Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Принц Алберт

Конечно, свадба за принцот од Монако

На свадбата на принцот Алберт од Монако и неговата избраничка Шарлен Витсток ќе присуствуваат повеќе од 500 гости, но меѓу нив нема да се најдат војводата и војвотката од Кембриџ.

Остана уште малку време до свадбата на уште еден кралски пар, кој според очекувањата на луѓето од целиот свет, би требало да личи на бајка. Принцот Алберт и неговата свршеничка Шарлен Витсток ќе го изговорат судбоносното „да“ на 1 јули. Церемонијата ќе се одржи во Палатата на принцот, импозантна тврдина, која веќе осум века е дом на кралското семејство Грималди.

По граѓанската служба закажана за 1 јули, еден ден подоцна ќе биде одржана и црковна служба на отворено. Вечерта по венчавката, парот ќе нагости повеќе од 15.000 луѓе на двочасовна прослава со концерт.

На списокот на гостите се наоѓаат многу познати личности, како што се Карл Лагерфелд, креативниот директор на „Шанел“ и оперскиот пејач Андреа Бочели, а ќе присуствуваат и членови на други кралски семејства, како што се шпанскиот принц Филип и шведската принцеза Викторија. Новопечениот кралски пар, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, нема да можат да присуствуваат на венчавката зашто во тоа време ќе бидат во официјална посета на Канада.


#
Статијата е прочитана 1896 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Печатено
Охридскиот договор пример за надминување спорови
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ уште сега секој на своја страна
Бесмислени контрапротести
Славата, митот и крвта на ВМРО (19)
Стариот спикер за новиот парламент
Бекграунд, фитбек, сиви
Шкендија против Партизан за Лигата на шампиони
Во МСУ стартува „Скопско лето“
Поставен споменикот „Воин на коњ“
На Ејми Вајнхаус и' е потребна помош
Приказна за последицата на случајна љубов
Се' уште пече лутата рана на децата-бегалци
Филип Втори поставен на плоштадот во Битола
Ослободете ги младите
Најмалку 44 загинати во авионска несреќа во Русија
Меган Фокс отпуштена поради Хитлер
Која е нашата граѓанска одговорност?
И четврти чартер лет од Амстердам за Охрид
Семејна топлина во бродски контејнери
Претседателот Иванов на меѓународна конференција вo Ерусалим
Стил
Милошоски се запозна со новиот шеф на грчката дипломатија

"""