловни акумулатори со вредност од 10.000 евра а бидејки целата инвестиција му е помала од оваа вредност, значи нема можност за акумулација од три денови. За да во зима се загрее ваква куќа потребни се најмалку 100 киловати дневно. Производство на струја од вода добиена од бунари до сега светот не познава и такво нешто не постои. Можам да набројам уште сто причини зошто ова нема да му функционира. Или човекот е излажан од тој што му го продал системот или новинарот ништо не разбрал. Ако сепак тоа е вистина го поканувам да ми инсталира ваков систем и во мојата куќа која е многу помала а системот ќе му го платам три пати поскапо. Мојот и- мејл е познат на редакцијата.
Од: Saso Germanija
Датум: 18.06.2011 11:30:26
Vo zgradatra kaj ziveam uste pred godini proizveduvame struja niz sonceva energija. Nekoi moi germ. prijateli isto taka prodavat struja na drzavata. Vo oblacna Germanija sekako za pofalba. Vo sonceva pak Makedonija steta e sto taka za dzabe gree sonceto. Vladata treba za ova cel da dava evtini krediti, kako ovde vo Germanija i so struja lugjeto da si isplakjaat.
Од: Marjan
Датум: 18.06.2011 12:28:02
Sonceto e bez dvoumenje resenie koe kje bide popularno vo 21 vek. Bidejki kukjata ne vrzana na sistemot, me cudi kako kje se odrzuva frekvencijata i naponot konstantni? Izolirani sistemi se seuste neodobreni vo mnogu zemji. Ideja za gospodinot e da se vrzi na sistem i da si vkluci smart meter. Visokot moze da go prodava na emv. Bi go posetil gospodinot ova leto a moze i da razgovarame, [email protected]
Од: Komentator
Датум: 18.06.2011 18:22:07
Brat si naje....posle tri dena od zenata ako nema struja voda i toplina ...Inaku sekoja cest ako ova navistina profunkcionira.....So sreka...!!!
Од: goran
Датум: 18.06.2011 18:27:51
gledas , DA NE plaka.dava pari na EVN>ESM si lupnal 13000 evra . so tie pari vo narednite 25 godini ke si podmirel smetkite za struja, Definitivno ovoj solaren sistem nema da izdrzi 25 godini,

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тодор Александров ги подели историчарите
Имав кариера што може да ја посака еден актер
Фатени Бони и Клајд од Скопје
Груевски и Ахмети остануваат партнери
Како мафијашите даваат ветувања
Масовен протест против полициската бруталност
Нема пријатели, не се сеќава на ништо од претходниот живот
Јелко Кацин
Прошетка низ бањите и приказните на Словенија
Вардар во конфузија
Составен споменикот „Воинот на коњ“
Непроспиени ноќи поради духови
Од диктатура до демократија
Величествено славење на животот
Богов очекува пониска инфлација
Магијата на парите
Што не му одговара на вашиот хороскопски знак
Пукна резил! Пукна Ејми Вајнхаус на Калемегдан!
На Мијалков не му е местото во тимот
Еднојадрена верзија на Optimus
Загина девојка во тунелот „Катланово“
Хроничар на сите промени
Македонец херој во Бугарија
Јонуз разрешен од селекторската функција

"""