Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Мислења

Како да се избере идниот лидер на ММФ

Џозеф Штиглиц

Главната одговорност на ММФ е да се бори против кризи, од кои повеќето се во земјите во развој

Поскоро отколку што очекуваше, Меѓународниот монетарен фонд ќе има нов генерален директор. Повеќе од една деценија го критикував управувањето на Фондот, симболизирано со начинот на кој се избира неговиот лидер. Со џентлменски договор меѓу мнозинските акционери – Г-8 - генералниот директор треба да е Европеец, а Американците се на позицијата број два и на чело на Светска банка.

Европејците вообичаено го избираат нивниот кандидат зад сцената, како што прават и Американците, само по брза консултација со земјите во развој. Исходот, сепак, често не беше добар за ММФ, Светска банка или светот.

Најпознато беше именувањето на Пол Волфовиц, еден од главните архитекти на ирачката војна, да ја води Светска банка. Неговите одлуки таму не беа ништо подобри од оние што ги инволвираа САД во таа катастрофална авантура. Поставувајќи ја борбата против корупцијата во врвот на агендата на Банката, тој замина на средината од неговиот мандат, обвинет за пристрасност.

Конечно, кога се чинеше дека се појави нов поредок во периодот по големата рецесија, предизвикана од САД, Г-20 се согласи (или, пак, така се мислеше) идниот шеф на ММФ да биде избран на отворен и транспарентен начин. Претпоставката беше дека исходот од еден таков процес речиси сигурно ќе биде генерален директор од земја од развојниот пазар. Пред се', главната одговорност на ММФ е да се бори против кризи, од кои повеќето се во земјите во развој - повеќе од сто откако започна катастрофалната политика на финансиско ослободување од контрола и либерализација, пред околу 30 години. Во тие борби на развојните пазари имаше многу херои.

Кризите треба да бидат внимателно управувани. Во 1997 година, погрешното управување со кризата во источна Азија, од страна на ММФ и американското Министерство за финансии, ги трансформираше надолните трендови во рецесии, а рецесиите во депресии. Светот не може да си дозволи да се повтори тој случај.

Денес, непосредната криза е во Европа, каде што се чини дека Европската централна банка (ЕЦБ) го става својот биланс на состојба и оние на европските банки - оптоварени со долгот од Ирска, Грција и Португалија - пред благосостојбата на граѓаните од тие земји. Тој долг речиси сигурно треба да се преструктурира, но бидејќи дозволи банките да се најдат надвор од кое било ниво на претпазливост и се натовари со токсични деривати, ЕЦБ сега предупредува да не се презема никакво преструктуирање или намалување на вредност. Но, малку е доцна за ЕЦБ да го опишува преструктурирањето на долгот како „незамисливо“. ЕЦБ требаше да размисли пред да дозволи да се случи ваква состојба. Всушност, повеќе отколку да размисли, требаше да направи некое регулирање за да ги спречи европските банки да станат толку чувствителни.

Сега ЕЦБ треба да размислува како да им помогне на сите, не само на банкарите кои купуваат обврзници. Новото размислување треба да ги стави луѓето на прво место, а акционерите и сопствениците на обврзници во банките на второ. Дури и ако акционерите и сопствениците на обврзници загубат се', со вистинско преструктурирање се' уште можеме да ги спасиме банките и да ги заштитиме даночните обврзници и работниците.

Каде ќе критикува идниот генерален директор на ММФ за ова прашање - и дали фискалниот спас ќе биде постигнат преку штедење, а трошоците ќе ги сносат обичните граѓани, дури и ако банкарите добиваат само благ стисок на зглобот - е критички важно, но тешко да се предвиди. И покрај пропаѓањето на стратегијата на ММФ во Источна Азија, Латинска Америка и други места, се' уште има свои приврзаници, дури и во развојните пазари.

Трката за раководната функција се одвива поинаку од она што многумина го очекуваа. Некои од најквалификуваните кандидати (и во развиените и во земјите во развој) не ја добија поддршката од нивните сопствени влади, како што се чинеше дека бара политичкиот процес. Други квалификувани луѓе од развојните пазари се против нивни вложувања во рингот - тоа е сурова работа, со распоред за патување за кој е потребна физичка сила за да одговора на мудроста и искуството.

Колку и да сакам да видам некој од развојните пазари и од земјите во развој за шеф на ММФ, првиот приоритет е да се избере лидер со потребните искуства, заложби и разбирања преку отворен и транспарентен процес, некој што ќе продолжи по патот на реформите на кој се движи Фондот. „Реалполитик“ би можело да значи дека ќе има поискусни претставници и од Кина и од САД во главниот управувачки тим, но треба да се има предвид и претпоставката дека позицијата број 2 треба да биде пополнета од Американец.

Каков и да биде исходот, ММФ, Светската банка и меѓународната заедница треба да ги реафирмираат нивните заложби за отворен и транспарентен процес - и д�� прашаат како може да се подобри тој процес. На пример, наместо номинации од владите, кои често пати не сакаат да поддржат одлични кандидати од опозициските партии, меѓународен комитет за номинирање би можел да предложи имиња. На сличен начин, промените во процедурите за гласање (јавно гласање од земјите наместо преку изборни единици, или барање кандидатите да добијат поддршка од мнозинството земји во развој и развојни пазари) би можеле да убедат повеќе претставници од развојните пазари да предложат нивни имиња. Она што го гледаме сега - отворено водење кампања, наспроти селекцијата зад затворени врати - се чини дека е чекор во вистинската насока. Но, постои надеж дека ветувањата од кампањата нема да ги врзат рацете на новиот лидер, како што често се случува во изборната политика. Поедноставни идеологии го доведоа светот во хаос во кој се наоѓа сега, а поедноставни препораки (дури и во форма на „тешко штедење“) само ќе ги зголемат проблемите.

Еден од водечките кандидати за иден генерален директор на ММФ се покажа дека е Французинката Кристин Лагард, која како министерка за финансии на Франција помогна во водењето на нејзината земја низ големата рецесија. Таа е отворен поборник за реформи во финансискиот сектор и ја доби почитта од сите со кои соработуваше.

Политиката не е секогаш срдечна за добрите кандидати. Светот треба да биде благодарен што постои најмалку еден. Каде е таа родена не треба да биде пречка за нејзините изгледи.

(Авторот е професор на Универзитетот Колумбија, добитник на Нобеловата награда за економија, и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата

на „Проект синдикејт“.)


#
Статијата е прочитана 764 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
И се оствари животната желба
И на „Фејсбук“ се протестира поради полициската бруталност
Славата, митот и крвта на ВМРО (10)
Што си направив со животот?
Смртта на момчето бара оставки
Два пасоша гаранција за ослободување на Бошкоски
Изборите завршија, на ред е отчетот пред ММФ
Раперот ја нарече Лејди Гага хермафродит
Проклети да сте
Семејството и пријателите се простија од младиот Мартин
Блиски Исток во Македонија
Загубени во бесчувствителноста
Во здраво тело, младешки дух
Нови протести против полициската бруталност
Секоја генерација има своја надеж
Омбудсманот Мемети бара одговорност за смртта на Нешковски
Македонија е следна за преговори со ЕУ
Никулци од грав причина за заразата со ешерихија коли
Хрватска во ЕУ од 1 јули 2013 година
Онлајн вести

"""