Македонија
Нови протести против полициската бруталност
10.06.2011, 18:18
Попладнево пред Спомен куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје почнаа нови протести против полициското насилство како реакција на убиството на младиот Мартин Нешковски што се случи ноќта по изборите. Оттаму маршот продолжи пред Собранието каде младите повикаа на политичка одговорност. Наредн��та локација е Министерството за внатрешни работи за да се повика, освен тигарот Игор Спасев, и другите учесници во инцидентот да одговараат за смртта на 22 годишниот Мартин Нешкоски.
Младите отворија црна кутија и почнаа да собираат парични средства за помош на семејството на Мартин Нешкоски. Во рацете носеа огромна слика, a на протестот беше присутен и братот на Мартин, заедно со неговите пријатели, кои и понатаму ќе се приклучат на протестите, кои нема да запрат и денеска. Ќе продолжат и во текот на наредните денови.
Покрај во Скопје, протести се одржуваат и во другите градови низ Македонија како Битола, Струмица, Кочани и др. Дел од демонстрантите кои се собраа да го изразат незадоволството од полициската бруталност бараат и оставка од Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
|