Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Скопје

Александар Македонски поставен на плоштадот




21.06.2011, 11:04

Во присуство на голем број граѓани, скопскиот градоначалник Коце Трајановски и авторката на идејниот проект Валентина Стефановска, претпладнево на постаментот на фонтаната на плоштадот „Македонија“ во Скопје е поставен споменикот на Александар Македонски - скулптурата наречена „Воин на коњ“.

- Среќна сум и горда што денеска Ве има тука во толку голем број, што дојдовте да го видите споменикот на кој работев три години. Се надевам дека кога целото дело ќе биде комплетирано, со сите планирани пропратни фигури, ќе се покаже вистинската слика и сите ќе бидат уште позадоволни, изјави Стефановска по поставувањето на скулптурата.

Таа уште нагласи дека е особено горда што „Воин на коњ“ ќе остане во македонско наследство за сите генерации.

Скулптурата висока речиси 13 метри, е изработена од бронза. Поставена е на бетонски постамент висок 10 метри. Техничките процедури и активности околу поставувањето ги изврши стручен и професионален тим од „Фрединандо Маринели“ каде е изработена скулптурата.

Просторот каде што се наоѓа „Воинот на коњ“ ќе се доуреди и ќе биде поставено осветлување.




#
Статијата е прочитана 2463 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 21.06.2011 12:10:05
Ovaa Valentina se zamisluva deka e Mikelangelo !
Од: македонец
Датум: 21.06.2011 12:51:46
А тебе што те стега опинок што се замислува таа дека е Микеланџело... тоа е нејзин личен проблем... ти глеј си ја својата работа, а не да му ја мислиш другите што се замислувале, мсје Пејо... :))))))
Од: Makedonka
Датум: 21.06.2011 13:01:44
Од кога се вика овој споменик вака ? Нели до пред кратко време сите велеа (вклучително и градоначалникот Тодоровиќ) дека ќе постави споменик на Александар Македонски ? Дали ова има врска со критиките од Европа ?
Од: Снежана
Датум: 21.06.2011 13:12:11
Александар одјава - воинот дојава ... кога ќе одјава и Македонија, се плашам и да помислам кој ке дојава ...
Од: jean luc picard
Датум: 21.06.2011 13:37:16
честито Ацката, збогум Европо! збогум 10 милиони евра, збогум патишта, збогум болници, збогум училишта, збогум нови фирми и фабрики, збогум болници, збогум повисок стандард, збогум подобра живејачка, ЗБОГУМ ПАМЕТИ! му дигнавме идолопоклонички споменик на крвник и масовен убиец, му се восхитуваме на паган, а божем сме христијани и уште сме горди на сето тоа, се топориме пред цел свет...мајко мила!!!
Од: Драган Маркоски
Датум: 21.06.2011 14:00:20
Значи што се однесува за споменикот позтавен од Александар Македонски,треба да се знае дека еден од познатите македонски просветители и македонски Хомер Глигор Прличев ке рече.Нели је голем срам за Маедонија и за нас македонците кога од една вака мала Македонија од кога го има породено Алексадара Великога и Кирим и Методија.
Од: САШКО
Датум: 21.06.2011 14:56:04
Се наметнува прашањето: Дали Владата ја ЛАЖЕ Грција дека ова НЕ Е Александар, или го ЛАЖЕ народот дека ова Е Александар?!
Од: PredatorMk
Датум: 21.06.2011 15:00:07
Нека пукнат душманите, внатрешни и надворешни!
Од: TRAJANKA
Датум: 21.06.2011 15:09:32
Do Itar Pejo Kolku si zavidliv na tug uspeh , poubavo ti e da uzivas gledajki go nejzinoto ubavo sovrseno Umetnicko delo koe go razubavi gradot Skopje .
Од: Anita
Датум: 21.06.2011 15:42:17
Ovoj Itar Pejo se zamisluva deka e stvarno Itar Pejo
Од: ilco
Датум: 21.06.2011 15:49:18
Kako Aleksandar ???? Zarem nebesche voin !
Од: marika cair
Датум: 21.06.2011 16:15:16
poglupav narod zdravje eden premier da ne pretvora vo grci samo zatoa sto majkamu e egejka a egejcite go b rkat poimot so imeto ........
Од: Augustincic
Датум: 21.06.2011 16:28:19
I FIdije ne dobil tolkav honorar za svoite dela.
Од: OD DIJASPORATA
Датум: 21.06.2011 16:33:03
Edno sujbe imam. Vo 1974 Grcite na Kipar izvrsija voen udar no zagubija od Turcija.Turcite im dojdoa do Nikozija. Vo odnos na Makedonija, kako i na Kipar, Grcite pokazuvaat neviden fanatizam. Po mene ima opasnost Grcite da gi iskoristat pregratkite na Zapad i da ispratat edna teledirigirana raketa cija cel da bide spomenikot na Aleksandar vo Skopje. Od 1000 milijardi koi gi dolzat Grcite polovina gi upotrebija da kupat najsofisticirano oruzje. Protiv kogo ti velam tebe sto mi vrtis glava??? Znaci potrebna e strateska odbrana na spomenikot I SOJUZNICI.
Од: Kodos
Датум: 21.06.2011 17:38:38
Citam i se cudam sto jad od citateli imate. Cij somenik sakaat? Bugarski ili Srpski junak da im java? Uste ne znaeme koj sme i sto sme, sramota. MAKEDONIJA NA MAKEDONCITE
Од: Gligor Dzolev
Датум: 21.06.2011 19:03:13
Se sluci i toa cudo!. Se postavi Spomenikot nad spomenicite. No neli trebase prvin toj, voinot, ili vojskovodecot, da pomine i projava pod Triumfalnata porta!?. Greska vo cekori!!!!. Sto ponataka, samo Gospod znae. Neka e na arno, kako sto veli narodot. a za toa ke pocekame. Barem toa ni e vo krvta, da cekame i da trpime. Aj so zdravje!

Најди! во Утрински
Насловна
Печатено
Охридскиот договор пример за надминување спорови
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ уште сега секој на своја страна
Бесмислени контрапротести
Славата, митот и крвта на ВМРО (19)
Стариот спикер за новиот парламент
Бекграунд, фитбек, сиви
Шкендија против Партизан за Лигата на шампиони
Во МСУ стартува „Скопско лето“
На Ејми Вајнхаус и' е потребна помош
Приказна за последицата на случајна љубов
Се' уште пече лутата рана на децата-бегалци
Филип Втори поставен на плоштадот во Битола
Конечно, свадба за принцот од Монако
Ослободете ги младите
Најмалку 44 загинати во авионска несреќа во Русија
Меган Фокс отпуштена поради Хитлер
Која е нашата граѓанска одговорност?
И четврти чартер лет од Амстердам за Охрид
Семејна топлина во бродски контејнери
Претседателот Иванов на меѓународна конференција вo Ерусалим
Стил
Милошоски се запозна со новиот шеф на грчката дипломатија

"""