Верица Пандиловска
И се оствари животната желба
Поп-пејачката доби видеоспот по своја мера - изработен од познатиот македонски филм „Преку езерото“
Поп-пејачката Верица Пандиловска ја исполни својата животна желба и конечно доби видеоспот по своја мера - изработен од познатиот македонски филм „Преку езерото“.
Станува збор за видеозапис на последниот сингл „Нема да остареш“, кој е авторско дело на Дарко Димитров, додека како коавтор на текстот се јавува Огнен Неделковски.
Пандиловска вели дека долго размислувала за реализирање видеозапис и дека приказната на песната идеално се вклопила со приказната на филмот „Преку езерото“. „Во спотот воопшто не се појавувам, користени се материјали само од филмот. Накусо, се работи за животна сторија на двајца вљубени, Константин (Никола Ристановски) и Елена (А.Вагнер), таа е во Албанија, а тој во Македонија. Тој оди по неа преку езерото, го апсат и затвораат во туѓа земја и никој не му верува дека доаѓа само поради љубов... В затвор го држат 40 години и на крај се враќа дома кај сопругата и ќерката. Нивната љубов не остарува исто како во песната...“, раскажува Верче, упатувајќи посебна благодарност до Антонио Митриќески, кој е режисер и продуцент на филмот. |