|
Поглед
Бекграунд, фитбек, сиви
Тина Иванова
Баш и не мораше да се брза изборот на нов в.д. директор на „Охридско лето“. И онака програмите и во музичкиот и во драмскиот дел за претстојното фестивалско издание се готови.
По толку денови, месеци, по два распишани конкурса, по толку шпекулации за тоа кое ќе биде името на новиот директор на најпрестижната манифестација за култура, на крајот министерката ја завлече раката во тапанот и оп, извлече нов директор на невидено.
Добро, човеков сега треба да се грижи за парите да стигнат на сметката на Дирекцијата на фестивалот и да излезат безбедно. Дури иако анонимен, со многу факултети и со силно CV и особено како што објасни Канческа- Милевска, „со добар фитбек и бекграунд“.
Во културната јавност сега се толкуваат и се дешифрираат овие квалитативни сознанија за директорскиот избор на министерката. Имаат тема сега културните работници да ги воочат разликите и сличностите меѓу трите странски зборови, кои според министерката, можат соодветно да опишат една личност.
Времето секако бргу ќе ги покаже најавените квалитети на новиот директор на „Охридско лето“. Пред него се шансите да ги оправда министеровските критериуми за тоа што г-динот Мојсовски имал „зад себе навистина многу добар фит бек, бек граунд и сиви и згора на тоа и сето она познавање и на сето оној факултет што го има завршено“.
Не објасни само министерката зошто, покрај толкавите количества квалитети, кандидатот го назначила само за В.Д. Во што овој пат таа не е доволно сигурна кога човекот, еве, подршка му дава и неговата општинска партиска организација. Ако ништо друго, таму барем го знаат и гарантираат за него. |
#
|
Статијата е прочитана 1333 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: demokrat |
Датум: 21.06.2011 00:09:55 |
|
Sto ima zavrseno noviot direktor, ke kaze nekoj? |
|
|
|
|
|
|
Од: dedo dimo |
Датум: 21.06.2011 09:01:20 |
|
Bravos znajte da tropnite po nekoj Anglesko-Makedonski , mozda po nekoja godina Anglichani ke postanime.Stram da vie PREDAVNICI. |
|
|
|
|
|
|
Од: eleonora |
Датум: 21.06.2011 09:16:18 |
|
Da, sigurno deka vo izborot bilo presudno CV-to na kandidatot. Vo toa sekako deka site ke poveruvame. No, ajde ke pocekame vremeto da pokaze. Tekstot e sosema na mesto. Bravo! |
|
|
|
|
|
|
Од: Petrovska |
Датум: 21.06.2011 10:22:27 |
|
МОЕ ЛИЧНО МИСЛЕЊЕ Е ДЕКА УМЕТНИЧКИ ДИРЕКТОР НА ОХРИДСКО ЛЕТО ТРЕБА ДА БИДЕ ЧЛЕН НА СОЈУЗ НА КОМПОЗИТОРИ НА МАКЕДОНИЈА, КОЈ СЕПАК ИМА СВОЕ ИСКУСТВО. |
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 21.06.2011 10:48:49 |
|
Sto?!, bekgraund?, fitbek?, samo zatoa sto nie komunikirame so vas vo kompjuter stranici, ne znaci da nemame tie zborovi po nas jazik.
Bekgraund, ke bide, pozadina, a Fitbek, ke e,,,,,toa ne go znam a moze bi sto e napisan pogresno, zar ne e, Fidbek? Fid =da hranis, a bek =unazad.
znaci, da go hranis kompjuter so informacija, da mu davas informacija ili da mu poftoruvas informacija.
znaci, povtorna informacija. Ah, me izmaci, |
|
|
|
|
|
|
Од: xxxxx |
Датум: 21.06.2011 10:52:01 |
|
Настанот во кој се споменува името на Игор Спасов се случил на 18 ноември 2007 година. Иако во сообраќајката полесно било повредено само едно лице, овој случај го следат одредени недоследности и отстапувања од правилата. (Љ.С)
(Целосниот текст ќе можете да го прочитате во утрешното печатено издание на „Утрински Весник“)
|
|
|
|
|
|