Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Српската влада со пакет од 2,5 милијарди долари за економијата

Белград - Српската влада подготви 2,5 милијарди долари вреден пакет-мерки што има за цел раздвижување на економијата и справување со последиците од глобалната финансиска криза, најави премиерот на Србија, Мирко Цветковиќ. Како што пренесува АФП, Цветковиќ изјавил дека пакетот „ќе помогне во надминување на кризата“, откако неговиот кабинет за време на викендот се согласи на парламентот да му предложи штедлив буџет за 2009 година.

„Владата ќе одвои околу 50 милијарди динари ( 766 милиони долари) за гаранции на некои компании да земат заеми од Централната банка“, изјави тој на прес-конферецијата. Дополнителни 18,7 милијарди динари ќе бидат дадени преку специјален фонд за развој на компаниите, додаде премиерот без да дава дополнителни објаснувања. „Српската влада, исто така, ќе инвестира 40 милијарди динари во инфраструктура за да може да отвори нови работни места“, рече Цветковиќ. Сите мерки, објасни тој, се договорени со ММФ, кој минатиот месец се согласи на Србија да и' даде 15 месечен стенд- бај аранжман во вредност од 518 милиони долари, кои земјата ќе ги повлече ако за тоа има потреба. Србија веќе обезбеди 387 милиони долари заем од Светска банка и уште 510 милиони долари во кредит од Европската банка за обнова и развој.

„Тоа се приближно две милијарди евра ( 2,5 милијарди долари) помош за економијата. Тоа ќе не' направи безбедни дека 2009 година, иако ќе биде исто така тешка, сепак, нема да биде неподнослива“, рече српскиот премиер. (МИА)


Статијата е прочитана 165 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
„Бучим“ го затвора рудникот, дома си одат 500 рудари
Експертите пак предупредуваат - дефицитот ќе донесе девалвација
ЕЛЕМ ќе плати 30 милиони евра за увоз на струја
Можеби парите можат да купат среќа
Бесими не гледа масовни отпуштања во металургијата
Млечна криза во Пелагонија
Тројно повисоки казни за дивите продавачи
Три четвртини од платата за храна
ЈП „Солидарност“ казнето со 3.500 евра
Антимонополистите „за“ законски измени
Признание за Охридска банка
Хрватските банки во пресрет за погодените
Спас за автомобилската индустрија во САД со 15 милијарди долари
Песимистички прогнози на СБ