Еминем
Раперот ја нарече Лејди Гага хермафродит
Еминем во својата нова песна „A Kiss“ повторно „опеа“ некои од своите колеги. Покрај Џастин Бибер и Кејти Пери, во песната, меѓу другите, се нашла и Лејди Гага, а играта со зборовите „mail“ (пошта) и „male“ (маж), кои во англискиот јазик еднакво се изговараат, доведе до нова зафрканција на сметка дека контроверзната пејачка е хермафродит.
Гласиштата за тоа дека Лејди Гага има машки и женски полови органи тргнаа во 2009 година откако од одредени фотографии можеше да се насети дека пејачката „има уште нешто“ во гаќичките. Пејачката подоцна рекла дека намерно ставила вештачки пенис во гаќичките за настапот. |