Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Изборите завршија, на ред е отчетот пред ММФ

Од наредната мисијата на ММФ предводена од Вес Мек Гру ќе скенира во каква кондиција е буџетот

Соња Маџовска


Изборите завршија, на ред е отчетот пред Мисијата на Монетарниот фонд. Во каква кондиција е буџетот, од наредната недела ќе скенира Мисијата на ММФ, предводена од шефот задолжен за Македонија, Вес Мек Гру.

Иако станува збор за редовна посета на монета��ците, сепак, македонските власти ќе мора да им објаснат најпрво кој беше екстерниот шок поради што се повлекоа 220-те милиони евра од ПЦЛ-аранжманот и колку и за што се' се потрошени пари во предизборниот период. Посетата на монетарците и без да се повлечеа парите беше планирана, па така тие освен ревизија на аранжманот, ќе ги разгледаат и останатите буџетски трошења, нивото на дефицит во државната каса и на јавниот долг на земјата.

Професорот Абдулменаф Беџети не очекува дека Мисијата на ММФ, по разгледувањето на состојбите во земјава, јавно ќе објави или ќе ја искритикува власта зошто ги повлекла и за што ги потрошила парите, тоа ќе биде интерно скенирање, смета тој. „Сепак, сметам дека по сите овие акции, наскоро ќе мора да има ребаланс на буџетот и ќе мора тој да се постави на поинакви позиции. Ќе мора да се штеди и да се крати, но не верувам дека тоа ќе биде големо на почетокот, можеби подоцна, ќе следува поголемото кратење. Постизборно се гледаат состојбите во буџетот, а не пред тоа. Ќе треба да се зачува ликвидноста, да се види колкави се долговите на државата, на каков начин ќе се сервисираат, ќе мора да се покријат дупките во фондовите“, смета Беџети. Тој вели дека не може да коментира колку пари се потрошени од кредитот со ММФ, бидејќи нема податоци за тоа. „Предизборно се трошеше релаксирано, во тој период расходите обично се поголеми, а приходите паѓаат. Но, за изедениот ручек ќе стасаат фактурите за наплата. Нема ништо бесплатно. Сите фактури сега ќе стасаат за наплата“, порачува Беџети. Нема официјални податоци ниту од Министерството за финансии за тоа колку од повлечените пари од ММФ се потрошени и за кои конкретни проекти. Оттаму и вчера не соопштија што може да се очекува во наредниот период и дали новата Влада веднаш ќе мора да прави ребаланс на буџетот. Министерот Ставрески најави дека засега нема потреба од такво нешто, а тој уверува дека има пари во државната каса. Сепак, редовна практика е на крај од летото, како и секоја година, да се ревидираат буџетските ставки.

Зоран Јовановски од СДСМ смета дека сега по изборите ќе излезе вистинската дупка во буџетот. Тој очекува по разговорите со ММФ да се види состојбата во државната каса. „Очекувам дека ММФ во рамки на мисијата што доаѓа за да види како се спроведува ПЦЛ-аранжманот ќе расветли некои работи. Ќе биде интересно да се види како Владата ќе одговори на прашањата кои биле екстерните шокови, како настанале околностите, поради што се повлекле 220 милиони евра од заемот на ММФ. Да видиме дали монетарците ќе покажат дека се чувствуваат измамени? Дали тоа може да го наруши имиџот на земјава? Околу трошењето, ММФ нема да навлегува многу, бидејќи не е таков аранжманот. Сепак, тие можеби ќе ни помогнат да добиеме појасна слика за тоа во каква кондиција е буџетот“, вели Јовановски.

Според проекциите, Владата годинава планира да потроши 190 милиони евра повеќе од вкупните приходи во буџетот, за што веќе се задолжи кај ММФ со кредит од 220 милиони евра. Сепак, иако во предизборниот период, односно во мај беа откажани две аукции на државни записи, веднаш по изборите се одржаа повторно две аукции на кои Владата се задолжи кај домашните банки за 54 милиони евра.


#
Статијата е прочитана 1682 пати.

Испрати коментар

Од: Dupka
Датум: 09.06.2011 12:33:05
Дупката во буџетот ќе се види со ММФ само ако им дадат точни податоци. Но ниту едно министерство примените фактури и склучени договори не ги книжи како обврски за плаќање. Затоа никој не знае колку должат институциите на државата дури ни тие самите). Книжењето на обврските го прават дури кога ќе платат.
Од: DSS
Датум: 09.06.2011 21:44:45
Дупките во буџетот ќе се видат многу бргу, и тоа кога ќе треба да се даваат плати за буџетарите и пензии за пензионерите. Предвидувам крах на буџетот за 6-10 месеци.

Најди! во Утрински
Насловна
И се оствари животната желба
И на „Фејсбук“ се протестира поради полициската ��руталност
Славата, митот и крвта на ВМРО (10)
Што си направив со животот?
Смртта на момчето бара оставки
Два пасоша гаранција за ослободување на Бошкоски
Раперот ја нарече Лејди Гага хермафродит
Проклети да сте
Семејството и пријателите се простија од младиот Мартин
Блиски Исток во Македонија
Загубени во бесчувствителноста
Како да се избере идниот лидер на ММФ
Во здраво тело, младешки дух
Нови протести против полициската бруталност
Секоја генерација има своја надеж
Омбудсманот Мемети бара одговорност за смртта на Нешковски
Македонија е следна за преговори со ЕУ
Никулци од грав причина за заразата со ешерихија коли
Хрватска во ЕУ од 1 јули 2013 година
Онлајн вести

"""