ЈП „Солидарност“ казнето со 3.500 евра
Виница - Јавното претпријатие „Солидарност“ од Виница заработи казна од 3.500 евра, а директорот Орце Јордановски од 700 евра заради непостапување по измените во Законот за трговија, со кој сите јавни претпријатија што стопанисуваат со зелените пазари се обврзани да обезбедат фискални апарати за пазарџиите. „Не е проблем да се набават 46 фискални апарати, колку што има договори за пазарот, но проблем е како ќе ја контролираме продажбата на пазарџиите, бидејќи ќе треба да плаќаме ДДВ на пресметаната продажба, што е нелогично. Сметам дека казната не е оправдана од причина што ниту едно јавно претпријатие не е казнето по таа основа", изјави директорот Јордановски. ЈП "Солидарност" тврди дека во услови кога се реновира градскиот пазар во Виница, кога не станува збор за среден покриен пазар како во други градови во државата, не постојат реални шанси да ја спроведе законската обврска, бидејќи му требаат и дополнителни средства. (МИА) |