Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Охридскиот договор пример за надминување спорови

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Дали мораше да дојде до воен конфликт во 2001? Што се постигна со потпишувањето на Охридскиот договор? Зошто некои политичари сметаат дека не е многу постигнато? Кои се патиштата за натамошен развој на Македонија? За овие и уште многу други прашања се дебатираше вчера, на дводневната меѓународната конференција „Охридскиот рамковен договор кон членство на Македонија во ЕУ и во НАТО“ што вчера почна на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Овој форум продолжува денес на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Пред присутните говореа Џејмс Пердју, Питер Фејт, Сорен Јенсен Петерсен, Али Ахмети, Бранко Црвенковски, Љупчо Георгиевски, неколкумина амбасадори. Од обраќањата може да се извлечат неколку констатации поврзани со десетгодишнината на Охридскиот рамковен договор, кој повеќемина го квалификуваа како мировен, а не како рамковен.

Претставниците на меѓународната заедница, особено олеснувачите, сметаат дека Охридскиот договор треба да добие поголем легитимитет како начин за надминување на вакви спорови во светот, а дека немањето решение за името на земјата и блокадата за прием во НАТО и во ЕУ значи и немоќ на Македонија да ги реши внатрешните проблеми. Потоа дека Охридскиот договор ја прави Македонија стабилен партнер за членство во евроатлантските структури што зависи од дијалогот и разбирањето меѓу политичарите во земјата.

Американскиот амбасадор Филип Рикер го смета Охридскиот договор за витален за државата, кој води кон интегративните процеси и дека САД ќе продолжи да го поддржува. Ференц Текеши како претставник на Унгарија, актуелен претседавач со ЕУ, оцени дека десетгодишната историја на Договорот содржи процеси што претставуваат кохезија и столб за мултиетничкото општество.

Сорен Јенсен Петерсен нагласи дека Охридскиот договор бил различен од Дејтонскиот, со напори за еднакви права на заедниците и интеграција наместо поделби на народите во регионот.

„ЕУ се соочува со предизвици за слободата во некои земји и за економски напредок. По 10 години со Охридскиот договор се обезбедува мир и сите да славиме успех“, рече Петерсен.

Џејмс Пердју се присети на жешкото лето и уште потешкото прашање: војна или мир. „Со Охридскиот договор се градеше мир. Ако не успееше тој процес, Македонија немаше да биде на ова место. САД не беше за употреба на сила, туку проблемите да се решат со мировни средства. Со моето доаѓање во јуни 2001 прва задача ми беше средба со политичките лидери за да се елиминираат последиците од насилства со кои државата ќе се уништеше. Охридскиот договор даде шанса на лидерите, кои треба да сторат се' Македонија да се интегрира во ЕУ и во НАТО“, нагласи Пердју во надеж дека наскоро таму ќе ја види нашата држава.

Љупчо Георгиевски како тогашен премиер рече дека Охридскиот договор бил потребен поради тоа што биле неминовни пакет реформи, особено во образованието, но и во другите области од јавниот живот.

„Дел од тие реформи веќе почнаа да се спроведуваат и затоа сметам дека воен конфликт не беше потребен. Сега се гледа дека најмалку 95 отсто од Охридскиот договор е спроведен, а во некои области и надминат, особено со воведувањето двојазичност во Скопје и со новата територијална поделба што не беа содржина на договорот“, потенцира Георгиевски. Тој не ги прифати оцените на некои политичари Албанци дека има потреба од проширување на Охридскиот договор за кој Георгиевски смета дека е затворена приказна.

Али Ахмети, кој сам се вброи во „другата страна“, побара да се зборува без емоции, а аналитичарите да бидат на вистинското место во процената што треба да се направи за иднината. „Охридскиот договор е компромис, а компромисите не значат задоволство за страните. Основно е што луѓето сакаат мир, а тој е обезбеден“, рече Ахмети.

Бранко Црвенковски најнапред праша дали во овој период од 10 години научивме нешто.

„Во 2001 година Македонија се соочи со најголем предизвик кога беа изострени две опции: воена разрешница или политички договор. Имаше идеја и за референдум во Македонија за Охридскиот договор. Потпишавме договор што го испочитувавме ненаметнато однадвор, но со помош на претставниците на меѓународната заедница“, истакна Црвенковски. Тој се задржа и на потребата од усогласување на сложените меѓуетнички потреби, побрзо решавање на спорот со Грција, свртување кон проекти за внатрешна интеграција и напори за евроинтегрирање.


#
Статијата е прочитана 1818 пати.

Испрати коментар

Од: панче
Датум: 21.06.2011 06:30:05
Мислам дека ни нема спас, за нас обичните граѓани како што милуваат да кажат овијаааа поголемиве на положба, која ние помалите не знаеме да ја казниме.50/50% брат со брат не сакаат на иста маса да седат ни на именден,свето од век до век за Македонскиот народ.Се додека не направат една влада од граѓаните на сите партии,ништо не бидува од нас Македонците.Мутави ли сме_
Од: blaze m.
Датум: 21.06.2011 07:01:50
Ohritskiot dogovor postigna mir ali ne deli po etnicka linija, kako sto rece gospodinot od EU deka izbori kako da bea vo dve drzavi. Nemoze nekoj ko e roren pred nekolu generaci vo Makedonija da se narekuva srbi , albanec , turcin tie trba da narekuvat makedonci od srpsko albansko tursko poteklo, trba da odime vo toj mir da bideme makedxonci bez razlika od koja etnicka grupa pripagame, novo naseleni se narekuvat so nacijata, rodenite so generaci trba da se narekuvat po zemjata po primerot Amerika avtralija kanada ievropskite zemji
Од: maja
Датум: 21.06.2011 09:01:30
zosto togas makedoncite do eden se iselija od aracinovo i matejce?
Од: koljo
Датум: 21.06.2011 11:16:55
Do koga ke se manipulira so Makedoncite vo RM so toj famozen ohridski dogovor.Ohridskiot dogovor e nametnato resenie od strana na taka narecenata megjunarodna zaednica koj prestavuva poraz na drzavata Makedonija vo voeniot sudir /ili poocno vostanie / so " borcite za covekovi prava i slobodi 'Taa ista megjunarodna zaednica koja prvo gi proglasi za teroristi a potoa gi pomagase i politicki i na voen plan, i kumuvase na ohridskiot dogovor I tuka nema sto veke da se zboruva.Zagrizuva toa sto makedonskite politicari manipuliraat so toj dogovor nebare RM e vo nekoj kar od nego i demek eve toj go donese mirot vo RM!!Se razbira deka toa ne e tocno i glaven gubitnik e drzavata Makedonija i nejzinite gragjani cija sudbina e zapecatena so ovoj dogovor bidejki " borcite za covekovi prava i slobodi " ne miruvaat zatoa sto ni ohridskiot dogovor ne gi zadovoli nivnite apetiti!!
Од: tino
Датум: 21.06.2011 13:39:57
Ubijcite se vratija na mestoto na zlostorot, da ja do ubijat Makedonija
Од: vistina
Датум: 21.06.2011 14:11:01
Vojnata beche skuvana nekade vo stranstvo tie chto e skuvaa i gi podrzuvaa teroristite .dogovorot e chteten za makedonskiot narod ova e nechto ponizuvacko.Nikade voi svetot ne moze da se dignat dve tri iljadi teroristi i da e sednat vlasta na pregovori ova moze samo vo makedonija.Koga ovaj model e tolku uspechen tie chto go falat neka go sprovedat vo nivnite drzavi.Vo nivnite drzavi teroristite se terorist i gi ubivaat bez presuda a kaj nas uchte gi donesoja i na vlast sramota.
Од: jimmy1
Датум: 21.06.2011 15:59:27
Da mu se mocat kuce na dogovorot. Parce hartija nisto drugo. Razumot gi nadminuva sporovite a ne dogovorot, ama kakov razum barame od ovie sto na koj se odnesuva dogovorot.

Најди! во Утрински
Насловна
Печатено
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ уште сега секој на своја страна
Бесмислени контрапротести
Славата, митот и крвта на ВМРО (19)
Стариот спикер за новиот парламент
Бекграунд, фитбек, сиви
Шкендија против Партизан за Лигата на шампиони
Во МСУ стартува „Скопско лето“
Поставен споменикот „Воин на коњ“
На Ејми Вајнхаус и' е потребна помош
Приказна за последицата на случајна љубов
Се' уште пече лутата рана на децата-бегалци
Филип Втори поставен на плоштадот во Битола
Конечно, свадба за принцот од Монако
Ослободете ги младите
Најмалку 44 загинати во авионска несреќа во Русија
Меган Фокс отпуштена поради Хитлер
Која е нашата граѓанска одговорност?
И четврти чартер лет од Амстердам за Охрид
Семејна топлина во бродски контејнери
Претседателот Иванов на меѓународна конференција вo Ерусалим
Стил
Милошоски се запозна со новиот шеф на грчката дипломатија

"""