Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Тројно повисоки казни за дивите продавачи

Казна од 13.000 до 16.000 евра ќе плаќаат правните лица за нерегистрирана трговија со стоки, чија продажба не е дозволена на зелените пазари, како и за издавање продажни места на лица кои не се регистрирани за вршење трговска дејност, потоа за необезбеден фискален систем и за продажба на неевидентирана стока. Така предвидуваат најновите измени во Законот за трговија, што вчера ги разгледуваше Комисијата за економски прашања.

За истите тие прекршоци, казните за одговорните лица изнесуваат од 3.000 до 5.000 евра, за службените лица од 1.000 до 3.000 евра, а за повторен прекршок од правно лице казните ќе бидат од 15.000 до 21.000 евра.

„Целта е да се дисциплинираат стопанските субјекти на пазарот. Сакаме превентивно да влијаеме врз спречувањето на нелојалната конкуренција“, рече министерот за економија Фатмир Бесими, образложувајќи ги предложените измени. Тој ги отфрли четирите амандмани по Предлог-текстот поднесени од пратеникот на СДСМ Горан Минчев, кои се однесуваа на намалување на предвидените глоби. Минчев сугерираше Владата да ги приспособи казните на економската ситуација во земјата. Со овој закон, посочи тој, власта практично носи одлука за затворање на пазарите.

Инаку, досегашните казни за сите видови прекршоци во Законот за трговија за правните, одговорните и за службените лица беа од 3.500 до 5.000 евра, од 700 до 1.000 евра и од 300 до 500 евра.


Статијата е прочитана 455 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 11.12.2008 00:21:36
vo sred centar im funkcionira prodavnica -kolonijal koj do den denes e bez fiskalna ,no vrzani so sveto janeski familijarno,vo istata doagjaat kup inspektori od ujp-kupuvaat no nikoj ne reagira...toa li e pravda i disciplina? ili disciplinata e samo za pomalku mokjnite?inaku objektot im e na pedesetina metri od centralata na ujp vo kompleks banki

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
„Бучим“ го затвора рудникот, дома си одат 500 рудари
Експертите пак предупредуваат - дефицитот ќе донесе девалвација
ЕЛЕМ ќе плати 30 милиони евра за увоз на струја
Можеби парите можат да купат среќа
Бесими не гледа масовни отпуштања во металургијата
Млечна криза во Пелагонија
Три четвртини од платата за храна
ЈП „Солидарност“ казнето со 3.500 евра
Антимонополистите „за“ законски измени
Признание за Охридска банка
Хрватските банки во пресрет за погодените
Српската влада со пакет од 2,5 милијарди долари за економијата
Спас за автомобилската индустрија во САД со 15 милијарди долари
Песимистички прогнози на СБ