Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Секоја генерација има своја надеж

Режисерот Ацо Поповски го снима „Балканот не е мртов“ во сосем поинаков концепт и атмосфера

Сунчица Уневска

Во центарот на филмот „Балканот не е мртов“, чиј стожер на приказната во заднината е распадот на една моќна и освојувачка империја, се поместени жените. „Мажите во овој филм се на ниво на енергија. Жените се оние што во суштината овде ја носат приказната. Знаете, се' у��те се немаме ослободено од тој принцип дека мажот е оној што ги помрднува нештата. Колку и да се правиме дека сме ослободени од предрасуди, мислејќи на сите на овие балкански простори, сепак, се' уште немаме една крупна женска фигура“, ни рече режисерот Ацо Поповски на сетот на снимањето на новиот македонски филм, кој се снима веќе трета недела во халите на Скопски саем. Во овој филм немаме еден, туку два главни женски лика, Елени и Анѓа, додека Осман, кој ја грабнува Анѓа и во чиј свет, главно, се одвива дејството, сепак, е повеќе замислен како метафора.

Снимањето на филмот, кој е копродукција со Србија, Хрватска и Словенија, започна на 24 мај. Планот е да заврши за 30 дена, односно на 26 јуни. Само почетокот и крајот на филмот ќе се снимаат во Битола, односно во реален амбиент, додека се' друго се снима на Скопски саем во студиото направено специјално за ова снимање. Самото тоа, кое звучи доста изненадувачки особено денес кога сите се обидуваат да снимаат во природни амбиенти, да најдат што подобри локации, да бидат реалистични, укажува на фактот дека овој филм има сосем поинаков концепт. А тоа, всушност, е и една од главните одлики на филмот, која носи поинаква атмосфера, дејство и, на крајот, се разбира, и суштина.

„Се враќаме некаде на самите почетоци на филмот, на експресионизмот, на филмови како „Кабинетот на д-р Калигари“. За мене беше многу интересно дали приказната за љубовта меѓу Елени Каринте и Кемал Ататурк е вистинита или е мит. Што е вистина, а што фикција? Во реален амбиент ќе морав да креирам на поинаков начин, додека овој начин ми дава можност да се занимавам со суштината, а не со просторот“, објаснува Поповски. Тој додава дека тука има и една двојна игра која е многу провокативна, имено, сите велат дека оваа приказна е измислена, а во филмот само таа е реална, се друго е измислено.

Со оглед на тоа што фотографиите кои ги видовме изгледаат навистина фасцинантно, го запрашавме директорот на фотографија Дејан Димески на кој начин со снимање во студио добива ваков ефект. Димески ни рече дека од почетокот бил малку уплашен од идејата, но дека од ден на ден станува се поинтересно и мисли дека за еден директор на фотографија и нема подобра можност од еден ваков концепт кој му дава целосна слобода. „Немаме никакви ограничувања. Се што имаме можеме да го стилизираме до оној степен до кој сакаме“, рече Димески, објаснувајќи дека во поглед на стилистиката сакале да се доближат до концептот на сликарството на големите мајстори, како што се Рембрант или Караваџо. И дека се обидуваат буквално секој кадар да го направат како да е насликан, со бои, со светлина, со сенки. „Иако снимаме во Битола, реален свет речиси и немаме, ова е Битола која Елени си ја замислува во својата глава“, додава тој.

Но, тоа не значи дека ова е приказната за Елени Каринте и Кемал Ататурк. Тоа е лајтмотив кој се провлекува низ целиот филм, додека во фокусот се Анѓа и Осман и ненадејната љубов која ќе се случи и која ќе направи да се урне целиот внатрешен свет на големиот освојувач. Ацо Поповски овде внесува некои интересни промени, Елени и Анѓа се сестри и сето тоа носи сосем поинакви конотации.

По десет години од претставата и по цели седум години од првичната идеја да се направи филм, Поповски е еднакво заинтригиран од она што овој текст го нуди. Во што е неговата севременост го запрашавме режисерот, а тој вели во потрагата по новиот свет и во потрагата по промените. „Мислам дека нам, но и на целиот овој поширок регион околу нас, му треба нова приказна, нова чиста мисла. Ова е можеби големото финале на приказната од пред цел век, која за жал, покажува дека не сме се помрднале од место. Можеби ова се последните денови на онаа демократија која ја знаеме и сите бараме излез“, вели Поповски, потенцирајќи и дека филмот зборува за тоа дека луѓето можат да се променат.

Тоа го потврдува и Никола Ристановски, кој ја игра улогата на Осман. „Луѓето се на некој раб, тие го поседуваат старото, но го осознаваат новото. Светот повторно е на раскрсница кога се потрошени старите нешта и има потреба за ново“, вели тој. Секоја генерација, според него, си има своја надеж и свој раздор, потребни и се луѓе како Осман или како Хамлет, кои се јавуваат меѓу две епохи и кои ја носат метафората, го носат фундаментот на промените. „Нема поголем метод на справување од тоа да расчистите сам со себе. Во секој човек има конфликт. Ова не е ниту историска, ниту политичка сторија, ова е многу интимна приказна и мислам дека е тоа одлично. Не можеме да се натпреваруваме со спектаклите кои се направени, туку со она што го поседуваме, а тоа е нашиот интимен потенцијал“, зборува Ристановски.

Драгана Костадиновска односно Анѓа, која е грабната но која подоцна се вљубува во Осман, кажа нешто многу убаво, а тоа е дека таа е во филмот девојка која многу верува во љубовта и едноставно ги разбира работите. „Љубовта не можам да ја ставам во географски одредници. Јас во филмот многу малку мислам на идентитетот и тоа е она што може да не спаси, емоциите - чисти и незагадени“, ни рече Костадиновска.

Продуцентот Роберт Насков е многу задоволен од тоа како се одвиваат работите. Првите две недели снимале во градот, а сега се во харемот на Осман. Тој ни рече дека овој начин на снимање доста им заштедува и им овозможува да не бидат лишени од ништо, да можат да го остварат замисленото и во поглед на сценографијата и костимите, кои обично го одредуваат буџетот. Копродуцентот од Србија влезе со костимограф и актерката Наташа Тапушковиќ - Шолак, која ја игра Елени, Хрватска е во делот на постпродукцијата, а Словенија дава опрема. Во концептот на Поповски веруваат сите, а Насков додава дека филмот ја има универзалната порака на љубовта иако зборува за распадот на Отоманската Империја низ интимниот, внатрешен распад на Осман. Но, главната порака на крајот, кога Анѓа ќе застане во одбрана на Осман, е дека омразата не води никаде и дека еднаш треба да се прекине тој круг на враќање.


#
Статијата е прочитана 1097 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
И се оствари животната желба
И на „Фејсбук“ се протестира поради полициската бруталност
Славата, митот и крвта на ВМРО (10)
Што си направив со животот?
Смртта на момчето бара оставки
Два пасоша гаранција за ослободување на Бошкоски
Изборите завршија, на ред е отчетот пред ММФ
Раперот ја нарече Лејди Гага хермафродит
Проклети да сте
Семејството и пријателите се простија од младиот Мартин
Блиски Исток во Македонија
Загубени во бесчувствителноста
Како да се избере идниот лидер на ММФ
Во здраво тело, младешки дух
Нови протести против полициската бруталност
Омбудсманот Мемети бара одговорност за смртта на Нешковски
Македонија е следна за преговори со ЕУ
Никулци од грав причина за заразата со ешерихија коли
Хрватска во ЕУ од 1 јули 2013 година
Онлајн вести

"""