Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Антимонополистите „за“ законски измени

Комисијата за заштита на конкуренцијата во последните две години изрекла парични казни во износ од 10,5 милиони евра, од кои се наплатени само 12.157, информира вчера претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Чедомир Кралевски, на промоцијата на прирачници од областа на конкуренцијата. Кралевски истакна дека КЗК ќе се обиде да ја подобри наплатата на казните преку промена на законот, која би овозможила изречените парични казни да бидат извршни. Според сегашната законска регулатива, иако незадоволната страна нема право на жалба, има право со тужба да поведе управен спор пред Управниот суд, што пак овозможува одложување на наплатата на изречената казна.

Кралевски вели дека во Македонија веќе не може да се зборува за класични монополи, со исклучок на „природните“, кои се наследени од претходниот систем. „За монопол може да се зборува можеби само во секторот за дистрибуција на енергетика, каде што ЕВН - ЕСМ е монопол, и секторот со железничкиот транспорт, но се надеваме дека со постепена либерализација на пазарот и овие природни монополи ќе добијат конкуренција со повеќе субјекти“, изјави Кралевски. (МИА)


Статијата е прочитана 85 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
„Бучим“ го затвора рудникот, дома си одат 500 рудари
Експертите пак предупредуваат - дефицитот ќе донесе девалвација
ЕЛЕМ ќе плати 30 милиони евра за увоз на струја
Можеби парите можат да купат среќа
Бесими не гледа масовни отпуштања во металургијата
Млечна криза во Пелагонија
Тројно повисоки казни за дивите продавачи
Три четвртини од платата за храна
ЈП „Солидарност“ казнето со 3.500 евра
Признание за Охридска банка
Хрватските банки во пресрет за погодените
Српската влада со пакет од 2,5 милијарди долари за економијата
Спас за автомобилската индустрија во САД со 15 милијарди долари
Песимистички прогнози на СБ