Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Поставен споменик на Филип Втори во Битола



21.06.2011, 14::44

По неколкугодишно очекување, утрово на плоштадот „Магнолија“ во Битола, на својот коњ „дојава“ македонскиот крал Филип Втори.

Бидејќи постаментот и фонтаната беа изработени пред две и пол години, а бронзениот коњаник исто толку ја чекаше политичката одлука за негово поставување на градскиот плоштад пред Широк сокак, на работниците од ЈП „Нискоградба“ не им требаше долго време споменикот да го постават на своето место.

Првичните реакции на битолчани беа одушевувачки.

„Доста добро е ова за историјата на нашиот народ. Доста добро го доживувам оти е добро за Битола и Македонија. Со Грците не е важно, тоа е наша историја и нема што нив да ги прашуваме. Ова нема да има врска со туризмот и односите“, рекоа битолчани.

„Овој град го има основано тој човек.Човекот што го имаше основано градот, можеби требаше порано да биде удостоен да го гледаат сите. И го личи споменикот и го личи градот“.

Заедно со постаментот, бронзениот коњаникот Филип Втори Македонски е висок осум метри, а го изработи скулпторот Ангел Коруновски од Велес, додека леењето беше изработено во Ниш.

Битолскиот градоначалник Владимир Талески кого претходните години опозицијата го критикуваше за овој проект, денеска не даде изјава, меѓутоа рече дека чинот на устоличувањето на Филип Втори на постаментот е настан што говори сам за себе.







#
Статијата е прочитана 782 пати.

Испрати коментар

Од: istoricar
Датум: 21.06.2011 16:12:30
totalna glupost.

Најди! во Утрински
Насловна
Печатено
Охридскиот договор пример за надминување спорови
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ уште сега секој на своја страна
Бесмислени контрапротести
Славата, митот и крвта на ВМРО (19)
Стариот спикер за новиот парламент
Бекграунд, фитбек, сиви
Шкендија против Партизан за Лигата на шампиони
Во МСУ стартува „Скопско лето“
Поставен споменикот „Воин на коњ“
На Ејми Вајнхаус и' е потребна помош
Приказна за последицата на случајна љубов
Се' уште пече лутата рана на децата-бегалци
Конечно, свадба за принцот од Монако
Ослободете ги младите
Најмалку 44 загинати во авионска несреќа во Русија
Меган Фокс отпуштена поради Хитлер
Која е нашата граѓанска одговорност?
И четврти чартер лет од Амстердам за Охрид
Семејна топлина во бродски контејнери
Претседателот Иванов на меѓународна конференција вo Ерусалим
Стил
Милошоски се запозна со новиот шеф на грчката дипломатија

"""