Уапсен шеф на мафијашкиот клан Корлеоне
01.07.2011, 12:38
Италијанската полиција уапси по тригодишна истрага шеф на мафијашкиот клан од Корлеоне, сицилијанско гратче кое се прослави во познатиот филм „Кум“.
Гаетано Рина (79) брат на поранешниот шеф на Коза ностра, Салваторе Тоти Рина, кој се наоѓа во затвор од 1993 година на доживотна робија. Гаетано Рина, заедно со три други лица е уапсен во градот Мазара дел Вало, на југозапад во Сицилија каде живеел и од каде го контролирал кланот Корлеоне.
Тие се обвинети за изнуда и криминално здружување. Кланот Корелеоне и понатаму има „централна улога“ во мафијашките кругови и покрај тоа што дел од неговите истакнати припадници се уапсени.
|