Убиен црногорски кошаркар при грабеж во Цетиње
01.07.2011, 12:46
Младиот црногорски кошаркар Љубомир Јовановиќ (24) доцна синоќа е убиен при обид за грабеж на казино во градот Цетиње, објави Блиц.
Убиството се случило синоќа околу 22:30 часот, кога маскиран ограбувач вооружен со пиштол влегол во цетинското казино, каде Јовановиќ бил со неколку свои соиграчи од репрезентацијата за да се скрие од силниот дожд.
Ограбувачот побарал пари, при што, од засега неутврдени причини, испукал куршум што завршил во градите на Јовановиќ, по што црногорскиот кошаркар починал.
Непознатиот ограбувач побегнал од местото на инцидентот. Црногорската полиција превзема мерки за негово пронаоѓање. Како што јавуваат медиумите, на влезот на Подгорица се контролираат сите возила што доаѓаат од правецот на Цетиње.
Починатиот Јовановиќ е роден 27 јуни 1987 година во Подгорица. Во својата кариера настапувал за „Будуќност“ и „Ловќен“ и во други тимови.
Последната сезона Јовановиќ ја помина во грчки КАОД и избори пласман во првата лига. Настапуваше за црногорската Б-репрезентација.
|