Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Се' уште пече лутата рана на децата-бегалци

Здружението на децата-бегалци од Егејска Македонија вчера во Скопје го одбележа 20 јуни, Светскиот ден на бегалците, пред споменикот на егзодусот во паркот „Жена-борец“. Егејските Македонци се' уште живеат со прашањето дали некогаш ќе се вратат во принудно напуштените домови каде што почнала нивната детска игра и го изустиле првиот македонски збор.

Луѓето заминале, но им остануваат врежани спомените од минатото време. Споменикот за нив претставува сведоштво за ��дно време кога биле расфрлани по непознати земји. Ден денес децата бегалци ги обзема чувството на носталгијата по родната грутка.

„Бегалецот упатува последна порака до внуците. Неговите коски да бидат пренесени на гробиштата каде што почиваат неговите дедовци за да бидат уште едно сведоштво за неуништливоста на македонскиот род. Само еден бегалец без надеж е премногу за човечката совест и должност“ - рече Ѓорѓи Ајановски.

Ѓорѓи Доневски, претседател на Здружение на децата-бегалци, верува дека ќе успеат во нивната долгогодишната правна борба за враќање на имотите. „Работата тргна кон подобро. Односите се изменија во остварување на нашите барања. Сега секој Македонец со потекло од Егејска Македонија со документ треба да обезбеди извод од матичната книга на родените и со него може да ги оствари своите права“ - вели Доневски. Здружението на децата-бегалци го поздрави и поставувањето на огромната скулптура „Воинот на коњ“ во центарот на Скопје. (П.К.)


#
Статијата е прочитана 1062 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 21.06.2011 00:06:29
Nema da me zacudi ako (nrkoi od) decata begalci (clenovi na DPMNE) otidat da manifestiraat vo Bihacka za Branko da im gi dade trieset i pette milijardi odsteta od Grcija sto Nikoja im gi veti.
Од: Виктор
Датум: 21.06.2011 04:11:41
А споменикот кој им е токму ним посветен, во паркот Жена борец е во очајна состојба, потребни се само три илјади евра тој да се обнови, а од општина Центар изјавиле дека немаат средства.
Од: boki
Датум: 21.06.2011 05:56:13
ove t.n.deca begalci ja zakopaa sudbinata na makedonija...poradi niv pati celiot makedonski narod...bruka i sram se nasekade vo svetot !!!
Од: goran
Датум: 21.06.2011 06:02:36
steta. lugevo ja promasile ideologijata, bas pak vo Grcija sakale da nametnat Komunizam, VO Grcija I ITalija, NItu komunizam, nitu socijalizam. nitu fasizam nikakva ideologija nema da uspee Tamu lugeto se mediteranski i se mnogu Dobri Luge, a ovie od planinite egejski se planinci
Од: Istocna Makedonija
Датум: 21.06.2011 08:45:16
Golema tragedija i bese nanesena so egzodusot na decata begalci od Egejska Makedonija i ova da da ne se povtori.Tie vazea kako golemi patrioti sto nemoze da se kaze za nivnite potomci,sinovi i vnuci ,koi bea spremni da zemaat i grcki drzavjanstva za imotite.Denes,ovde ziveat vo prosek dobro na vi- soki pozicii,rabotni mesta i privilegii,a zemaa i bugarski drzavjanstva.Toa e medaljata od druga strana,a sekoja cest na stradalnicite od egzodusot Civilizirana Evropa da im gi povrati rodnite ognista a ne Grcija.
Од: "vodolija"
Датум: 21.06.2011 09:25:06
Mislam deka: Poveke od 65 g. se pravi "MAKSUS- LAPSUS" - So POIMOT: "BEGALEC " I "PROTERAN" NEMA BEGALCI ,TUKU, PROTERANI i toa :50.000 VOZRASNI i 28.000 MALOLETNI DECA POD 18 godini.!!!??? NETREBA DA SE ZABORAVI DEKA OVAA DRZAVA RM SO NISTO NEMA DOPRINESENO OVIE LJUGJE DA BIDAT PROTERANI OD GRCIJA .!!! ZATOA I NIVNITE PRAVA TREBA DA SI GI BARAAT NADVOR OD RM PREKU MEGJUNARODNITE ZAKONI ZA COVEKOVI PRAVA, A NE DA GI POTKOPUVAAT TEMELITE NA DRZAVNOTO UREDUVANJE I UNAPREDUVANJE NA RM!!!???
Од: Tina
Датум: 21.06.2011 12:08:42
Grcite ne go sakale komunizmot oti toj im daval na Makedoncite priznavanje po nacija i ljudsko pravo. Metaksas skoknal, i pocnala borba protivu site koi gi podrzuvale komunistite. Sepak, Grcija nemase poim sto e demokracija, pa so taa nijna ideologija go napravi kriminalot nasprema Makedoncite. I nekoj ke mi kaze da demokratija e po dobra od komunizmot? Ajde. Demokratija ni zabrani da zboruvame nas jazik. Ne istrcka, i gi zapali selata i decata nim gi otepa kao da tie bea kriminalci. 200 deca pod 16-17 godini bea strelani. Zosto. Oti Metaksis rezim gi nauci Grcite da ja zemat celata Makedonska istorija i nisto na nas, do den denes. Metaksas koncept na taa demokratija e ziva do den denes, a EU go podrzava toa isto. NE, jas ke kazam na sekade, nie Makedonci mozeme bez EU, a taa EU ke go dade naseto nasledstvo nazad. Inaku tie ke propadnat kao i Grcija, i site tie rojalisticki zemji koi ja podelija Makedonija. Uste Bugarite da ne priznat po istorijata i nasledstvo ili
Од: bezanec
Датум: 21.06.2011 14:20:02
Господине Доневски! Доста со манипулации со децата бегалци. Сочуствувам со нив,на никој во светот да не му се случи,но спак се случува во овој лаком ѕверски свет. Во Македонија има и прогонети во 1912 година од балканските војни и ние си ги знаеме родните места на нашите дедовци,замисли се малку и немој да правиш и ти грешка за тие луѓе од 1912 година,да вршиш узурпација на нивните имоти. Мојот дедо живеал во село КОЏАМАРЛИ во оклолината на КУКУШ, се уште има луѓе кои ги познават.

Најди! во Утрински
Насловна
Печатено
Охридскиот договор пример за надминување спорови
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ уште сега секој на своја страна
Бесмислени контрапротести
Славата, митот и крвта на ВМРО (19)
Стариот спикер за новиот парламент
Бекграунд, фитбек, сиви
Шкендија против Партизан за Лигата на шампиони
Во МСУ стартува „Скопско лето“
Поставен споменикот „Воин на коњ“
На Ејми Вајнхаус и' е потребна помош
Приказна за последицата на случајна љубов
Филип Втори поставен на плоштадот во Битола
Конечно, свадба за принцот од Монако
Ослободете ги младите
Најмалку 44 загинати во авионска несреќа во Русија
Меган Фокс отпуштена поради Хитлер
Која е нашата граѓанска одговорност?
И четврти чартер лет од Амстердам за Охрид
Семејна топлина во бродски контејнери
Претседателот Иванов на меѓународна конференција вo Ерусалим
Стил
Милошоски се запозна со новиот шеф на грчката дипломатија

"""