Хроника
Настраданиот во Мариово е 37-годишен скопјанец
01.07.2011, 13:04
Полицијата го идентификува човекот чие тело синоќа беше извлечено со хеликоптер од непристапниот терен во Мариово кај селото Манастир во близина на Црна Река.
Како што иноформира Ѓоко Стрезовски портпарол на СВР Битола настраданиот е 37-годишниот Дејан Рајковиќ од населбата Драчево во Скопје. Тој со тројца другари бил на прошетка во Мариово.
„Кај месноста Мокра Стена, под селото Манастир, крај Црна Река, најверојатно, во еден момент на Рајковиќ му се слошило, загубил свест и паднал. Еден од тројцата придружници околу 17 часот пријавил в полиција“, вели Стрезовски.
Веднаш биле ангажирани полициски и медицински екипи, но, поради непристапноста на теренот не можеле да дојдат до Ранковиќ. Напомош бил повикан хеликоптер на МВР И околу 19.30 часот било извлечено безживотното тело на 37-годишниот скопјанец. Лекар констатирал смрт.
Телото на загинатиот од синоќа е во прилепската болница. Истражен судија наредил обдукција за да се утврдат причините за смртта. Стрезовски не може да каже дали четворицата биле прв пат во Мариово и како подетално се случила трагедијата. Тројцата придружници се задржани во прилепската полиција на разговор за расчистување на случајот.
|