Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Експертите пак предупредуваат - дефицитот ќе донесе девалвација


Македонија се наоѓа во најтешкиот економски момент во поновата историја, смета Ден Дончев (лево), Ванчо Узунов (десно)

Економската наука препорачува да се поддржат извозниците и да се дестимулира увозот

Соња Маџовска

Галопирачкиот раст на трговскиот дефицит станува толку многу опасен што ќе донесе девалвација, а тоа ќе притисне и врз инфлаторната спирала, се' погласно алармираат експертите. Проблемот со трговскиот дефицит е стара рана на македонската економија, но досега беше толерантен и се финансираше со приватните трансфери од странство. Но, од оваа година станува толку голем што под знак прашање се става неговото покривање. Ваквите пораки стигнуваат откако вчера државните статистичари објавија дека за првите десет месеци од годинава минусот во размената се доближил до 2,5 милијарди долари.

Професорот од Скопскиот универзитет, Ванчо Узунов, предупредува: „Ако трговскиот дефицит не може да се покрива, постои опасност да дојде до девалвација. Извозниците веќе притискаат. Тогаш ќе дојде и до голема инфлација што ќе ги наруши макроекономските параметри“, вели Узунов. Тој смета дека и меѓународните институции и рејтинг-агенциите веќе гледаат дека постои опасност од нарушување на состојбите во економијата и затоа реагираат со намалување на македонскиот рејтинг.

Откако Меѓународниот монетарен фонд и рејтинг-агенциите „Фич“ и „Стандард и Пур“ предупредија на големата опасност што ја носи со себе драматичниот раст на трговскиот дефицит и дефицитот на тековната сметка во земјава, што може да ја направи Македонија презадолжена држава, и поранешните министри за финансии Никола Поповски и Џевдет Хајредини укажаа дека со вакви економски движења во наредниот период може да се наметне потребата од девалвација на домашната валута.

Македонските власти и натаму ништо не ги поместува, па тврдат дека нема никаква опасност од девалвација, односно дека е загарантирана макроекономската стабилност. Упорно изјавуваат и дека и дефицитите не се голем проблем.

„Дефицитите, и трговскиот и на тековната сметка, би биле проблем доколку подолг период, повеќе месеци, доведат до намалување на девизните резерви и ако расте дефицитот на тековната сметка како резултат на дисбалансот во размената со светот, што не е случај со Македонија“, изјави вчера министерот за финансии, Трајко Слевески.

Според Узунов, пак, Владата итно треба да преземе вистински мерки со кои ќе им помогне на извозниците, а од друга страна, да го дестимулира увозот на производи што не се неопходни. „Царината за репроматеријалите треба да се сведе на нула за да им се помогне на извозниците. Од друга страна, треба да се зголемат, на пример, акцизите за автомобилите, алкохолот. Македонија троши многу струја зашто е евтина, а потоа увезуваме скапа струја. Ако се зголеми цената на струјата, граѓаните повеќе ќе штедат, ќе се намали увозот на струја, кој ние не можеме да го покриеме“, објаснува Узунов, додавајќи дека ова е една од најнепопуларните мерки на која би се решила една влада, но според него, таа мора да повика на штедење.

И меѓународните финансиски институции веќе алармираа и повикаа на штедење. Најпрво ја прозваа Владата и порачаа дека мора да се стегне во трошењата, затоа што се соочува со големи ризици за економијата што може да се надминат единствено со штедлива буџетска политика. Ова е сугестијата на Бордот на директори на ММФ. Тие сметаат дека растечкиот дефицит на платниот биланс е главниот ризик за економската стабилност на Македонија. Забавувањето на светската економија може дополнително да го влоши дефицитот со намалување на извозот, извозните цени, намалените дознаки од странство што му се закануваат на економскиот раст.

Македонија се наоѓа во едни од најтешките економски моменти во поновата историја, смета економскиот аналитичар Ден Дончев. „Претстои огромна опасност. Македонија се наоѓа на прагот на еден од најтешките економски моменти во поновата историја. Самиот факт што и рејтинг-агенциите укажаа на огромната закана од дефицитот, особено на тековната сметка, е загрижувачки. Тоа укажува дека економската перспектива за македонската економија уште сега може да се види дека ќе биде негативна во 2009 година“, предупредува Дончев. Тој смета дека странските инвеститори веќе проценуваат дека финансиско-економскиот ризик во Македонија е значително зголемен.

Огромното негативно салдо во размената со странство, пред се', се должи на падот на извозот во последниот месец, но и раст на увозот. Извозот за периодот јануари - октомври изнесува 3,45 милијарди долари, а најголемо е учеството на фероникелот, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, производите од железо и челик и облеката - индустрии кои се најпогодени од кризата и кои секојдневно затвораат погони и отпуштаат работници. Нивното производство уште сега, а особено од наредната година е ставено под знак прашање. Мерките што ги донесе Владата наводно за спас на најпогодените од кризата нема да имаат никакво влијание во ублажување на последиците кај металците, а тие се главните извозници и учесници во градењето на БДП. Драматично негативни резултати може да се очекуваат и наредната година.


Статијата е прочитана 1184 пати.

Испрати коментар

Од: Boban
Датум: 11.12.2008 05:15:45
Ma sto znae Doncev ,sto znaat MMF ,sto znae FIC i Standard i Pur ....ma Trajko nas e najpameten ....ma takov "ekspert " i "genije " majka vise ne ragja ....Samo taka Trajko nas na krajot ke bide kakop i sekogas "Corba Makedonce " ....e samo ne mi e jasno so sto ja zasluzivme ovaa milost bozja da ni go prati Trajko-to nas ,Ekonomist kakov sto nema vo svetot ma i posiroko .....i Gruevski ...ma kakva Evropska unija ,kakvi NATO ...ma dodeka gi imame ovie dvajca nema zima ....ke si bideme Svazilend .... Gospod neka ni e na pomos so vakvi "Strucnjaci" Aferim :Corba Makedonce, po iljaditi pat !
Од: miso
Датум: 11.12.2008 07:43:11
Pred se ne e normalno so godini kursot da e 61,50,a inflacijata sekoja godina da e barem 3-5% sto kumulativno vo poslednive nekolku godini e nad 20%.Vtoro koja sme nie toa razviena drzava da nemame danok na luksuz pa dozvoluvame na primer da se kupuvaat dzipovi,preskapi vozila,nakit i drugi predmeti a da ne gi odanocime so barem 300%davacki pa sto velat "ko voli nek izvoli"ama drzavata da ima polza od toa i tie sredstva da gi preusmeri vo popolezni celi.
Од: batman
Датум: 11.12.2008 10:24:58
Makedonıja pod itno mora da raspise tender za gradba na nukleraka!!!! Da, da nuklearka i da stane neto izvoznik na struja ane neto uvoznik kako stoe sega. Grcija i Albanija imaa hronıcen nedostatok na struja i so izvozot samo od nivniot priliv ke se odplati nuklearkata. Vtoro da danok na luksuz kako sto e vo Turcıja na pr. Sekoe vozılo nad 4000cc vo Turcij a plaka godisen danok na poseduvanje na voziloto (vozel/ne vozel) od 14000 dolari. so zborovi cetrinaeset iljadarcinja dolarcinja se razbira plus registracijata. A domasive lıgusi mnogu ım e registracija od 500 evra. E togas ko voli nek izvoli.
Од: Bob Marley
Датум: 11.12.2008 11:51:06
Miso e vo pravo,vo uslovi na fiksen devizen kurs 61,50 i inflacija od 1-3% , i koga toa trae deset godini togas posledicata e da vsusnost imame rvacija na denarot (1996-2007 okolu 24 %)sto doveduva do poskapuvanje na makedonskiot izvoz(i stoki i uslugi). Takvata restriktivna monetarna politika ja deformira osnovnata funkcija na devizniot kurs da vospostavuva ravnoteza megju domasnata i "stranskata ekonomija "( voglavno zemjite so koi imame najgolem uvoz-izvoz)....temata e presiroka ....
Од: kole
Датум: 11.12.2008 14:39:41
Ma kakvi eksperti... Trajko nas e svetski ekspert... najpameten finansiski strucnjak... od Svetska Banka se interesirale da go zemat za da ja resi globalnata kriza... ??!
Од: Mr. Burns
Датум: 11.12.2008 16:02:22
sto e toa neto izvoznik na stuja? zasto ne biva da sme bruto izvoznik na struja? i dal ti znaes deka MK nemoze da ima nuklearka radi goleminata na mrezata koja treba da ja primi taa silna energija?
Од: алекс
Датум: 11.12.2008 17:11:39
А да ве прашам, а од каде вода за ладење на таа нуклеарка, а?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
„Бучим“ го затвора рудникот, дома си одат 500 рудари
ЕЛЕМ ќе плати 30 милиони евра за увоз на струја
Можеби парите можат да купат среќа
Бесими не гледа масовни отпуштања во металургијата
Млечна криза во Пелагонија
Тројно повисоки казни за дивите продавачи
Три четвртини од платата за храна
ЈП „Солидарност“ казнето со 3.500 евра
Антимонополистите „за“ законски измени
Признание за Охридска банка
Хрватските банки во пресрет за погодените
Српската влада со пакет од 2,5 милијарди долари за економијата
Спас за автомобилската индустрија во САД со 15 милијарди долари
Песимистички прогнози на СБ