Бен Афлек
Работата цути, љубовта венее
Бен Афлек, златното момче на Холивуд, моментно преживува брачна криза, ама ги живее блескавите моменти во професијата
Моментно неговата поубава половина, Џенифер Гарнер, му има поставено ултиматум: или ќе ја носи на снимањата, заедно со ќерките, или може да си замине. Бен Афлек сосема го запостави семејството - ретко е дома, а и кога тоа ќе се случи сосема е незаинтересиран за „околината“.
„Секогаш е уморен, се извлекува со обврските на работа, а одморот го наоѓа во далечинскиот управувач“, велат нивните блиски луѓе, кои не сакаат да го откријат својот идентитет.
Бен Афлек е докажан актер. Тоа, секако, не значи дека досега немал промашувања. Арно ама, повторно блесна со последните филмови „Ган бејби ган“ и драмите каде што се има пробано и како режисер „Друштво за мажи“ и „Градот“ и повторно ги живее своите најуспешни моменти. Бен, всушност, излезе од актерската криза зафаќајќи се со режија, областа за која докажа дека и' е дораснат, надитрувајќи ги неверните Томовци кои очекувале - фијаско.
И за да потврди дека не станува збор за почетничка среќа Бен го сними и „Градот“ посветен на неговиот роден Бостон.
Како и да е, актерот со режисерски амбиции ќе мора малку да забави. Со оглед на тоа дека е семеен човек, сигурно, ќе се коригира и ќе и' се посвети на Џенифер и на ќеркичките Вајолет и Серафин. |