Бесими не гледа масовни отпуштања во металургијата
„Не е точно дека 3.000 лица од металуршкиот сектор се отпуштени. Бројот на вработени испратени на принуден одмор е максимум 400“, рече министерот за економија, Фатмир Бесими, на вчерашната седница на собраниската Комисија за економски прашања.
Според него, владините мерки за ублажување на последиците од глобалната криза ќе ги подобрат состојбите во економијата. „Максимум 400 вработени се испратени на принуден одмор, други можеби се во фаза на најава, но не се отпуштени. Луѓето работат, фабриките функционираат. Со мерките што ги предложивме сметаме дека значително ќе ја олесниме ситуацијата во нашата економија“, истакна Бесими. Глобалната криза што веќе ја чувствува и македонското стопанство најмногу се одрази врз металната и текстилната индустрија. (МИА)
Gosp.Besimi tolku se pisuva za vas vo negativa sto e sramno za edna odgovorna funkcija.Treba da si go sredis dvorot kade sto si postaven pa posle da zboris,Ako se cekase na tebe ke beva bez plata rabotnicite 2 meseca ne si dal plata aram da ti e .Imas li griza na sovest ili za tebe e normalna rabota.Pazarnata Insp.e katastrofa nema nisto konkretno napraveno osven korupcija sto za 2kg bataci se prodavat inspektorite.Biroto za Metrologija e katastrofa so isklucok na Homolagacijata sto e nesto sto vredi,se zbori po gradot kako kabinetot na Premierot sto raboti dobro taka rabotelo tova odelenie Bravo.2nedeli nema web na biroto sramota.Koj e toj vraboten da odi za Australia sto doprinel samo zemanje dnevnici.MVR treba i dostaveno e kako mozat da zimat dupli dnevnici nekoj od biroto da mu plaka biro i energ.komp.da ne ja spomnuvame .Kako moze da ide za Paris covek sto e se smejat lugeto 12.000ev/kosta i poveke a karot...Proveretigi F-ra kaj kogo rabotele odrzuvacite na klimite doma..ima ust
Од: ekonomist
Датум: 11.12.2008 08:41:06
abe ovoj normalen li e ili ne kako samo 400, luge koga samo 500 se ispusteni vo kavadarci od sektorot na metalurgija kaj se drugite firmi, 500 od bucim i taka natamu ej luge ako ne vi se gleda i slusa idete na lekar ova e stvarno sramota, ekspertite alarmiraat no sepak sto znaat tie, najpametnite se sobrani SRAMOTA
Од: Стопанственик
Датум: 11.12.2008 09:59:39
Во вакви тешки економски моменти еден вистински министер за економија треба секој ден да оди во некој град и да се сретнува со бизнисмените. Еден ден во Штип - да ги слушне текстилците; друг ден во Куманово - да ги слушне чевларите, трет ден во Струмица, па Гостивар ... Човекот е во тешки теоретски заблуди кои може да бидат и многу штетни ако се применат во нашата денешна економска состојба. Цела среќа што вицепремиерот Зоран Ставревски го има клучниот збор во нашата економија.
Од: kole
Датум: 11.12.2008 14:36:09
Ne e kriv Besimi, kriv e Grujo sto im podeli ROZOVO ocila na site ministri, kako gledam i na site VMRO-vci...