Број 3619  петок, 01 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Еко��омија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Сексуален живот

Некои го прават тоа поинаку

Како се сака низ светот? Во Јапонија мирудијата што ја немаат другите се нарекува гејша, а во Италија и во Шпанија е најкористена мисионерската положба



Најголема опасност за сексуалниот живот се монотонијата, здодевноста и рутината. Затоа треба постојано да се експериментира, да се воведува нешто ново, а најдобар лек е отворен разговор со партнерот. И положбата за време на водењето љубов може да игра голема улога, во некоја е поголема стимулацијата за жената, во некоја помала и обратно. Се' на се', тоа е индивидуално и не може да се генерализира. Сепак, да погледнеме како најчесто се прави тоа низ светот и зошто.

Кина - амазонска положба

(мажот седи, а жената му е во прегратки)

Ваквата положба и овозможува најголемо задоволство на жената, меѓу другото, и затоа што може да ја контролира и води играта а притоа да го набљудува партнерот. На партнерот, пак, слободни му се и рацете со кои може да ја допира партнерката.

Јапонија - ѓаволести гејши

Префинета и мистериозна, гејшата е јапонска девојка одбрана од сопственото семејство во раната младост за да се едуцира и да стане стручна за нежната уметност на заведувањето. Гејшата е професионална во разговорите и нејзина задача е да комуницира и да ги забавува сопствените гости, нежно и со насмевка. Таа се движи грациозно и елегантно, со заводливи потези, побудува љубопитност, привлечност и страст. Всушност, целта на секое нејзино движење, секој нејзин збор, дури и на секоја нејзина воздишка, е да заведе.

Уметноста на гејшите е идеална за оние што се чувствуваат по малку несигурни, за оние што својата желба одамна ја изгубиле или ја затвориле во ковчег, па им е потребно да ја пронајдат за да ја разбудат самодовербата и со нејзина помош да го извлечат сексапилот од себе.


Италија и Шпанија - мисионерска положба

Најраширена и најпопуларна положба на водење љубов во овие земји е мисионерската. Името е поради тоа што католичките мисионери ја проповедале оваа положба. Од друга страна, се смета за најпопуларна, а ја одобрила и црквата, бидејќи на тој начин најлесно се извршува оплодувањето, а сексуалниот чин првенствено има улога на продолжување на родот. Но, без оглед на католичките размислувања и сфаќања, оваа поза е најприфатлива и за мажите и за жените, овозможува гледање на партнерот вo очи.


Русија - жената е свртена со грбот

Ваквата положба е исклучително добра за мажите, затоа што тогаш се чувствуваат надмоќно, но и за оние што се срамежливи и не се чувствуваат најдобро кога ги гледаат в очи. И покрај тоа што многу жени ја сметаат оваа положба за добра, многу не ја преферираат бидејќи секогаш не можат да доживеат врвно задоволство.


Виетнам и Бали - положба страна со страна

Од сите положби оваа е најудобна - се лежи на страна и партнерот може да го гледате, а, покрај тоа, слободни ви се рацете за да продолжите да се допирате. Една од причините се и самите постели на кои таму се спие – главно, тие се од тврди бамбусови стебла.


Нордиски земји – жешка фантазија

Поради температурите под нулата, жителите на нордиските земји се посветени на водењето љубов во затворен простор, поради што се принудени и да измислат нови еротски игри со кои ќе ја победат досадата и експериментираат на малку поневообичаени места. Во овие земји едно од најомилените места за водење љубов и за побудување на сексуалната фантазија е сауната. Се чини дека топлината е еден од најбитните еротски елементи, бидејќи доведува до проширување на крвните садови, а со помош на еротските стимуланси брзо предизвикува ерекција кај мажите и влажнење на клиторисот кај жената. Покрај тоа, топлината најдобро релаксира, ја ослободува напнатоста и помага да се оддалечите од дневните проблеми.


Индија - предиграта е на цена

И покрај тоа што Камасутра (книга со илустрации за различни техники и положби на водење љубов) вели поинаку, во реалноста културата од Истокот од самиот сексуален акт подразбира соединување на сите чувства. Сексуалноста станува привилегиран начин на комуникација, кога со другата личност се пренесуваат длабоки чувства и емоции.

На Запад брзината на живеење е една од главните причини за голем дел од проблемите во комуникацијата, па така и во самиот чин на водење на љубов. Покрај тоа, се губи и смислата на предиграта, на која се посветува малку време и внимание, на темелната фаза на олабавување, на истражувањето на телото на партнерот, милувањата, фаза што се состои од исчекувања, возбудувачки стратегии кои ги доведуваат до крајно задоволување на желбите.


САД - совршена рамнотежа на чувства

Првиот сексуален импулс доаѓа од устата, од цицањето на мајчиното млеко, од бакнежот. Устата е првиот орган што ни овозможува да дојдеме во контакт со светот. Во устата се наоѓаат два спротивни елемента на сексуалноста: нежност и агресивност. Цицањето е либидо, а загризувањето напад. Оралниот секс е симболичен израз за совршена рамнотежа на чувствата: она нежното кое е по малку досадно и она кое е сурово и грубо. Љубовта, за да биде комплетна, секогаш мора да вклучува и ги дозира овие две спротивности.


Велика Британија - помагала за садо-мазо

Во Велика Британија сексуалноста е поттикната со груби возбудувања. Таму за сексуалноста малку се говори, а повеќе се доживува и консумира, и најголемото незадоволството се крие во секојдневjето, рутината и навиката. Затоа се оди кон дополнителни средства, докажано е дека со нив се побудува заборавената и изгубена желба, а животот се враќа во кревет.


#
Статијата е прочитана 1528 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Концертот префрлен во СЦ „Борис Трајковски“
Замина актерскиот мудрец Кирил Ристоски
Милошоски - дипломатија и татковство
Рокенролот е неуништлив
Атина – ден потоа
Долгот незаприливо расте, каде ќе не' однесе?
Груевски и Ахмети не брзаат за ЕУ
Спомениците го заживеаја скопскиот плоштад
Нa oдмор во Тувалу
Настраданиот во Мариово е 37-годишен скопјанец
Рушат хотели, „градат“ хотелиерство!?
Хрватска успешно ги заврши преговорите, во ЕУ во 2013 година
На сончање во Тувалу
Невработените ќе пополнуваат изјава за сини картони
Пост фестум
Убиен црногорски кошаркар при грабеж во Цетиње
Бангладеш го слави Македонецот Илиевски
Уапсен шеф на мафијашкиот клан Корлеоне
Стол
Работнички убедлив, Ренова едвај
НБА лигата и дефинитивно „под клуч“
Полска го презема претседавањето со ЕУ
Обвинението против Строс-Кан пред поништување
Онлајн вести

"""