Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Смртта на момчето бара оставки

Соња Крамарска

Премиерот Никола Груевски, веројатно, ни во најлошиот кошмар не претпостави дека славењето на новата победа ќе започне со црни хроники. Со убиство на 22-годишно момче, во миговите кога тој и неговите соработници наздравуваа со шампањ „за поразот на Црвенковски“. Опиен од победата, припадник на специјалните полицис��и единици го запечати славењето со два удара врз младиот Мартин Нешковски. Смртта на Мартин за само еден миг ги фрли во длабока сенка изборите.

Но, приказната не завршува тука. Полицијата се обиде да го премолчи настанот. А, според изјавата на семејството, дури се обиделе да ги поткупат за да молчат. Полицијата и Владата кои се опишуваат себеси како транспарентни. И отчетни.

Е, па, ќе има ли отчет за убиството? Зошто немаше јавно апсење на полицискиот припадник што го уби момчето, ќе пратат ли слики до медиумите од него легнат на земја, со лисици на рацете. И, конечно, ќе отиде ли министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, да го теши семејството на убиениот, како што отиде да го теши стечаецот за навредата „од Бранко“.

Не, не се случи тоа. До вчера не видовме ни изјава со сочувство до семејството, освен попатната порака на министерката Јанкулоска на прес-конференција. Единствено што гневната јавност можеше да види се невештите изјави на портпаролот на МВР, Иво Котевски, при што еднаш се обиде да го забошоти случајот, а откако приказната експлодира во медиумите и на социјалните мрежи, даде само основни податоци. Од Гордана Јанкулоска, пак, која е се' уште министерка за внатрешни работи - два дена немаше ни трага ни глас. Зафатена е со Љубе Бошкоски.

Здодевно е веќе да се повторува дека во демократски држави таков случај повлекува оставка на цели полициски врвови. Доволно е да се потсетиме на случката со протестите во Атина кога заталкан полициски куршум погоди момче. Улиците на главниот град на нашиот сосед тогаш беа преплавени од демонстранти, кои маршираа цела година, а политичкиот врв едвај извлече жива глава. Овде, пак, наместо одговорност, видовме закани од полицијата дека ја следи дебатата за убиството на „Фејсбук“ и дека ќе презема мерки.

Вистина е дека полициска бруталност може да се случи во секоја земја. Се случувале и убиства по грешка. Се' е можно кога работат луѓе со различни табиети и свест. Но, таму таквите случаи веднаш добиваат разврска во која системот возвраќа со еднаква жестина кон сторителот на делото. Америка има секој ден судења на војници што ги пречекориле овластувањата во Авганистан и во Ирак. Државата не смее да се претвори во убиец затоа што тоа е катастрофално за демократијата и за човештвото.

Македонија не ја научи таа лекција. За македонските влади тоа се само непријатни случаи, а не случаи кога треба да покажат принципиелност, одговорност и транспарентност. Принципиелноста значи законот веднаш да реагира, одговорноста значи министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, веднаш да поднесе оставка, а транспарентност значи полицискиот врв да излезе и да го раскаже случајот без задршка и калкулации.

Некој треба да се извини за тоа сурово убиство. Но, не само сторителот, туку и државата, односно оние што ја претставуваат. Извинување и сочувство јавноста очекува и од ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија во чии раце се полицијата и Владата. Нели се народна партија, нели се христијани, верници. Гневот на јавноста е голем и нема „владина мерка“ со која може да се поправи. Но, треба да има барем отчет.


#
Статијата е прочитана 3337 пати.

Испрати коментар

Од: gragjanin
Датум: 09.06.2011 00:26:01
Kakva ostavka? Pa ministerkata E VO OSTAVKA. Ne samo taa, celata vlada poradi izborite beshe vo ostavka dodeka ne se izbere novata
Од: trpe original
Датум: 09.06.2011 01:25:40
Pa Vie se salite? Ostavki? Ej, osvestete se, koj od niv dava ostavki?
Од: Caki
Датум: 09.06.2011 02:19:39
Najmalku 8 natpisi na ovaa tema vo vesnikov.Koj ve lazhel deka na zapad davaat ostavki za vakov sluchaj?Vo Germanija imashe desetici mrtvi tinejgjeri na rejv parti...gradonachalnikot ne dade ostavka, a da ne zborime Merkel da dade ostavka!Shto vi e na vas silni novinari?Kako mozhe Gruevski da e kriv za nekoj budala shto go ubil deteto?Ako e taka togash kriv e i Crvenkovski...poshto neli toj ja pravel drzhavata a so toa i policijata.!!Vo niedna evropska drzhava policijata, dodeka trae istragata, barem prvite nekolku dena ne kazhuva detali!A shto ako ubiecot ne bil vo pobednichka euforija, tuku vo gubitnichki bes pottiknat od sskanjeto na opoziciskite medii?Shto ako e simpatizer na sdsm?Ne znaeme......molchi gadot!
Од: Ac od Avstralija
Датум: 09.06.2011 03:56:00
Ubiecot e simpatizer na SDSM. Go ubi Martin, koj bese simpatizer na VMRO. G-go Sonja, koj vo ovoj slucaj treba ostavka da dade?
Од: Виктор
Датум: 09.06.2011 05:04:35
Браво бе Цаки, Бранко пак е крив, а сегде е нормално државата, односно МВР да ги штити убијците наместо да ги расветлува убиствата. Не се правете недоветни, оставка т.е. ненаименување на Јанкуловска не се бара затоа што полицаецот го убил детето, туку затоа што два дена МВР ја ЛАЖЕ јавноста. Сите го чувме Котевски како вели дека случај нема.
Од: Do Caki
Датум: 09.06.2011 05:20:41
Ti ili si 'slep', ili mislis deka drugite se slepi. Vo koj svet zivees, vakov presedan ne se slucuva ni vo Avganistan, kamo li zemjite sto gi spomnuvas. Neverojatno potcenuvanje na tugata tragedija i maka. Zamisli deka sekomu od nas moze da mu se sluci ova - policaec da ti go ubie deteto, krvnicki? Nitu SDSM, nite A1 nitu Utrinski navredija nekogo, kamo li da ti dignat raka. Aram da vi e i na tebe i tie sto gi izglasavte ovie nasilnici.
Од: cvete
Датум: 09.06.2011 07:38:59
A da organiizirame novi predvremeni izbori. Moze sega narodov ke se premisli. Sega treba DUI da go nagovarate da ne koalicira so nenarodniov rezim. Moze taka nekako, a vo megjuvreme nekoe mlado albance da zagine po ulicive nistocudo.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.06.2011 07:51:02
Разбирливо е оваа о-рук писание за несреќната судбина на момчето кое загина од малтретирањето на алфа-убиецот .Но неразбирливо е тражењето оставки без да при тоа не се подсетиме на слични и пострашни деанија на оние кој заговараа оставки поради партиско покирање на сопствениот пораз.Ниту се прифати оставка за атентатот на Глигоров,ниту се поднесе оставка за Карпалак и да не набројувам повеќе.Опозицијата нека се фокусира на својот дебакл ова нее алиби,туку мизерно користење туѓа несреќа.
Од: Gordan
Датум: 09.06.2011 08:17:17
Caki, si gi pobrkal loncinjata. Ne e najgolemiot grev na vlasta sto "nekoja budala go ubila deteto", tuku mizerniot obid da go zabosoti nastanot, da gi proglasi za vinovni mediumite sto se drznale da plasiraat takva "dezinformacija" vo momentite na nivnata proslava, sto ima dvoen arsin za svoite pripadnici i za celiot ostanat narod, sto nema ni p od pravna drzava, odnosno sto ima krajno selektivna primena na pravoto. A bidejki sakas sporedbi, seti se sto se sluci vo Grcija koga na slicen nacin momce bese ubieno od pripadnik na policija.
Од: M
Датум: 09.06.2011 08:17:17
Do Caki, Na rejv partito policijata gi utepuvase tinejdzerite? Ministerstvoto e vinovno za svoite ptipadnici zatoa sto toa gi selektira pa potoa gi obucuva i instruira kolkava doza prinuda moze da primenat.Ako primile kako sto ti velis "budala" ne sum jas vinoven za toa tuku Ministerstvoto. Obidot da se opravda Ministerstvoto koe najprvo izleze so soopstenie deka na momceto nema tragi od nasilstvo, pa otkako se pojavija na " opoziciskite" mediumi svedoci na nastanot povtorno izjavi deka nemaat informacii,iako od sudska medicina veke bile informirani za pricinite za smrtta. Konecno nemoj kako Latas narecen "fabrika za gluposti" da se obiduvas da ja izmanipuliras vistinata vo stilot-"za ova e kriv Branko".Ubiecot edno vreme bil i telohranitel na Gruevski. Premnogu e tazno zaradi smrtta na mlado momce da branis neodbranlivo i pokraj ociglednata ljubov kon partijata na vlast.
Од: USA
Датум: 09.06.2011 09:13:54
"Америка има секој ден судења на војници што ги пречекориле овластувањата во Авганистан и во Ирак". Tocno, ama ne se pravi toa za den, dva... Za baranjeto ostavka: Da ja zamenime Jankulovska so Frcko, mozebi ke e podobro??? Ili....mozebi ne.
Од: Пинг
Датум: 09.06.2011 09:22:15
До Caki: Море Caki, ептен ги имаш испомешано работите. Кога некој се крие-забошотува злочин, како што го правеа Вашите цели дваипол дена, тоа не само што повлекува политичка одговорност, туку за тоа се одговара КРИВИЧНО-ЗА СОУЧЕШНИШТВО. А ќе биде еден ден. Ќе мора да биде, за да не дојдеме сите на ред. Поздрав до сите Ваши и Наши. И Caki, пишувај Кирилица, многу е едноставно. Ако незнаеш прашај некој од Вашите, а ако и тие незнаат, прашај некој од нашите.
Од: доста цензурирате
Датум: 09.06.2011 09:39:42
2 дена не ми објавувате коментари. Го осудувам убиството на момчето, но не и политичката хајка која се спроведува. Ове настан што се случува секаде и тоа често. Во Лондон во подземната го застрелаа бразилскиот студент специалци од МИ5 само затоа што бегал. Па од алфите пред 6-7години настрада 14г ромче, се заташка работата.Да не одам подалеку назад, со лопати ке дадам пшримери. Еве вчера во Хрватска полицијата по американски терк го застрела возачот кој наводно не застанал, за срека само е ранет. Одите во УСА бегајте му на полицаец, може и да ве застрела. Значи има институции, а полицијата од секога�� употребувала сила, се секавам во 50/60- те при излегување од Градски стадион ,полицајци на коњи тепаа со пендреци, таткоми ме носеше на рамињата да не ме згази толпата.
Од: skopje
Датум: 09.06.2011 09:41:21
DO CAKI: Sramota, najzalosno e sto kako Caki i uste 400000 luge glasaa za ovaa fasizoidna vlada, Pa ova luge go nema ni vo africkine divi pleminja, SRAMOTA za MAKEDONIJA
Од: deli
Датум: 09.06.2011 09:46:57
Koj e CakiI? Od kakva familija? Ima - li roditeli? Braka, sestri, žena, deca, komšii, prijateli...? Čustva, ima-li?
Од: Bobi
Датум: 09.06.2011 09:50:11
Ма каква оставка! Треба кривична одговорност за прикривачите на убиството - на чело со министерката. Само на тој начин може да се врати довербата на народот кон оваа институција
Од: Борче Каменица
Датум: 09.06.2011 10:50:42
Гласав за тебе Никола! Едвај некој збор проговори за сочуство и пак се фрли кон напад на СДСМ! Верувам ако не беа СДСМ и медиумите ќе го затачкавте ова како и што се обидовте! Иво Котевски 2 часа пред да се објави ладнокрвно велеше дека нема информација за таков случај и повикуваше кој има информации да даде! Тврдеа дека немало знаци на насилство а детето било претепано! Срамота за тебе ,за Иво и за Гордана.Барај одговорност и од другите полициски структури што 2 дена го криеја ова!
Од: navredena
Датум: 09.06.2011 10:56:51
Navredena sum od toa sto nemav nikakvo zadovolstvo od apsenje na policaecot. Baram premiera, zosto ova bese samo generalna proba. Baram da se soberat site kameri i televizii, da ima javno soopstenie za vremeto i mestoto na apsenjeto na policaecot. Naviknav da uzivam vo javnite pretsavi od ovoj tip, Zosto sega toa mi go uskrativte? Nema pogolemo zadovolstvo koe vo izobilie ni go pruzase staro-novata vlast i jas sum veke zavisnik od tie sceni. Mi nedostasuvaat, dobivam apstinencijalen sindrom, mi se tresat racete koga, vaka po greska, od "nemarnost "da zabasurat" tolku golemi spektakli. Za site imase takva predstava, site kolektivno ucestvuvavme vo toa, tolku mnogu se naviknavme. Zosto? Zosto da nema javno apsenje vo stil?
Од: do koga:do Felix-nepreroden
Датум: 09.06.2011 11:28:41
Ti be coveku gi pomina site granici!Sto ima SDSM so slucajot?Gi prifatija li rezultatite od izborite?Mu cestitaa li na pobednikot?Se raboti za toa sto celata javnost ja pravat maloumna i dva dena se obiduvaat da go zataskaat slucajot.I samata majka niz solzi izja vi deka ovie bezdusnici pregovarale za da ne se izjavuva deka drzavata preku svoite organi go ubile deteto.I na kraj ako onaa bedna ministerka imase doblest,sto ne otide doma da im dade socuvstvo na roditeli,tuku otide kaj onoj tepac na studenti!Kakva mizerija!
Од: Загрижен и уплашен граѓанин
Датум: 09.06.2011 11:54:17
НЕ оставки, ОДГОВОРНОСТ и тоа кривична, а на семејството барем материјална надокнада и тоа од ТИЕ кои се сторители на овој злочин.
Од: Regan
Датум: 09.06.2011 12:28:31
Искрено сочуствувам со родителите на младиот човек.Секој кој предизвикал насилна смрт заслужува осуда.Но осуда заслужува и ликувањето на некои медиуми над оваа трагедија.Хајкава ме потсети на “Хард рок“(жртва 16 годишно девојче),“поштарот“ застрелан на улица како куче,атентатот на Глигоров,смртта на Трајковски,и многу други.Протестите против насилството од страна на поединци во полицијата треба да се подржи,но начинот на политичката конотација од некои медиуми (на жалост и од Утрински) личи на злоупотреба на една смрт.
Од: Skopjanka
Датум: 09.06.2011 12:34:35
Abe vie dali ste normalni ?Kje mi prodavate bubrezi tuka ,prvo se branea so toa deka politika se mesha vo ovoj nastan , sega obvinuvaat deka Spasov bil sipmatizer na SDSM. Boze , do kade odi coveckata glupost. Samo kje kazam deka mi e zal za site lugje na koi im se isprani mozocite , mislev deka ova ubistvo barem kje im ja razbistri glavata no ne ! Oni uporno veruvaat vo toa shto nivnite stocari go kazuvaat. Pa dobro be i slep vide deka se obiduvaat da go skrijat ubistvoto , deka ne sakaat da prevzemat nikakva odgovornost , deka ne sakaat losh komentar za niv . Abe narode osvesti se !
Од: za Caki i Feliks
Датум: 09.06.2011 12:52:24
Za nedovetnite Caki i Feliks. Na rejv party zaginaa mladi, ne se prifati ostavka za Atentatot na Gligorov, nitu za Karpalak i t.n. Ispomeshavte babi i zhabi! Branite neshto shto nemozhe da se odbrani! Tie sluchai se razlichni od ovoj, a i da se isti, dali zatoa ne treba da ja osudime policijata za storenoto nedelo? Dali treba se' da ostane isto? Neka vi ubijat na vas nekoj blizok, pa da vidam togash kako ke ja branite vlasta. Vo sluchajov se raboti I ZA PRIKRIVANJE na zlodeloto!!!!!!
Од: tihi
Датум: 09.06.2011 13:03:00
Koga li ke vi pomine merakot????
Од: трајко
Датум: 09.06.2011 14:49:27
почитувана г-гице Соња Крамарска, познавајќи го човекот кој го уби детето, што навистина ми е жал и чувстувам тежина во душата поради тој чин, сакам едно да ви кажам тие луѓе боледуваат од поствоен сидром како што боледуваат и други поранешни припадници на кој војувале во бивша СФРЈ, тоа мора институциите на системот да го разберат како горчлив проблем, како што го разбраа хрватските институции. малку повеќе да истражувате на оваа тема.
Од: Do Deli
Датум: 09.06.2011 15:21:51
Choveku ne e tocha tezata deka vlasta sakashe da zaboshoti.Prviot den se zboreshe za Daniel i "Alfi" pa pomina vreme dodeka kutroto momche go indentifikuvaa...pa autopsija...pa iskochi deka e "Tigar" jas mislam deka ednostavno nemaa dovolno informacii......te razbiram machno e shto diskutirame za ova vo ovoj tazhen moment za kutrite roditeli..no ne treba da go pravime loshoto ushte polosho!Ubiecot kje si lezhi i toa dolgo
Од: mihajlo
Датум: 09.06.2011 15:22:44
Znaete li sto e najtragicno vo seto ova.Ovaa prepiska ce trae kako i sekoja slicna na nea,a na glasanje odime ponovo za policiska drzava neka ni e na zdravje.Ne e slucajno sto rekle: "kakov narod takva vlast zasluzuva". neka pociva vo mir nasiot sogradjanec.Pamerenjeto ni e slaba strana,no sto da se pravi,toa sme nie i takvi ce si ostaneme.Za ova najdobro e Branko da dade ostavka.Kriv e toj i nema sto ponataka da se pravi.Kriv e zatoa sto blagodarenie na nego pobedija drugi.
Од: Gneven
Датум: 09.06.2011 15:24:41
CAKI postavuvas prasanje, demek sto ako ubiecot e simpatizer na SDSM, a be IDIOTU zar e toa bitno za brutalnoto zgasnuvanje na eden mlad zivot? Poradi takvi debili i izrodi od luge vo koi go vbrojuvam i FELIX, Vmroovcite se povtorno na vlast.Toa e i opstoto nivo na VMRO so nepismenata prostacka masa, koi taka moze da razmisluvaat za edna covecka tragedija.Neka ne se laze Vmrovskata vlast deka nivnoto bezakonie vecno ke vladee, Gospod gleda i vraka!
Од: ..
Датум: 09.06.2011 16:04:28
Bravo Sonja! Mnogu ubavo kazano.
Од: Сандра
Датум: 09.06.2011 17:50:19
"Kako mozhe Gruevski da e kriv za nekoj budala shto go ubil deteto?" Ако Груевски е заслужен за квалитетната работа на полицијата, и тоа си го печати во предизборен отчет- тогаш Груевски е одговорен кога полицијата ќе излезе од контрола. Некој од влас��а мора да одговара! Бараме отчет!
Од: Dobri
Датум: 09.06.2011 18:14:10
Ostavki davaat samo luge so visok moral i so vospituvanje na nivo. Nedokvakani amatercinja ministercinja, so tesni pogledi na se okolu niv se odnesuvaat kako tie sega.
Од: ivan
Датум: 09.06.2011 20:04:40
ako gruevski saka da ostane premier treba na mijalkov,todorov i na urko da im kaze zbogum.no ako ne e sposoben toa da go stori togas treba da bide podgotven da se sooci so gubenje na vlasta.treba da izbere
Од: CPB
Датум: 09.06.2011 21:20:31
Sramota e ova shto go pravite i shto uporno go branite Gruevski i negovata ekipa.. Smrtta na ova mlado momche ja zloupotrebuvate za nekoj vasi politicki celi koj sto nikogas nema da vi se ispolnat, samo pravite galama i kucate po internetov namesto da otidete na protest kako pravi patrioti i da se borite za pravdata da se zadovoli.. Ova momce go izgubi zivotot od pripadnik na SPECIJALNA EDINICA, a ne od obicen covek.. Gospodinot "TEPAC-TIGAR" namesto da odi da ja brani drzavata vo aracinovo i kondovo, toj ubi momce od 50 kila koj sto da go promasel toa momce ke umrelo... Prekinete so vasite politicki komentari, vekje dosta e.. go prevrtuvate Martin vo grob.. Gospod ke ve kazni.. Sramota e ova sto go pravite..

Најди! во Утрински
Насловна
И се оствари животната желба
И на „Фејсбук“ се протестира поради полициската бруталност
Славата, митот и крвта на ВМРО (10)
Што си направив со животот?
Два пасоша гаранција за ослободување на Бошкоски
Изборите завршија, на ред е отчетот пред ММФ
Раперот ја нарече Лејди Гага хермафродит
Проклети да сте
Семејството и пријателите се простија од младиот Мартин
Блиски Исток во Македонија
Загубени во бесчувствителноста
Како да се избере идниот лидер на ММФ
Во здраво тело, младешки дух
Нови протести против полициската бруталност
Секоја генерација има своја надеж
Омбудсманот Мемети бара одговорност за смртта на Нешковски
Македонија е следна за преговори со ЕУ
Никулци од грав причина за заразата со ешерихија коли
Хрватска во ЕУ од 1 јули 2013 година
Онлајн вести

"""