Признание за Охридска банка
Охридска банка - Сосиете женерал освои сертификат за компанија со добро корпоративно управување. Изборот во организација на „Транспарентност - нулта корупција“, во соработка со Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на северозападна Македонија, се одржа на Светскиот ден на борбата против корупцијата. Банката првпат добива вакво признание за успешната имплементација на принципите на корпоративно управување во рамки на структурата и деловните процеси. (Ек.Р.) |