Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Омбудсманот Мемети бара одговорност за смртта на Нешковски

10.06.2011, 18:09

Народниот правобранител Иџет Мемети изрази жалење за смртта на младиот Мартин Нешковски, кој деновиве беше претепан до смрт од страна на припадник на специјалната полиција во Скопје и побара од институциите брзо и ефикасно расветлување на случајот, како и утврдување на целокупното постапување на полицијата во немилиот н��стан.

- Се соочуваме како општество со недоволна одговорност на полицајците при вршењето на нивните службени задачи, а исто така има појава на солидарност помеѓу полицајците, како и една наша перцепција како институција дека сторителите на ваквите дела не се казнуваат, што треба да не загрижи, изјави омбудсманот Мемети кој учествува на Регионалната конференција во Охрид на тема „Улогата на омбудсманот во борбата против дискриминацијата и превенцијата од тортура“.

Тој изрази уверување дека правосудните органи согласно законот до крај ќе го расветлат случајот и упати апел до сите лица кои по закон имаат овластувања да применуваат средства за присилба, било тоа да се полицајци, чувари, или вработени во затвори, психијатриски установи и специјални болници, хумано да постапуваат со лицата кои се лишени од слобода.

Жалење за немилиот настан изрази и мисијата на ОБСЕ во Македонија, која очекува институциите на системот да ги утвдрат вистинските факти за случајот.

- Има простор за прашања во овој случај, пред се како може полицаец при извршување на својата работа да се однесува на тој начин и секако треба да се утврдат фактите и да се види како можело да дојде до такво однесување, рече Ралф Брет- Амбасадор на ОБСЕ во Македонија.

На дводневната конференција, која е во организација на Народниот правобранител на Република Македонија, ОБСЕ, и шведската фондација „СИДА“, учествуваат омбудсмани од земјите во регионот и експерти од областа на заштитата на човекови права. Централна тема е востановување на национални механизми за превенција на тортура како нова надлежност на институцијата Омбудсман.

- Тортурата и дискриманцијата се области во кои општествата во иднина треба да вложат огромен труд по однос на тоа што значи формална и законска поставеност на институциите, односно на механизмите за превенција и заштита и нивна поткрепа за да можат успешно да се справат со овие општествени феномени, истакна Мемети.

Тој најави дека наскоро ќе биде промовиран национален тим за превенција од тортура, со што како што истакна, институцијата Народен правобранител поуспешно ќе се справува со случаите на дискриминација и нарушување на човекови права.

Регионалната конференција утре продолжува со работа.


#
Статијата е прочитана 599 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
И се оствари животната желба
И на „Фејсбук“ се протестира поради полициската бруталност
Славата, митот и крвта на ВМРО (10)
Што си направив со животот?
Смртта на момчето бара оставки
Два пасоша гаранција за ослободување на Бошкоски
Изборите завршија, на ред е отчетот пред ММФ
Раперот ја нарече Лејди Гага хермафродит
Проклети да сте
Семејството и пријателите се простија од младиот Мартин
Блиски Исток во Македонија
Загубени во бесчувствителноста
Како да се избере идниот лидер на ММФ
Во здраво тело, младешки дух
Нови протести против полициската бруталност
Секоја генерација има своја надеж
Македонија е следна за преговори со ЕУ
Никулци од грав причина за заразата со ешерихија коли
Хрватска во ЕУ од 1 јули 2013 година
Онлајн вести

"""