Неделен хороскоп
ОВЕН
Упорни сте во своите намери, а соработниците имаат позитивно влијание врз вашата ангажираност и деловна процена. Во ситуации кога се испреплетени работниот успех и емотивното задоволство, чувствувате психолошки притисок и дополнителна одговорност. Слободно прифатете го новиот работен предизвик, како добра можност да ја тестирате својата поддршка. Се' има вистинска смисла, ако постојат заеднички договор, хармонични односи и добра волја. Не дозволувајте некој отстрана да ја нарушува вашата семејна хармонија или љубовниот однос.
БИК
Изгледате многу амбициозно и се обидувате да бидете присутни на различни страни. Околината ве ��оттикнува на креативно изразување. Во зависност од личното интересирање или од мотивацијата, избирате варијанта што носи и најдобри резултати. Сепак, не дозволувајте во вас да надвладеат нескромноста или потребата да одлучувате за заедничките интереси. Имате добро претчувство и сакате да ги остварите своите љубовни намери. Емотивно инспирирани, светот околу себе го гледате како да се наоѓате на „врвот“ на среќни влијанија и можности.
БЛИЗНАЦИ
Важно ви е да остварите нови или поперспективни контакти на деловната сцена. За вашите идеи да привлечат внимание во јавноста, треба да оставите добар впечаток во секој поглед. Од вашето севкупно вложување и дипломатски такт, зависат конечните
резултати во деловните преговори. Важно е правилно да ги наметнете или да ги истакнете своите способности. Изгледате задоволно во љубовниот живот, покрај вас се наоѓа лице што искрено се грижи за вашите емотивни желби и потреби. Доколку сте
слободни, ве очекуваат различни покани за средби.
РАК
Вознемирени сте поради новите случувања на деловната сцена и се обидувате да решите едно недоразбирање. Сепак, нема причина за паника и за избрзување. Треба да спроведете брза, но промислена акција за да ги дефинирате заедничките интереси и
приоритети. Способноста за добра концентрација и за правилна процена ја зголемува вашата шанса за успешни резултати. Нема потреба да губите скапоцена енергија. Упорно се обидувате да го смените однесувањето на партнерот или да влијаете врз
случувањата што не зависат од вашата волја.
ЛАВ
Упорни сте во своите намери, а соработниците имаат позитивно влијание врз вашата ангажираност и деловна процена. Во ситуации кога се испреплетени работниот успех и емотивното задоволство, чувствувате психолошки притисок и дополнителна одговорност. Слободно прифатете го новиот работен предизвик, како добра можност да ја тестирате својата поддршка. Се' има вистинска смисла, ако постојат заеднички договор, хармонични односи и добра волја. Не дозволувајте некој отстрана да ја нарушува вашата семејна хармонија или љубовниот однос.
ДЕВИЦА
Одвреме-навреме имате големи амбиции или нескромни очекувања во средбите со соработниците. Сакате да профитирате во работи што не припаѓаат во вашата основна надлежност. Важно е да бидете правилно информирани за новите случувања на работната сцена и да нудите практични решенија од заеднички интерес. Изгледате растреперено, се обидувате да уживате во различни ситуации или да ја почувствувате убавата страна на љубовниот живот. Во своето еуфорично расположение, запоставувате некои семејни обврски или едно драго лице.
ТЕРЕЗИЈА
Треба да осмислите добра работна стратегија која ќе ви овозможи успешно да се ангажирате на различни страни. Се' се сведува на добро планирање и на правилна процена на реалните можности. Се наоѓате во фаза на креативен подем во работната хиерархија. Задоволството што ве следи во односот со саканото лице претставува поубав дел од стварноста. Емотивната инспирација и фантазија се неисцрпни ако се наоѓате во вистинско друштво или со лице кое кај вас предизвикува позитивни мисли и енергија. Зачувајте го емотивно-романсиерскиот поглед на светот.
СКОРПИЈА
Се соочувате со нови дилеми. Некој ве наговара да продолжите со започнатите работи и да не се осврнувате на различните предупредувања. Одвреме-навреме чувствувате недостиг на волја и концентрација во објавувањето на некои рутински задачи. Не сакате да ги пречекорите своите работни овластувања, па затоа ја одложувате конечната одлука. Ви недостига емотивна поддршка, но не дозволувате некој да ги менува потребите или основните критериуми. Партнерот често отсуствува, од вам непознати причини, па така ви го скратува емотивно внимание.
СТРЕЛЕЦ
Активни сте на деловната сцена и не сакате некој да ве забавува во плановите што ги имате. Наместо да фаворизирате натпреварувачки однос со соработниците, сменете го својот стил на однесување и не влегувајте во финансиски или во имотен ризик. Здружете ги своите деловни интереси со проверен тим, што ветува успешна и долгорочна соработка. Чувствувате емотивен немир, саканото лице умее лесно да ве поттикне на бурна реакција или на силни изливи на емоции и страст. Важно е заеднички да одговорите на љубовните дилеми.
ЈАРЕЦ
Не пропуштајте ја прекрасната бизнис можност. Обновете некои деловни врски или контакти, придружете му се на тимот соработници за кои ве вр��уваат слични аспирации и професионални интереси. Важно е да се определите за варијанта што овозможува напредување на работното место. Бидете внимателни со вложување на парите и имотот. Ви импонира сознанието дека се наоѓате во центарот на вниманието. Различните средби на вас влијаат мошне поттикнувачки. Во љубовниот живот доживувате нова радост и блискост во односот со саканото лице.
ВОДОЛИЈА
Сплет на различни околности на деловната сцена налагаат да прифатите нова улога, која бара подобро приспособување и делумно го ограничува вашето влијание. Потребни ви се дипломатски манири и поширока компромисна варијанта, како
успешна формула што носи добивка. Добро се снаоѓате во деловни ситуации кои можете да ги приспособите на своите мерила на вредности. Нема причина да ја провоцирате својата љубовна среќа. Треба да остварите позитивен ефект во секој поглед. Бидете дискретни со љубовните проблеми.
РИБИ
Бидете доволно трпеливи – на заобиколен начин можете да остварите поповолни резултати на различни страни. Наскоро ве очекува еден вид заслужена награда или материјален надомест, како потврда за вашите професионални способности и влијанија. Партнерот се обидува да ве расположи на различни начини и да ги исполни вашите очекувања. Емотивното разбирање и заемното дополнување во љубовниот однос претставува позитивно раздвижување во однос на некои претходни случувања. Прифатете добар љубовен предлог.
|