Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter

Санадер повторно меѓу Хрватите

Хрватска се возбуди откако бившиот премиер повторно седна во пратеничките клупи на Соборот

Горан Адамовски

Што му требаше на Иво Санадер да се врати во политиката кога пред петнаесет месеци даде оставка од премиерската функција во Хрватска, а згора на тоа, десетина месеци беше надвор од земјата? Со ова прашање хрватската јавност се занимава веќе неколку денови откако Санадер доби дозвола да го активира пратеничкиот мандат и да се врати во клупите во Соборот.

Шпекулациите се вртат на две точки: пратеничкиот мандат му дава имунитет што барем засега го чува од гласиштата дека се богател преку криминални активности или, пак, дека целта му е да ги повика околу себе пратениците од владеачката ХДЗ, кои му останаа блиски и со барем шест од нив да и' го одземе мнозинството во Саборот на премиерката Јадранка Косор и со тоа да ја турне од власт.

Односите меѓу нив двајца се влошија набргу по именувањето на Косор за наследник на Санадер по неговото шокантно повлекување од политиката, без притоа да образложи зошто. Потоа се обиде да се оправда со притисоците што и' ги наметнала Словенија на Хрватска за одблокирање на преговорите за влез во ЕУ, но јавноста воопшто не наседна на тоа.

Косор експресно успеа да го реши спорот со Словенија, доведувајќи ја земјата пред портите на ЕУ, воедно давајќи зелено светло да се расчистат сите коруптивни афери што ја тресеа земјата. Во многу од нив беше споменувано името на Санадер, кој во меѓувреме беше избркан од ХДЗ. Беа апсени негови блиски соработници, а неговиот поранешен заменик, Дамир Поланчец, веќе доби две првостепени пресуди од 15, односно 12 месеци поради криминал. Санадер беше повикан и како сведок во скандалозната приватизација на нафтената компанија ИНА и стануваше се' поочигледно дека клопчето околу него се замотува.

Следуваше уште еден негов драматичен потег кога сосема ненадејно се врати во земјата. При сведочењето рече дека во приватизацијата на ИНА немало ништо спорно и дека сите одлуки ги донел во соработка со своите блиски луѓе, на чело со Косор. Актуелната премиерка изјави дека Санадер не ја зборува вистината.

Во меѓувреме, името на Санадер се врзува во контекст на уште десет афери, кои се' уште се во фаза на истрага. Пратеничкиот имунитет засега ќе го чува, но може да му биде одземен во случаи на тешки криминални дела. Дали ќе се обистинат гласиштата дека ако собере шест пратеници за да падне Косор тешко е да се предвиди, бидејќи, како што пишуваат медиумите во Загреб, „ретко некој паметен би се здружил со некој кому јажето му е на вратот“.


#
Статијата е прочитана 1723 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
На втор кат не може со високи штикли!
Тиквешански
Нина Нинеска-Фиданоска главен и одговорен уредник на „Утрински“
Не болело!
Брисел бара да си ги прибереме азилантите
Новинарството по стапките на државата
Македонско-бугарски историски контроверзии (12)
Дрогирана за време на ТВ-интервју
Рударите од Чиле на одмор во БиХ
Турски синдром
Професор или министер - почна трката за гувернер
Два милиона на градите на Адријана Лима
Како сообраќајот да биде побезбеден
Ништо без прачка
Дискусија без перкусија
Лига Европа стигна до средината
Ние сме големи мали деца
Падобранци
Во селото на Благуња пожаранката
Престрелка кај Свети Наум
Вечни теми во ново руво
Кирија од 860.000 евра за спортска сала!
Од хармоникаш до рапер
Охридско Eзеро во орбитата на Сатурн
Работата цути, љубовта венее
Стил
Пари или живот
Неделен хороскоп






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency