Хрватските банки во пресрет за погодените
Загреб - Хрватските банки соопштија дека се подготвени да им излезат во пресрет на граѓаните на Хрватска, кои како последица на економската криза нема да бидат во состојба да ги отплаќаат земените кредити. „Ако се оствари најцрното сценарио, банките ќе им помогнат на оние што ќе останат без работа или ќе западнат во ситуација поради која не ќе можат да ги плаќаат своите долгови“, изјави шефот на Здружението на хрватските банки, Зоран Бохачек.
Тој ги отфрли како неосновани обвинувањата на некои хрватски пратеници дека банките "се однесуваат социјално неодговорно", поради тоа што ги зголемуваат каматните стапки во услови на глобалната економска криза. „Банките ќе им помогнат на граѓаните, бидејќи во нивни интерес е да им бидат вратени кредитите“, рече Бохачек. (МИА) |