Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Во МСУ стартува „Скопско лето“

Во МОБ вечерва ќе биде одржан и Гала оперски концерт

Со изложба посветена на Балканот под наслов „Бендисај го или батали го“ во Музејот на современата уметност и со Гала оперски концерт на Македонската опера, во Салонот на МОБ, вечерва, на првиот ден на летото и на Меѓународниот ден на музиката ќе биде отворено годинешното издание на „Скопско лето“.

Отворањето на изложбата е закажано за 20 часот, а нејзин организатор заедно со МСУ е „Атакарнет“. „Бендисај го или батали го“ е дел од проектот „Балканска трилогија“, селектор на делата е кураторот Рене Блок, а од вкупно 158 автори, во оваа едиција се претставуваат 30 уметници. Станува збор за колекција на Владимир Живковиќ од Берлин, а публиката ќе има несекојдневна можност на едно место да ги види делата на познатите и актуелни уметници во меѓународни рамки: Марина Абрамовиќ /Србија/, Невин Аладаг /Турција/, Халил Антиндере /Турција/, Маја Бајевиќ /БиХ/, Лчезар Бојаџиев /Бугарија/, Даница Дакиќ /БиХ/, Брацо Димитриевиќ /БиХ/, Ајше Еркмен/Турција/, Јакуп Фери /Косово/, Мона Хатум /Либан – Лондон/, Еди Хила /Албанија/, групата ИРВИН /Словенија/, Сања Ивековиќ /Хрватска/, Шеља Камериќ /БиХ/, Гулсун Карамустафа /Турција/, Владо Мартек /Хрватска/, Ајдан Муртензоглу, /Турција/, Оливер Мусовиќ, /Македонија/, Дан Пержовски /Полска/, Марјетица Потрч / Словенија/Анри Сала /Албанија-Франција/,Булет Шангар /Турција/ Саркис /Турција/, Ерзен Школољи /Косово/, Недко Солаков /Бугарија/, Младен Стилиновиќ, Раша Тодосиевиќ, Јелена Томашевиќ, Милица Томиќ, /Србија/, Јалал Туфик /Либан/.

„Сметајќи дека за нашата ликовна сцена е од особено эначење учеството на македонските автори во проектот (што сеуште се помни) според извонредниот избор на Рене Блок, покрај колекцијата „Бендисај го или батали го“, ги изложуваме и делата со кои македонските уметници беа презентирани во рамките на изложбата “Балканска трилогија”: Жанета Вангели, Антони Маэневски, Игор Тошевски, Ана Стојковиќ и Борјан Зафировски“, вели организаторката на изложбата Викторија Васева Димеска.

Таа потсетува дека Балканот, ’потиснатата опачина на европската историја и цивилиэација’, во последната декада, особено со ’тектонските’ политички и социјални, верски и религиски преструктуирања, стана атрактивен простор за преформулирање на односот кон него, особено во сферите на уметноста’.

„Во тој контекст е конципиран и провокативниот проект ’Балканска трилогија’ кој го иницираше Рене Блок. Сакајќи да го ’разгради’ вообичаениот шаблон на односот кон Белканот како кон едно, од Централна Европа изолирано географско и културно подрачје, Рене Блок, заедно со еминентните ликовни критичари, историчари на уметноста и уметници се обиде да даде една поинаква претстава и толкување на Балканот како синоним эа ’другото’. Во екот на трендот на општата еуфорија эа глобализација, овој проект кој се разви во истражување во прогрес, всушност, ја иницира деглобализацијата: Европа и Балканот не се третираат како територија или културен простор кој го покриваат, туку како хетероген организам со своите специфики. Културата како (национален) идентитет презентира модел на нешто што има своја автономија и надвор од неа, оставајќи секогаш простор за есенцијалното – локалните белези како простор эа комуникација и простор за размена. Како регион за отворени дијалози со сите свои специфики и недоречености, со различни политички, културни и религиозни платформи, културната геополитика на Балканот, со сопствениот дијалект, жестоко се обидува да го фати чекорот со западноевропскиот ’модернитет’. Конечно, сепак останува багажот на релација Источна - Западна Европа: сите дискурси секогаш се ’форматираат’ во ’дијалогот’ со Западот, во спротивно - уметничките, културните, политичките и социјалните “продукти”- остануваат незабележливи и невидливи.

На Гала оперскиот концерт на Македонската опера, кој ќе започне во 21 часот, под диригенство на Бисера Чадловска ќе бидат изведени повеќе познати дела: К. Орф „Кармина бурана“- „О фортуна“; В. А. Моцарт - Арија на Лепорело од операта „Дон Џовани“, со настап на Владимир Саздовски на бас; Аријата на Изабела од операта „Италијанка во Алжир“ на Џ. Росини, ќе ја изведе Ирена Кавкалевска (мецосопран); а пак Аријата на Леонора од операта „Моќта на судбината“, сопранот Дешира Амети и др. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 599 пати.

Испрати коментар

Од: скопјанец
Датум: 21.06.2011 09:59:55
Браво Мирко и негова екипа..... Браво мајсторе..... само со тебе е она што се вика „Скопско лето“ Сите менаџери треба да учат од ВАС..... Сета заслуга е на менаџерството на МИРКО среќно!
Од: Цепи Влакновски
Датум: 21.06.2011 16:06:11
А зошто да стартува кога може да започне?
Од: скопјанка
Датум: 21.06.2011 18:07:15
Предлог: Мирко Стефановски е вистинскиот директор на „Охридско лето“ Не треба мислење.За доброто на оваа врвна манифестација

Најди! во Утрински
Насловна
Печатено
Охридскиот договор пример за надминување спорови
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ уште сега секој на своја страна
Бесмислени контрапротести
Славата, митот и крвта на ВМРО (19)
Стариот спикер за новиот парламент
Бекграунд, фитбек, сиви
Шкендија против Партизан за Лигата на шампиони
Поставен споменикот „Воин на коњ“
На Ејми Вајнхаус и' е потребна помош
Приказна за последицата на случајна љубов
Се' уште пече лутата рана на децата-бегалци
Филип Втори поставен на плоштадот во Битола
Конечно, свадба за принцот од Монако
Ослободете ги младите
Најмалку 44 загинати во авионска несреќа во Русија
Меган Фокс отпуштена поради Хитлер
Која е нашата граѓанска одговорност?
И четврти чартер лет од Амстердам за Охрид
Семејна топлина во бродски контејнери
Претседателот Иванов на меѓународна конференција вo Ерусалим
Стил
Милошоски се запозна со новиот шеф на грчката дипломатија

"""