УО на ФФМ
Јонуз разрешен од селекторската функција
18.06.2011, 16:37
На денешната седница Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, донесена е одлука според која Мирсад Јонуз повеќе не е селектор на националниот тим.
Сега веќе сменетиот селектор на репрезентацијата на почетокот од состанокот побарал усно образложение на извештајот и по неговата презентација, Јону�� потенцирал дека нема намера да се повлече и дека по неговото разрешување своите права ќе ги бара по судски пат.
Во соопштението од состанокот, кој се одржа во Дојран, Управниот одбор донел едногласен заклучок дека се прекршени и не се почитувани одредбите од договорот со ФФМ за извршување на функцијата и поради тоа едногласно се сменети селекторот и сите членови на стручниот штаб.
ФФМ најавува дека на следната седница ќе се расправа за условите под кои ќе се избира новиот селектор на репрезентацијата, а неофицијално најсериозен кандидат за оваа функција е Ѓоко Хаџиевски, а се очекува во трката да се вклучи и Чедомир Јаневски.
|