Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter

Илија Делов - Били Ѕвер

Од хармоникаш до рапер

Илија Делов, алијас Били Ѕвер, е новопечено име од популарниот трендовски музички бран

Бојан Шашевски

Во последните неколку години хип-хоп револуцијата во Македонија донесе масивен бран новопечени раперски имиња, ги инфицираше тинејџерите и адолесцентите со заразни хитовски текстови и аренби-ритми, притоа акцентирајќи ги жешките девојки, парите, скапите автомобили...

Во скопското кафуле „Хо-Хо“, минатата недела кавадарчанецот Илија Делов, алијас Били Ѕвер, пред новинарите и пријателите од естрадата го промовираше својот албум - првенец „Мацедониш“. Ка��о еден од новите раперски фаци на популарната сцена, решивме да поразговараме за неговите искуства, годинешното евровизиско патување за Норвешка, персоналната хип-хоп идентификација, но и за животот надвор од музиката.

„Името на албумот дојде од популарниот клип на ’Јутјуб’, бевме многу релаксирани за време на интервјуто во Осло и разговаравме како да сме дома, па се случи баш тој интересен момент со ’мацедониш’. Кога се вративме во државава, веќе сите беа запознати со клипот и морав да го искористам за албумот, бидејќи немав име, а и беше вистинскиот момент да го направам тоа“, откри Били.

Ѓоко Танески, неговиот евровизиски колега, на промоцијата на шега кажа дека Били во текот на нивниот престој во Норвешка, го удавил со песните на албумот и дека неуморно ги пуштал на лаптопот. Илија возврати и кажа дека „Евровизија“ за него претставува едномесечно незаборавно другарување, работа, возење, заедничко пеење – одлична подлога за идниот музички полет. „Евровизискиот настап претставуваше отскочна штица за мене, ми овозможи безброј работи и ми ги отвори медиумските врати“, рече кавадарчанецот.

На албумот се наоѓаат колаборациски песни со пријателите Сања Лефкова, Тони Зен, Елвир Мекиќ, Илија Ќосевски, Танески и Пејчиноски, но се сретнуваат заеднички теми и со Снупи Ем-Си и Дарк Мен, кои Делов ги смета дел од неговата екипа. Слуша и следи македонски рап, но не може да издвои посебен фаворит, бидејќи, како што наведе: „Сите мои колеги се добри и прават квалитетен рап“. Вели дека преку својата музика се претставува себеси, а преку Били Ѕвер ги кажува сите нешта што би биле несоодветни за Илија.

Исто така, откри дека уште претходно бил музички „загреан“ и не било случај на „Е од денес ќе станам рапер!“. „Свирев хармоника и одев во музичко училиште и пополека, ден по ден, се се префрлував и врзував за рапот, па дојде денот кога реков дека повеќе не одам на музичко... Па, така, започнав да си правам музика и некои домашни песнички. Инаку, Били ми е прекар од детството, а Ѕвер од девојките“.

Многумина милуваат да ги поделат раперите на „фејкери и генгстери“, па го запрашавме на што се должи ваквото етикетирање и дали помеѓу самите рапери постои слична компарација и поделба на шминкери и уличари. „Постои, тоа го имало отсекогаш, фејкери ова-она. Најчесто дечиња што уживаат да коментираат по ’Јутјуб’, истите тие што најмалку се разбираат од таа рап-музика“, рече Илија.

Меѓу другото, место во неговите текстови наоѓаат и теми за згодни женски, задници, секс, скапи возила, пари.. Несомнено, рапот зема енормен замав меѓу младата генерација, па Били Ѕвер смета дека таквите теми се наметнуваат од секојдневниот живот и многу често се искористуваат во песните. „Сето она што во реалниот свет го прави младата генерација - се слуша и во денешниве песни“, објасни тој.

Датум на раѓање: 26.6.1987
Хороскопски знак: Рак
Висина: 183 см
Тежина: 92-98 кг
Омилено јадење: Нешто печено или пржено, а кога тренирам, повеќе јадам варено.
Омилен пијалак: Ладен чај
Фобија: Немам страв од ништо
Тетоважи по телото: Немам тетоважа
Најупотребуван збор: На крајот од речеси секоја реченица користам „ти текнува ли?“
Хоби: Имам повеќе, со се' што се занимавам, а не е професионално, го сметам за хоби.
Идеално место: Сакам мирни места, тишина каде што можам да размислувам.
Омилено возило: Па не сум некој што ги следи марките на коли, но повеќе сум за класика
Спорт: Имам многу омилени и добри спотови, сакам спортови во кои има уметност и е нешто уникатно.

„Лажев за сe’“

Реф:

Лажев за се', за секоја ноќ кога не бев со тебе

Лажев за се', дека сум силен а неможам без тебе

Лажев за се', за секоја ноќ кога не бев со тебе

лажев за се', дека сум силен а неможам без тебе



Имам болка во гради што ја чувствувам секој ден

чувствувам вина се чуствувам поразен

не знаев дека не можам да те избришам

во глава се' уште ми стои нешто што ме притиска



ти си причина што веќе не сум ништо

без тебе сум изгубен паднат сум начисто

бев горд на себе лажев дека работа

касно се сетив дека така ќе те изгубам



јас сум крив што на тебе не се посветив

мислев нема да се случи да ме оставиш

демек имав се што ќе ме крене

но, сфатив немам ништо кога те немам тебе



бев јак рапер сум и така останав

се случија работи кои нема да си ги простам јас

осаменост како мрак без светлина

се чувствувам тажно и не можам да престанам



Реф:



Нема назад веќе помина се'

не знам како се чувствуваш ти без мене

животот поминува ќе сфатиш, но касно е

тоа што си можел да го имаш веќе далеку е



Помислуваш на мене и тебе исто те мачи

би пуштил солза но рапер никогаш не плачи

се секавам кога се смееше пред мене

сега тоа е само слика во мисли која што вене



Јас сум до тебе, а чувствувам далечина

знам дека овој пат нема да ја пречекорам

заебавме се' што имаше меѓу нас

заебавме се' а за тоа крив сум јас



Твоите солзи не допираа до мене

кога викаше те сакам јас не те гледав тебе

бевме заедно на сонце и невреме

бевме заедно кога лажев дека верен бев



Реф:



#
Статијата е прочитана 887 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
На втор кат не може со високи штикли!
Тиквешански
Нина Нинеска-Фиданоска главен и одговорен уредник на „Утрински“
Не болело!
Брисел бара да си ги прибереме азилантите
Новинарството по стапките на државата
Македонско-бугарски историски контроверзии (12)
Дрогирана за време на ТВ-интервју
Рударите од Чиле на одмор во БиХ
Турски синдром
Професор или министер - почна трката за гувернер
Два милиона на градите на Адријана Лима
Како сообраќајот да биде побезбеден
Ништо без прачка
Дискусија без перкусија
Санадер повторно меѓу Хрватите
Лига Европа стигна до средината
Ние сме големи мали деца
Падобранци
Во селото на Благуња пожаранката
Престрелка кај Свети Наум
Вечни теми во ново руво
Кирија од 860.000 евра за спортска сала!
Охридско Eзеро во орбитата на Сатурн
Работата цути, љубовта венее
Стил
Пари или живот
Неделен хороскоп






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency