Филе
Македонија е следна за преговори со ЕУ
10.06.2011, 15:13
Гледам перспектива до крајот на годината Европската комисија да почне преговори за присоединување кон ЕУ со уште земји од Западен Балкан, на пример со Македонија, каде што имаше успешни парламентарни избори.
Ова денеска на прес конференција во Брисел го изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе, пренесува Ради�� Слободна Европа.
Според него, сега доаѓа времето на Македонија и изрази надеж дека Скопје и Атина ќе го решат проблемот со името.
ЕК денеска препорача Хрватска од 1.јули 2013. година да стане 28. членка на Европската унија.
|