Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Фељтон

Славата, митот и крвта на ВМРО (19)

Македонците се истребуваа меѓу себе

Ретко некој македонски револуционер умрел од природна смрт, повеќето биле предадени од своите или биле ликвидирани од другата струја

Виктор Цветаноски

Во Музејот на македонската револуционерна борба на исто место ќе се најдат и оние што го задолжиле македонскиот народ со своите дела, кои неизмерно ја сакале Македонија и гинеле за неа, но �� оние што наредиле или извршиле многу братоубиства. Ретко некој од револуционерите, чии восочни фигури ќе бидат поставени во Музејот, животот го завршил со природна смрт. Повеќето или биле предадени од своите или, пак, ликвидирани од противниците на другата струја.

Има многу симболика во насловот на книгата на американскиот писател со македонско потекло, Стојан Христов, за ВМРО - „Херои и убијци“. Тој подолго време ќе престојува во Пиринска Македонија и ќе известува за познати американски весници за братоубиствата во Софија. Ако се прави список на тие што најмногу посегале по животите на своите на врвот, далеку пред сите, е Ванчо Михајлов. Тој ќе биде немилосрден кон своите противници. Никој со сигурност не може да каже колкав е бројот на тие кои наредил да бидат убиени, но сигурно е многу голем. Болно амбициозниот Михајлов ликвидирал се' што му пречело. Во договор со бугарскиот воен врв, според негово сценарио и режија, ќе биде убиен моќниот Тодор Александров. За неговата смрт ќе обвини други и ќе ја користи како повод да се пресмета со првите луѓе на левицата, а подоцна и со неистомислениците во автономистичката ВМРО.

Веднаш по убиството на Александров ќе го организира масакрот во Горна Џумаја, кога ќе бидат ликвидирани тогашните први луѓе на ВМРО од Пиринскиот крај, а наредниот ден ќе испрати терористи кои ќе ги убијат Димо Хаџи Димов, познат социјалист и другар на Гоце Делчев, Арсение Јовков, првиот македонски новинар и Славчо Ковачев, осведочен федералист и доктор по право.

Откако ќе заврши со убиствата во Софија, Михајлов ќе започне крвав поход во Пиринска Македонија за да ја исчисти од приврзаниците на Сандански. Во тоа време една куќа во селото Дабница, Гоцеделчевско, ќе ја претвори во големо мачилиште. Тогаш на свиреп начин, со фрлање во варници и бесење на ченгел ќе бидат убиени 165 санданисти и комунисти.

Долгата рака на Михајлов ќе се протегне и во странство. Во Милано ќе испрати свој човек за да го ликвидира Петар Чаулев, а спектакуларниот атентат врз Тодор Паница во виенскиот Бургтеатар ќе го изврши Менча Крничу која подоцна ќе стане негова сопруга. Тој ќе му пресуди и на Александар Протогеров, со кого пред тоа заедно ги суделе санданистите, по што ќе започнат најстрашните братоубиства кои ќе траат цели шест години, од 1928 до 1934 година. Таканаречените десни сили ќе се поделат на две фракции, на „ванчомихајловисти“ и „протогеровисти“. Софиските улици ќе бидат арена на самоистребување на Македонците и секое утро ќе осамнува со по некој македонски труп. Европа и светот ќе бидат згрозени од суровата пресметка на актерите на македонската крвава драма и ќе бараат Бугарија да ги спречи крвопролевањата.

Првите братоубиства ќе започнат многу порано, кога Јане Сандански ќе ги осуди на смрт Борис Сарафов и Иван Гарванов, а егзекуцијата ќе му ја препушти на Тодор Паница, кој ќе ги ликвидира во ноември 1907 година во домот на Сарафов. Тешко некој може со сигурност да каже кој, всушност, прв почнал со братоубиства кои постојано ќе ја следат македонската револуционерна борба. Има верзија дека тие сакале да го убијат Сандански, а кога тој дознал решил да им врати со иста мерка. Михаил Даев, човекот што требало да ја изврши егзекуцијата на Сандански за тоа му се доверил на Паница кој сметал дека е на страната на Сарафов и Гарванов, а тој му кажал на Јане.

Непосредно пред убиството на Сарафов и Гарванов, Сандански во Софија ќе се сретне со повеќемина негови истомисленици за да се посоветува што да се преземе да се спаси македонското дело. Ќе биде одржано советување во кое ќе учествуваат и Ѓорче Петров, Пере Тошев, Димо Хаџи Димов и Михаил Герџиков. Спротивниот табор нив подоцна ќе ги смета за интелектуални соучесници во убиството на задграничните претставници.

Според Христо Силјанов, во тие судбоносни денови за македонското револуционерно дело не постоело големо авторитетно име за да ги смири закрвавените страни кои почнале меѓусебно да се дебнат и да се истребуваат. Даме Груев, човекот кого го сметале за волјата на Внатрешната организација, непосредно пред дефинитивниот раскол бил убиен во Русиново, Беровско. Многумина помислувале дека тоа можат да бидат големите авторитети Ѓорче Петров и молчаливиот Пере Тошев, кого го определуваат како совеста на македонското дело, но тие се држеле понастрана. Всушност, и двајцата на санданистите гледале со симпатии и го делеле нивното мислење дека десните сили се' повеќе се приближуваат кон бугарскиот двор.

По убиството на Сарафов и Гарванов прв чо��ек во десницата ќе биде Христо Матов, на чија иницијатива ќе се одржи конгрес, на кој ќе бидат осудени на смрт раководителите на Серскиот револуционерен округ, на чело со Јане Сандански. Откако тој ќе избегне повеќе атентати ќе биде ликвидиран на 22 април 1915 година. На патот меѓу градот Гоце Делчев и Мелник, кај месноста Пирински Блата ќе му биде поставена заседа која не ќе може да ја избегне. Се тврди дека зад неговото убиство стои Тодор Александров.



По завршувањето на Првата светска војна била формирана автономистичката ВМРО на чело со Александров. За секретар ќе биде поставен Ванчо Михајлов, а организацијата уште пожестоко ќе ги продолжи крвопролевањата. На 21 јуни 1921 година, две години по формирањето на автономистичката ВМРО, по наредба на Александров ќе биде ликвидиран и Ѓорче Петров. Тогаш Ѓорче имал 56 години, физички бил истоштен и полуслеп. Платениот убиец, помакот Реџеп, не знаел кого убива, знаел само дека неговата жртва била „непријател на македонското дело“. Подоцна и тој ќе биде ликвидиран за да не каже кој му наредил да го ликвидира.

Зошто Александров посегнал по животот на Ѓорче, ако се знае дека големиот македонски револуционер сигурно не претставувал никаква опасност за него? Според д-р Зоран Тодорвски, Ѓорче Петров има специфична улога во македонското револуционерно движење. „Не би сакал неговиот мит создаван досега да се вулгаризира. Секоја личност си има свои слабости. Тој беше соработник на бугарската тајна служба. Постојат многу документи, многу писма за тоа. Бугарското воено министерство го задолжило да ја посети Македонија за да ги опише сите нејзини географски карактеристики, за да ги користи за нејзино освојување. Ѓорче бил и еден од потписниците за припојување на Македонија кон Бугарија“, подвлекува Тодоровски.

Според него, по Првата светска војна бугарски премиер Стамболиски го ставил Ѓорче за претседател на Комисијата за бегалци. Стамболиски тогаш формирал еден вид паравоена формација наречена портокалова армија за борба против четите на автомистичката ВМРО и за создавање ред во бугарската држава. „И, се разбира, во тие конфронтации Ѓорче беше убиен по наредба на Александров. Покрај тоа, тој имал и идејни несогласувања со автономистичката ВМРО. Александров бил многу револтиран од однесувањето на Ѓорче. Затоа настаните во тоа време треба да се гледаат од сите аспекти и да се има во предвид времето кога тие се случувале. Постоел голем антагонизам меѓу него и Александров. Меѓутоа, тоа не значи дека треба да се запостават заслугите на Ѓорче за згрижување на македонските бегалци“, заклучува д-р Тодороски.

(Продолжува)


#
Статијата е прочитана 2375 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan-Trade Name
Датум: 21.06.2011 00:24:35
Na Zdravje neka Vie!Jas so Godini go exponiram Petrov,A Makedonija mu gi prinese site pocasti!So imenuvane na Nekogas Grad Gjorce Petrov.A,sega Opstina voSkopje,i uste koj znae koi drugi pocasti.Dodeka Skopje,ne gi rascisti ovie istoriski vistini,nisto ne biva od Makedonija.Finalno eve go ,i posle tolku branene go otkri liceto na Petrov;,, Зошто Александров посегнал по животот на Ѓорче, ако се знае дека големиот македонски револуционер сигурно не претставувал никаква опасност за него? Според д-р Зоран Тодорвски, Ѓорче Петров има спе��ифична улога во македонското револуционерно движење.„Не би сакал неговиот мит создаван досега да се вулгаризира. Секоја личност си има свои слабости.Тој беше соработник на бугарската тајна служба.Постојат многу документи, многу писма за тоа. Бугарското воено министерство го задолжило да ја посети Македонија за да ги опише сите нејзини географски карактеристики, за да ги користи за нејзино освојување.Ѓорче бил и еден од потписниците за припојување
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 21.06.2011 00:35:55
Gospodine Cvetanoski toa se samo shpekulacii, deka Aleksandrov e ubien po naredba na Mihajlov. Najgolem interes da bide ubien Aleksandrov imashe Kominternata, Mihajlov ne sakashe po nikoja cena da dozvoli da gine makedonskiot narod za nekoja si Sovetska Balkanska Federacija. Mihajlov znachi trebashe da im oprosti na ubijcite na Aleksandrov i da cheka i nego da go ubijat. VMRO da ne zaboravime beshe teroristichka organizacija i ne mozheshe na predavnicite da gi dade na sud. Kako beshe izmanipuliran makedonskiot narod od Kominternata se pokazha pokasno vo Gragjanskata Vojna vo Grcija.
Од: Janakiev Nikola
Датум: 21.06.2011 02:28:03
Kole 21.6.2011god. Gos.Todorovski tolku se zamrseni rabotite sto nist da nemozes da razberes.T.Panica gi ubiva B.Sarafov i I.Garvanov.Zosto gi ubiva.M.Korniceva voBec go ubiva Panica od kogo da e vo teataro na prestava.Jas imam cueno T.Aleksandrov e ubien od Sterjov tovae zatamackano.Pozadi ubistvoto sojatA.Stamboliski. G.Petrov.Pripremeno od V.Mihalov i vrskata so Mence.G.Petrov A.Sambolicki i Pod.Puk.Velcev gi sovetuvat A.Mirkovic.Bojovic i N.Pasic da ne pravat sojuz pomegu Burarija i Jugoslavija zosto ne odgvara ni na Bugarija ni Srbija.Nego da napravat dogovor pomegu Bugarija i Srbija ima puno razlozi.Ubistvoto naGorce e zatumackono a istite izvrsiteli se pkusale da go ubijat V.Mihalov koga ziveel vo Prikipo Turcija.Tova sto go pravele nasite pred hodnici generacii.i sto go pravat naste generacii odgovara na drugi a ne na nas Makedoncite.
Од: antiseparatist
Датум: 21.06.2011 08:24:09
Поздрави на сите македонски читатели... . Господинот Зоран Тодоровски како и Вие - Виктор Цветановски сте во повекето случаеви коректни и точни, но немате доволно докази да тврдите дека Ванчо Михаjлов порачал убиството на Тодор Александров, како и Тодор Александров го сакал убиен Горче Петров!!! Тоа мишленье е антибугарска пропаганда - 100% е вака! Како и немате абсолутни докази да тврдите дека видите ли "jaне Сандански како разбрал дека Сарафов и Гарванов му стегали убиството, тоj решил да ги изпревари и порача убиството им" - тоа не одговара на вистината ! Или вака на некои антибугарски елементи во Скорje вака им изнесува и вака им се сака да биде!!! Не сум согласен со вакви антибугарски злонамерни пишаниja. Во вашиот медиумски печат прочетов преди една година една гулема лага, дека Даме Груев предал на турците Гоце Делчев!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Аре стига со антибугарските лаги, олам!
Од: Ico
Датум: 21.06.2011 08:39:51
За жал, македонските дејци пред, за време и после илинденскиот период не биле особено начисто со македонскиот патриотизам. Тој факт придонел за поделеноста на Македонците и взаемното уништување! Исто така за жал, тој самоуништувачки синдром и денес не следи. Еве на пример, ДПМНЕ и СДСМ, наместо да бидат политички противници кои работат во интерес на македонскиот народ, тие се однесуваат како непријателски режими кои взаемно водат крстоносна војна. Се додека е така, ќе будеме "бајрам република" и европски аутсајдер!
Од: R. Topciev
Датум: 21.06.2011 08:50:41
Не само за Ванчо Михајлов – последниот претседател на ВМРО, но и за Христо Татарчев - првиот претседател, немаше место во АСНОМ-ска Македонија. Нивната грешка беше само една - дека беа уште живи! За нив немаше како да се објаснува, дека биле "заблудени", "контроверзни", "контрадиктивни", "бугарската пропаганда ги фалсификувала", "рекле се едно, но всушност сакале да кажат друго", "потребно е посебно толкување на нивните зборови" и др измислици на групата “Толкувачи” од МАНУ. Таква пропаганда врви успешно само врз починатите - за да нема како да се заштитат. Затоа тактиката беше, живите да се обjaвуваат за предавници …
Од: pameten
Датум: 21.06.2011 09:08:34
Sekoja osloboditelna organizacija, na koja shto ne i usppe degenerira vo bratoubijstvo.
Од: читател
Датум: 21.06.2011 09:40:46
Академик Блаже Ристовски изјави дека НИТУ ВО ЕД��Н документ на ВМРО не постои македонски народ и македонска нација во Македонија,туку ВО СИТЕ ДОКУМЕНТИ на ВМРО се зборува за бугарски народ во Македонија.Тоа никој не го оспорува.Во уставот напишан од Ѓ.Петров и Г.Делчев,организацијата има за цел да го заштити бугарскиот народ во Македонија и дека член на ВМРО може да биде секој Бугарин.Ниту еден од членовите на ВМРО не се чувствувал за Македонец, и за нив не постоеле Македонци.За нив Македонци биле Бугари кои живееле во Македонија.Доказ за ова е и учеството на членовите на ВМРО на страна на Бугарската армија во Балканските,Првата и Втората светска војна.ВМРО е организација на Македонци кои се чуствувале Бугари и како Бугари од Македонија се бореле и гинеле за интересите на Бугариј,а не за македонскиот народ..ВМРО е срам за Македонија.
Од: Gjokica
Датум: 21.06.2011 10:06:48
cetarnaeseti dokaz.На 01.12.1891 г. Теодосиј за да го спаси македонскиот народ од Бугарите и Грците, бара Унија со Римокатоличката Црква. Во неговото барање за унија со Ватикан до Папата Лео XIII, Митрополитот Скопски образложува: „во името на целиот македонски православен народ...историското право на македонски православен народ да се ослободи од јуриздикцијата на странските цркви- бугарската Егзархија и цариградската Патријаршија...да се обнови Охридската Архиепископија...границите на Охридската Архиепископија треба да ги потврдат сегашните граници на Македонија (Archivio della S. Congregazione de Propaganda Fide - Roma: Indice della Potenza - Marzo 1892-93, Somm.XV, f.132-141). По ваквата промакедонска борба, На 11 Март 1892 г., Митрополитот Скопски Гологанов е сменет од функцијата и бугарски тајни агенти го притвараат и го носат во заточение во манастир во Бугрија (Archivio della S. Congregazione de propagande fide – Marzo 1892-93, Somm. XV, f. 132-141).
Од: L.L.
Датум: 21.06.2011 11:00:46
Bugari se ubivale megusebno,a nie deneska im pravime spomenici i na ednite i na drugite.Cudna nekoja logika.Na cija li strana ke se denesnive VMROVCI?
Од: PIRINSKA DRZAVA
Датум: 21.06.2011 11:16:11
VANCO VO PIRION PRAVESE DRZAVA VO DRZAVA VO BG, no pritisokt od Belgrad bese mnogu silen. Srbite i se zakanuvaa na Bugarija i taa vo nivna polza go protera Muhajlov vo Turcija(1934) i ja rastuiri VMRO, inaku Pirinskata drzava kon koja se stremese Vanco ke ja precekase Vtorata svetska vojna i Belgrad i negovata imperijalisticka propaganda potoa ke nemase nikakvi sansi da stapi vo Makedonija i da komanduva.KPJ ke bese izolirana i pobedena. Ovaa sansa Makedonija da se obedini zasto i bese odzemen Pirin-Piemontot nema da se vrati nikogas.No Vanco si e velikan. Blagodaram na Utrinski ako ova go dade.
Од: marina
Датум: 21.06.2011 14:24:54
Koj pocnal prv da ubiva brat? Odgovorot lezi vo korenite nasi. Osudeni sme nie Makedoncite da se cistime megu sebe so vekovi i vekovi. Aleksandar Makedonski go osvojal svetot, pa nie denes ne znaeme uste kaj e Makedonija. Taka e koga se pravis najmoken na svet. Nakraj ne ke znaeme koj ni e tatko. Za dobroto sto go napravil Aleksandar Makedonski za Makedonija. Smrt ne demne. Aj sega recete nemalo gospod.....
Од: ПОМАКОТ Реџеп е Македонец муслиман
Датум: 21.06.2011 15:35:49
Помаки се лугето Македонци муслимани и самиот збор Помаки од грчките зборови Апо што значи Од и Маки или Македони значи Апомаки = Од Македонци. Скратено Помаки. Кој знае грчки јасно му е. И ден денес живеат по планините околу градот Ксанти и зборуваат македонски. Не мешајте со бугарски оти они сае Татари и исто го зеле јазикот од Македонците.

Најди! во Утрински
Насловна
Печатено
Охридскиот договор пример за надминување спорови
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ уште сега секој на своја страна
Бесмислени контрапротести
Стариот спикер за новиот парламент
Бекграунд, фитбек, сиви
Шкендија против Партизан за Лигата на шампиони
Во МСУ стартува „Скопско лето“
Поставен споменикот „Воин на коњ“
На Ејми Вајнхаус и' е потребна помош
Приказна за последицата на случајна љубов
Се' уште пече лутата рана на децата-бегалци
Филип Втори поставен на плоштадот во Битола
Конечно, свадба за принцот од Монако
Ослободете ги младите
Најмалку 44 загинати во авионска несреќа во Русија
Меган Фокс отпуштена поради Хитлер
Која е нашата граѓанска одговорност?
И четврти чартер лет од Амстердам за Охрид
Семејна топлина во бродски контејнери
Претседателот Иванов на меѓународна конференција вo Ерусалим
Стил
Милошоски се запозна со новиот шеф на грчката дипломатија

"""