Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Брисел

Хрватска во ЕУ од 1 јули 2013 година

10.06.2011, 15:48

Европската комисија денеска даде зелено светло за прием на Хрватска во Европската унија од 1 јули 2013 година, изјави во Брисел претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо.

"Европската комисија реши да му предложи на Советот на министри на ЕУ да бидат затворени и последните четири поглавја од вкупно 35 во преговорите со Хрватска за нејзиното пр��соединување кон Унијата", се вели во изјавата на Баросо.

"Тоа го отвора патот за присоединувањето на Хрватска кон ЕУ од 1 јули 2013 година ако датумот предложен од Комисијата биде потврден од Советот", истакна Баросо и додаде дека "ова е историски ден за Хрватска и за целата Унија".

"Хрватска денеска е подготвена за чекор напред, а тоа е знак и за другите земји од Југоисточна Европа дека ЕУ е конзистентна и реформите си ја прават цената", додаде Баросо.

Шефовите на дипломатиите на 27-те членки на Унијата се повикани од своја страна да го дадат своето одобрение на 21 јуни, неколку дена пред средбата на врвот на европските лидери, соопштија дипломатски извори во Брисел.

Преговорите со Хрватска долго време беа во ќор-сокак поради поглавјето правосудство. ЕУ бараше од Хрватска да одбележи напредок во областа на борбата против корупцијата, потрагата по воените злосторници и соработката со Хашкиот трибунал, како и да изврши реформа во правосудството, што ќе обезбеди независност на судиите.

"Не верував дека Хрватите ќе успеат да го постигнат тоа. Но, за една година тие целосно го реформираа судскиот систем", изјави денеска еврокомесарот за правда, Вивиен Рединг.

Хрватска ги почна преговорите за присоединување кон ЕУ во 2005 година. Хрватска е втора држава од поранешна Југославија што ќе влезе во ЕУ по Словенија, која стана членка на Унијата во 2004 година.


#
Статијата е прочитана 228 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
И се оствари животната желба
И на „Фејсбук“ се протестира поради полициската бруталност
Славата, митот и крвта на ВМРО (10)
Што си направив со животот?
Смртта на момчето бара оставки
Два пасоша гаранција за ослободување на Бошкоски
Изборите завршија, на ред е отчетот пред ММФ
Раперот ја нарече Лејди Гага хермафродит
Проклети да сте
Семејството и пријателите се простија од младиот Мартин
Блиски Исток во Македонија
Загубени во бесчувствителноста
Како да се избере идниот лидер на ММФ
Во здраво тело, младешки дух
Нови протести против полициската бруталност
Секоја генерација има своја надеж
Омбудсманот Мемети бара одговорност за смртта на Нешковски
Македонија е следна за преговори со ЕУ
Никулци од грав причина за заразата со ешерихија коли
Онлајн вести

"""