Неделен барометар
Ништо без прачка
И додека нејзината другарка и колешка Линда Евангелиста моментно закрепнува од разделбата со Питер Мортон, првиот човек на „Хард рок кафе“, Синди Крафорд ужива во брачниот живот.
„Не велам дека немаше сушни периоди, ама никогаш не дозволив јас и маж ми да спиеме во одвоени постели. А за се' можам да и' се заблагодарам на прачката. Откако ја поставивме во спалната соба се' порано легнуваме. Ем јас останував во форма, вежбам, се препотувам ем секогаш имам задоволен гледач“, ја откри својата тајна за совршен брак 44-годишната манекенка Синди.
Вечниот Петар Пан
Кога по 11 години ќе пукне тиквата виновникот се - разликите во карактерот. Еден од чесните исклучоци е Давид Аркет, кој јавно призна дека мора да порасне, што е и главна причина за разводот од Кортни Кокс.
„Бев неодговорен, несмасен, не водев сметка за ништо, ниту кога и што ќе јадам, ниту кога ќе легнам, а да не зборуваме за хигиената“, покајнички го отвора срцето Давид.
Не знаеме дали оваа искреност е тенденциозна, ама пријатно е да се слушне. Поголемиот број петарпановци никогаш не ги признаваат своите мани.
Мамини синови се навикнати некој да се грижи за нив.
|