Систематското „убивање“ на дискусијата во нашето општество е убиство со предмисла на демократијата во државата
ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ
Врие во Европа. Масовни штрајкови во Франција, сериозни дебати за иднината на ЕУ во Германија, танталови маки да се спаси Грција од економска пропаст... Се развиваат идеи да се казнат непослушните членки на Унијата, да се избркаат (привремено) од клубот ЕУ, да се научат на ред и солидарност. Да сфатат дека големите нето-донатори во ЕУ не можат бескрајно да ги толерираат финтите и ситните подметнувања на посиромашните членки на Унијата. Со еден збор, се бара излез од кризата. Главниот тренд е сосема јасен: општествата бараат од државите кризата да ја понесат на свои плеќи и на самите владејачки кругови, а не само работничките слоеви.
Во Македонија не врие, ама се крчка. Мрачниот проект на владејачкава хунта, зачинет со идеолошка подлога од најмрачните подруми на некои одамна запретани Азазели, веќе петта година сее страв и се обидува да ги доубие веќе и онака шашардисаните остатоци од она што се нарекува граѓанска свест, отпор или едноставно повик за поинакво мислење.
Дека идеологијата на нашиве властодршци не е ништо повеќе од обично берење на скапаните цреши од прилично разгранетото дрво на политичките идеологии, покажува и фактот дека најгласните идеолози - интелектуалци на оваа власт се немаат појавено во јавноста скоро две години. Можно е да се разочарани, да не очекувале ваков идеолошки параспур од технократот Никола, да имале добри намери на почетокот... Но, како да го прифатиме фактот што тие идеолози се' уште држат раководни функции, се' уште редовно земаат општински паушали и дневници, и конечно, се' уште ревносно креваат раце и ги гласаат проектите на оваа власт?
Карл Шмит, еден од најсериозните критичари на либералната демократија од триесетите години на минатиот век, пишуваше дека демократијата во либералните општества е сведена на гола дискусија, а со самото тоа е неефикасна да ги решава проблемите на граѓаните. Како антипод на дискусијата, Шмит подоцна го деривира поимот децизионизам, аргументирајќи дека власта (а подоцна само и единствено Фирерот), со самото тоа што е власт, има право да донесува одлуки со што во корен ќе ја сосече дискусијата и полесно и поефикасно ќе ги спроведува политиките. Се разбира, ваквото радикално поставување на политиката (што датира од антички времиња) кај Шмит завршува со легитимација на нацистичкиот режим во Германија.
Отсуството на дискусија во нашето општество е типичен дериват на таквите тоталитарни идеологии. Не само што во Македонија не постои квалитетна дебата помеѓу општествените чинители, туку секој обид за дебата во старт се девалвира, обезличува или, во најлош случај, се претепува „дебатерот“ (случајот со студентите по архитектура на плоштадот). Една од најважните придобивки од демократската власт е токму власта да овозможи непречена дискусија за нејзините политики, но и за други теми кои ги тангираат граѓаните. Опозицијата може постојано да бара дискусија со власта, но ако власта однапред одлучила да ја минира дискусијата, тогаш имаме проблем со нивото на демократичност на власта.
И, како изгледаат нашите телевизиски или конференциски дебати? Разговор на глуви и неми. Или власта одбива да прати свој претставник, или ги праќа неколкуте дежурни виновници, роботизирани и обучени југенди дојдени со цел во старт да ја убијат дебатата, постојано да дефокусираат од темата на дебатата, постојано да манипулираат со разно-разни периферни глупости, да помине времето за реклами и, оп, завршила дебатата. Гледачот седи пред малиот екран, се кае за потрошеното време пред телевизорот и си ја повторува мантрата „сите се исти, исто зборуваат, иако едниот имаше поубава вратоврска денес“. Е, па не се сите исти. Не може да бидат сите исти ако едните постојано и аргументирано предупредуваат на лошото владење на сегашнава власт, а претставниците на власта постојано репетираат со небулози од типот „ама во ваше време беше полошо, ама транзицијата, ама светската економска криза...“.
Затоа, нека не се возбудуваат премногу вмровците кога им велам дека во нивното владеење има елементи на прото-фашизам. Подобро ќе биде да се запрашаат (барем оние малкумина што се' уште критички размислуваат, иако само по дома) зошто им го велам тоа и зошто се осудувам да употребам толку „тежок“ збор. Систематското „убивање“ на дискусијата во едно општество е убиство со предмисла на демократијата во државата.
Во сето ова има и доза на невидена ароганција на власта. Како инаку да се сфатат добронамерните проекти на СДСМ за спас од сегашнава катастрофална состојба. Како е можно власта бесрамно да лаже дека СДСМ нема програма, а кога СДСМ ќе и ги понуди своите проекти на власта (гратис!) тие да велат дека тоа не се добри проекти или дека тоа се нивни проекти.
Многу е смешно што по секој понуден проект од страна на СДСМ, власта излегува веднаш со реакција дека тоа е нивни проект кој, ете, се' уште не го објавиле во јавноста! Неверојатно е, дека по секоја прес конференци��а на СДСМ на која се обзнанува некој нов проект, јавноста да дознава дека и ДПМНЕ имале некаква идеја и баш таа истата. Можеби и некој ќе поверуваше да не бевме сведоци на секојдневната агресија на ТВ-екраните кадешто власта се фали со сработените проекти од типот отварање на водна пумпа во село икс или тениско игралиште во село ипсилон. Баш чудно како заборавиле да го промовираат концептот на СДСМ за нов Клинички центар на кој, ете, шест месеци работеле ама ја чекаа прес конференцијата на СДСМ да се сетат и да го извадат од фиока. Истото важи и за проектите „Инвестиции сега“ и „Стан за секого“ кои, нели, биле бајати проекти иако Сојузот на стопански комори отворено ги поддржа.
Да не заборавиме, СДСМ уште пред една година упати повик до Владата да се отрезни од шарените реклами и да се зафати со проблемите на граѓаните. Во тој повик, ние отворено и' ја понудивме поддршката на Владата заеднички да ја пребродиме елементарната економска непогода креирана од самата Влада. СДСМ е целосно свесен дека по изборите ќе треба да се соберат сите општествени сили и сите заеднички да ја вратиме државата на нозе. Тоа е тежок предизвик, особено по ваквото расипничко владеење на ДПМНЕ. Токму заради тоа и се одлучивме дел од проектите на новата Влада на СДСМ да му ги понудиме на Груевски. Но, очигледно е дека кај ДПМНЕ нема волја за дискусија и за соочување на аргументи за подобрување на стандардот на нашите граѓани. Нејсе, си велам, со сила не можеш да им дадеш, како што тие со сила може да ни земат. Леле какви времиња дојдоа, СДСМ да му нуди спас на Груевски од самиот себе.
Немајќи простор ни мегдан за соочување меѓу разумни луѓе, а во ситуација кога сите анкети покажуваат огромно разочарување на граѓаните од политиките на оваа власт, ние одлучно велиме: единствен спас за оваа држава е заминувањето на Никола Груевски од власта. Па кој ќе преживее, ќе раскажува.
Зарем тебе те одбраа во сдсм за да компромитираш пишувајќи секакви писанија?
Од: jovan
Датум: 22.10.2010 15:12:50
Vaka Gordane. Vo Evropa vrie, bidejki site se neposlusni, pa spored toa prasanje e koj kogo ke kaznuva, kako i kolku. Ispaga deka ke treba sekoj sekogo da kaznuva, ili sekoj sebe da se kazni, pa bidejki toa e nevozmozno(ili nelogicno)pa ke gi snajde "interesno"Yugoslovensko scenario.Raspad.Sto se odnesuva za ovde, kaj nas,treba samo da se poceka da se "digne maglata" i da izlezat na videlina skapite lagi i manipulaciite za "prerodbata" da se vidi deka seto ova bilo najobicna pljacka i nisto drugo,pa ke stane i kaj nas"interesno",a bogami ke ima i bezanija.Samo ne e samo rakata na Milenko dolga, se izdolzi rakata i na obicniot Makedonec.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.10.2010 17:07:35
Во Европа врие оти има солидна опозиција која нуди издржани решенија а не комични од типот безкаматни кредити за станови и за бизнисот.Нека следниот пат наведе барем две земји каде државата ги покира каматите на земени кредити,и нека го наведе изворот од каде ќе се финансираат каматите.Утопија невидена некој да добива средста на одложен рок на плаќање безкаматно.
Од: zoki
Датум: 22.10.2010 22:14:49
Da Feliks poarno e so zakon voopsto da ne mu plakas na narodot za srabotenoto.
Од: јас
Датум: 22.10.2010 22:29:36
Е Сртеќко дај жити леб наведи барем уште една држава во Европа во која власта : Ја напаѓа опозицијата со образложение дека опозицијата е крива за лошата положба во државата со која власта раководи.Па , во која власта прави соменици на секој чекор , а не прави автопати и сл.Па , власта бара алиби за тоа што сега го прави , со тоа што ја обвинува опозицијата што правела пред 10-15 години...наредно , власта веднаш после понудените решенија од опозицијата излегува со прес дека таа го мислела истото решение пред 10 години , ама не втасала да го објави ...Има уште.... Наведи само една , не мора две држави !!!
Од: Жарко,Ресен
Датум: 22.10.2010 23:59:33
До феликс:Во Европа врие затоа што има луѓе кои размислуваат со своја глава(што не е твоја јака страна).Во Франција се организираат милионски штрајкови само затоа што се подига прагот за пензионирање од 60 на 62 години.И не ги интересира луѓето дали е економска криза или не е.А кај нас синдикатот се солидаризира со владата бидејќи знаел дека е криза.И уште нешто.Да, утопија е да добиваш средства на одложен рок на плаќање.Само што тоа го прави твојата омилена влада кон приватните компании,користејќи ги нивните услуги без да им плати(или ќе им плати подоцна).
Од: Brian, Canada
Датум: 23.10.2010 04:21:05
G-dine georgiev kako potpredsedatel na partija koja saka da ima seriozen predznak, upotrebata na zborot "vladejacka hunta" dolikuva na ulicarski zargon. Po definicija hunta e voena sila koja ja oavojuva vlasta so voen udar. Ako i samiot znaete deka VMRO ja dobi vlasta poveke od ubedlivo, ili da go koristam recnikot na Vasiot sef "ve zgazi kako zaba sleper", na demokratski izbori i toa dva pati - nagradnoto prasanjeod 1 milion dolari e - zosto velite hunta?
Од: skopjanec
Датум: 23.10.2010 05:08:41
stavete gi mladite vo sdsm vo prva borbena linija i ke vidite kako rabotite zovrivaat pozzz.
Од: Bobi 77
Датум: 23.10.2010 05:50:27
I aj sea ,Filip Petrovsi e poveke citan od tamu nekoj si Gordan Georgievic,E MORE BRANCE BRANCE I TI SO CEL PAMET KE OSVOJUVAS VLAST, idi be legni si
Од: xxL from Prilep
Датум: 23.10.2010 08:46:27
prekrasen natpis!
Од: Феличита
Датум: 23.10.2010 09:51:47
Во Европа нема ниедна друга комична влада со комични решенија!
Од: Ljube
Датум: 23.10.2010 11:28:56
Citajki poedini komentari kako "Regan","Feliks"i slicni na niv , ne treba covek da e mnogu umen pa da svati zosto ovaa vlast uste vladee vo Makedonija.Se dodeka ima "praznoglavci",ne mislat so svoja glava,Makedonija so ovaa vlada i ovie nivni poddrzuvaci,ke ja "vlece" Makedonija vo se pogolema bezdna
Од: zk
Датум: 23.10.2010 14:01:04
go molam Brajan od Kanada da dade 2 dolari za imeto, (znameto veke otide..) i da ne pisuva za nesto za koe ne videl kako izgleda. ako dojde ednas na 2 godini vo mkd, mozebi i ke stekne pretstava., a vo meguvreme neka igra golf i neka jadi hamburgeri...
Од: Утопија со тапија
Датум: 23.10.2010 14:25:22
Да ФЕЛИКС, во Европа врие, не оти опозицијата е солидна,туку луѓето имаат колективна свест за состојбите или за некое скратено право ,или за погрешни политики на власта. А за примери за бескаматни стамбени кредити ,еве не од светот туку од соседството, во Хрватска владата субвенционира стамбени кредити ,така што корисниците плаќаат 1,8% а остатокот го покрива владата.Ова се изворни податоци од роднини кои користат вакви кредити.Изворот за финансирање може да биде истиот од каде се финансира Скопје 2014.
Од: MIle
Датум: 23.10.2010 21:33:02
Tekstot e dobar do vo golem procent tocen, ama druze Gordane kako ke go ubedite ovoj narod da glasa za vas so istiot lider za koj sto Grujo e "medena rosa". Ke povtoram znaci tekstot ti e tocen i sekoja edna klasifikacija ja prifakam no kolku da e los Grujo i kolku da sakam da si odi Brane e ednostavno nezamenliv. Eden primer samo TUT-KOM Prilep e vo ovaa sostojba vo koja sto e blagodarenie na Braneta!!! da ne redam primeri drugi dovolno e eden koj sto zasega okolu 50 000 zivoti.
Од: ruza
Датум: 24.10.2010 00:51:38
gordane,tekstot e prekrasen,bravo.a sega da mu kazam na brajan od kanada,ako tolku e dobar grujo i negovata vlada neka si gi nosi vo kanada pa tamu da gi pusti da vladeat.tuka sakam decata da rastat so zivi i zdravi luge,a ne so spomenici i prazni stomacinja
Од: Тони
Датум: 24.10.2010 10:57:56
Во Европа врие и се повеќе ќе врие затоа што работниците стануваат свесни дека најголемата ЛАГА во историјата, наречена „либерална-демократија“, е само обична флоскула која ја употребуваат тнр. елити (самонаречени буржуи, аристократи...), со единствена цел: Да дојдат на власт и не да управуваат, туку да ВЛАДЕАТ! А, под поимот владеење, тие подразбираат угнетување на обичниот човек. Од кога грижата за човекот значи искористување на луѓето од најмала возраст до доцна старост единствено за производство на добра кои ги користат само најбогатите (кои до богатството стигнуваат со лаги, кодошења, подметнувања, уништувања на семејството, лигавења...)? Еден пример за „економиските коментатори“: „Откупете го ВАШЕТО дворно место за 1 евро“! Земјиштето државата го смета за свое. А, се фали дека го продава по поефтина цена!“ Па, секој може да каже: „Мојот автомобил чини 10.000, ама јас ти го продавам за 500 евра. Навистина сум голем хуманист!“ ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ... Народе, народе... `Рмбај до 80 години!