Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Поглед

Блиски Исток во Македонија

Слободанка Јовановска

Има ли новинар во авионот? Со вакво прашање на социјалните мрежи беше прокоментиран молкот првиот ден околу усмртениот Мартин Нешковски во повеќето медиуми во Македонија. Тоа што требаше да биде ударна вест за секое нормално новинарство во светот, кај нас требаше да заврши како рутинска информација, па и да ја нема.

Да, ама во некои други времиња. Не во овие кога традиционалното новинарство веќе ја нема моќта и ексклузивноста што ја имаше некогаш. На Македонија очигледно и' се случи Блиски Исток, бидејќи обидот да се испреврти информацијата и да се прикрие вистината се издиша и пред да почне. Единствен начин да се запре овој тренд, што во светот веќе го доби името „граѓанско новинарство“, е социјалните мрежи да се укинат, а тоа е мрак што не можеше да си го дозволи ни Моамер Гадафи, иако го бомбардираат.

Се покажа дека ниту еден медиум не може да открие толку колку што во изворна, иако непроверена форма и, можеби, под некакви влијанија, можат да понудат „Фејсбук“ и „Твитер“.

Странскиот блог-сајт „Глобал воис“ вчера ги објави предупредувањата, всушност, заканите од Министерството за надворешни работи дека ги следат групите што се организираат околу полициската бруталност на „Фејсбук“ и на интернет и дека тоа не е се' - бидејќи некои од нив веќе се блокирани. МВР може да блокира колку сака, но социјалните мрежи ќе си го најдат патот повторно, како што покажа искуството во арапските земји.

Во светот годинава главните вести не ги пренесоа први ниту агенциите, ниту Си-Ен-Ен, ниту Би-Би-Си, туку видеоснимките на анонимци што се најдоа на местото на настаните. Окото и камерата на граѓаните се насекаде, а пристапот до јавноста е неограничен. Добре дојдовте во Македонија, прва земја во светот што се пофали дека станала безжична интернет-држава.


#
Статијата е прочитана 2657 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 09.06.2011 08:58:05
Za zal novinari nema. I onie koj pisuvaat, pisuvaat strogo so odredena cel. Slucajov so ubistvoto na momcevo im se pogodi kako odlicen politicki motiv za meguseben napad, ne deka tolku se zainteresiraa pravdata da bide obelodeneta. Vleguvame vo eden mnogu tezok period na totalna diktatura, podrzuvana i od Vlasta i od opozicijata, kade sto zborot, mislenjeto i problemite na obicniot graganin ne vredat nisto, osven ako se odlicna prilika da bidat iskoristeni za pravenje politicki skandali,atrakcii i presmetki.
Од: bitola troa skolovan
Датум: 09.06.2011 09:03:28
Interesno mislev samo vo Severna Korea deka toa e mozno - vidis i kaj nas bilo taka . Cudno neli!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: jimmy1
Датум: 09.06.2011 09:06:32
Taliban Slobodanka, Taliban.
Од: USA
Датум: 09.06.2011 09:24:17
Levata opcija saka da padne ovaa vlast ", ako treba i na sila. Samo ne kazuvate sto bi trebalo da ja zameni.......i KOJ??
Од: aleksandar
Датум: 09.06.2011 10:47:37
Ima.janko mrsniot burek,prijatelj latas je tu,milenko site se tuka 24 casa.tie se tvorcite na manifestot na makedonskiot narod na pocetokot na 21 vek.
Од: evaa
Датум: 09.06.2011 11:15:21
Abe vas za domasno li vi ja dadoa temava ?! Ja zloupotrebuvate tugjata nesreklja za da dobiete sitni poeni. Lesinari !!!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.06.2011 12:34:00
Да не ги апострофираме другите ,,независни ,, медиуми топтан со се новинарската ,,независна,, фела таму,доволно е да се фрли поглед кој како сака и како гледа на А1.Спрега најтесна и најбрутална досега помеѓу политиката и медиум.Се имало порано и сега медиуми на наклонети на власта или опозицијата ама вака примитивен однос кон сопствената професија е уникатно.Криејќи се зад медиумски слободи зацапаа дебело во криминал.Е сега како ќе им објасни онаа фармерка на својот електорат да нејзиниот газда ги унесреќи млекарите со над 3 мил.евра.Тука и Иди Амин би се запрепастил.
Од: Caki
Датум: 09.06.2011 20:32:18
G-gjo vo deneshniov "Utrinski" imate 8 natpisi na edna tema.Rekord beshe "aferata" partiiski listi, vo toj broj imashe 9 natpisi(gi broev) na taa tema!Siguren sum, deka e svetski rekord! Toa e novinarstvo?
Од: vasco beleski
Датум: 10.06.2011 00:39:08
STOP dosta veke go zloupotrebuvate imeto na martin vie site novinari od utirnski i a1 ste iskomlesirani ili vi fai opsta kultura na izvestruvanje ili pak nesto tretopa ima i drugi povazni rabntoi od toj martin koj po 3-4 dena ne se vrakal doma i nitu majka nitu takto ne go barale nikoj ne veli dek tgrebase taka da umre ama preteravte normalno koga xhefoite vi kazale udrete pisete tovno ne tovno samo da se kritizira vladata mediumite vo makednija se najgolemiot problem za drzavata duti poopasni i od gadafi
Од: Od Prijatel
Датум: 10.06.2011 09:23:15
Platenicite na soros i bc se vo akcija pa koj gi cira ovie nesakani prepagandi slucajot e za sudstvoto dosta izigruvajte experti sramota......
Од: deli
Датум: 10.06.2011 09:54:47
Mislam, deka smisol i težina na vašiot text e vo nešto drugo, nego što mislat nekoi komentatori ovde, poštuvata autorke. Vie na eden primer - "misteriozna" smrt - voopšto zabeležuvam, deka vo MK mnogu često, pa skoro postojano se koristi pri opišuvanje nekoi nastani zbor MISTERIJA, MISTERIOZEN - nkoja nova moda... - no da prodolžam: sakavte, po moe da kažete 1. deka deneska rečisi ništo nemože da se skrie 2. poranešnite informativni mediumi se veke "pase", doagja novo vreme. Vašata tema, iako vrz osnova na onoj nesreken slučaj, no toa samoto se nudeše, oti perfektno opišuva celata situacija - e perfektna. Pozdrav do vas.

Најди! во Утрински
Насловна
И се оствари животната желба
И на „Фејсбук“ се протестира поради полициската бруталност
Славата, митот и крвта на ВМРО (10)
Што си направив со животот?
Смртта на момчето бара оставки
Два пасоша гаранција за ослободување на Бошкоски
Изборите завршија, на ред е отчетот пред ММФ
Раперот ја нарече Лејди Гага хермафродит
Проклети да сте
Семејството и пријателите се простија од младиот Мартин
Загубени во бесчувствителноста
Како да се избере идниот лидер на ММФ
Во здраво тело, младешки дух
Нови протести против полициската бруталност
Секоја генерација има своја надеж
Омбудсманот Мемети бара одговорност за смртта на Нешковски
Македонија е следна за преговори со ЕУ
Никулци од грав причина за заразата со ешерихија коли
Хрватска во ЕУ од 1 јули 2013 година
Онлајн вести

"""