Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Белград

Фијаско на Ејми Вајнхаус на Калемегдан!



19.06.2011, 15:42

Контроверзната пејачка Ејми Вајнхаус ја започна европската турнеја завчера со скандал во Белград, појавувајќи се пијана на сцената. Веднаш по излегувањето на бината, со задоцнување од половина час, во видно лоша состојба, Вајнхаус најпрво седна, а потоа и падна. Во почетокот публиката беше збунета, но потоа сфати дека пејачката, која е позната по своите проблеми со алкохолот и со дрогата, не се чувствува добро.

Вајнхаус зборуваше неразбирливо, се обидуваше да пее, но веќе со првата нумера "Just Friends" стана јасно дека не е во состојба да го одржи концертот. Одличниот бенд се обидуваше да ја извади ситуацијата, упорно свиреше, трудејќи се да ја одржат атмосферата и да ја смират бесната публика, а вокалот Томсон во неколку наврати беше принуден да ја фати Вајнхаус за да не падне на земја.

Посетителите на тврдината Калемегдан, според податоците на организаторите околу 20.000, беа револтирани од однесувањето на британската пејачка, а покрај исвиркувањето и викањето "уа", на нејзина сметка беа испорачани и навредливи зборови.

И покрај острото негодување на публиката и смеата што Ејми ја предизвикуваше со своето тетеравење и мрморење на сцената, нејзиниот менаџмент одлучи да не ја отстрани од бината, па агонијата продолжи да трае цел час.

По извесно време дел од публиката почна да бара на сцената да излезе американскиот музичар Моби, дел ги жалеа музичарите што свиреа и понатаму обидувајќи се да ја задржат Ејми на нозе, а другите го напуштија концертот.

Организаторите од "Авалон продукција", затечени од ситуацијата, не беа во можност да дадат изјави за претставниците на медиумите. Имено, и покрај стравувањата дека Ејми нема да биде способна да ја почне турнејата, нејзиниот менаџмент ги уверил дека е подготвена и оти нема да има никакви проблеми. Публиката на Калемегдан дури се распрашуваше и дали ќе им бидат вратени парите за влезниците, а, според се', нема да се случи. Останува да видиме што ќе биде со концертите на Ејми закажани за Истанбул (утре), Атина - 22 јуни...




#
Статијата е прочитана 1931 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тодор Александров ги подели историчарите
Имав кариера што може да ја посака еден актер
Фатени Бони и Клајд од Скопје
Груевски и Ахмети остануваат партнери
Како мафијашите даваат ветувања
Живот зависен од сонце и од ветер
Масовен протест против полициската бруталност
Нема пријатели, не се сеќава на ништо од претходниот живот
Јелко Кацин
Прошетка низ бањите и приказните на Словенија
Вардар во конфузија
Составен споменикот „Воинот на коњ“
Непроспиени ноќи поради духови
Од диктатура до демократија
Величествено славење на животот
Богов очекува пониска инфлација
Магијата на парите
Што не му одговара на вашиот хороскопски знак
На Мијалков не му е местото во тимот
Еднојадрена верзија на Optimus
Загина девојка во тунелот „Катланово“
Хроничар на сите промени
Македонец херој во Бугарија
Јонуз разрешен од селекторската функција

"""