Број 3619  петок, 01 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економ��ја
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Интервју: Дарко Рундек

Рокенролот е неуништлив

Дарко Рундек го врзуваме за „Хаустор“, за автентичност и за музика со мултинационално влијание

Валентина Тодоровска



Стилската определница на Дарко Рундек (1956), музичар со особен сензибилитет, во себе ги има трогателноста и доследноста. Она што остана запишано во рок- антологијата е времето на „Хаустор“ (1979) и песните „Моја прва љубав“, „Мењам се“, „Шејн“, „Ена“, „Радничка класа одлази у рај“, „Девојке у летњим хаљинама“... за од 1997 кариерата да ја тера самостојно.

Биографите ги бележат албумите „Апокалипсо“, „У широком свету“, „Руке“, „Загребачка магла“, „Мхм а – ха, ох, је, да, да“, а веќе тринаесет години „Карго“ е неговата постојана музичка придружба.

И денес, 30 години потоа, Дарко е во својата приказна што веќе има видливи мултинационални влијанија.




Сакате ли кога Ве персираат? За уметниците, стереотипно се врзува минатото, па затоа и ќе Ве прашам - колку сте човек од техника, што Ви значат компјутерите, колку користите интернет, па имате ли профил на „Фејсбук“... Воопштено, можат ли компјутерите да ги оддалечат луѓето?

„Сеедно ми е дали ми се обраќаат со „ти“ или со „вие“. Но, веќе по првото познанство, најчесто преминуваме на „ти“. Многу користам компјутер и тоа уште од крајот на 1980-тите години кога „Атари“ ми служеше за работа на аранжманите. Бидејќи немам музичко образование, програмата „Кјубеиз“ ми беше одлично средство да го слушнам приближно она што ми свири во глава и тоа да им го покажам на музичарите или да ги отпечатам нотите кога сето ќе звучи О.К. Денеска тој ми го заменува повеќеканалниот магнетофон и брдо од процесори, кои пред триесетина години едвај би ги собрал во соба. И - мејл ми е драг облик на комуникација, бидејќи можам кусо и јасно да формулирам што сакам, а притоа останува документирано она што е кажано. Четови ме нервираат и не ги користам. Имам своја веб-страница www.darko-rundek.com во чие обликување учествував лично и ми се чини како добар начин да се претставам. ’Мајспејс’ и ’Фејсбук’ ми се преполни со баналности и ги користам само кога морам. Супер ми е што преку ’Гугл’ можам да ги решам многуте недоумици околу фактите и набрзина да се информирам. Што се однесува до отуѓеноста на луѓето, да. На интернет, сепак, се губи премногу време, кое инаку би можело да се помине во конкретно присуство“.



Живееш во Париз, а постојано патуваш, работиш, музицираш... Дали ти пречи подолго присуство на едно место? Што има Париз, а немаат Загреб и Белград?

„Постои одреден сразмер меѓу патувањата и домот, што ми одговара и се обидувам да ја одржам таа рамнотежа. Во Париз се чувствувам како во некој меѓупростор, бидејќи живеам во предградие со многу мешано население од сите континенти. Го сакам меѓупросторот. Од него можам да излезам во која било населба. Не ме обврзува на ништо. Тука сум само еден анонимен сосед.



И без некоја особена медиумска помпа, повеќе од 30 години имаш постојана публика. Претпоставувам поради искреноста со која дишат твоите песни?

„Па, работам. Приказната трае. Барам, не се повторувам, па тоа на публиката веројатно и е доволно интересно што ја следи приказната“.



Го препознава ли публиката твојот словенски шарм? Патем, колку дозволуваш таа да ти се приближи?

„Има доста луѓе на кои им значи тоа што го работам. Не знам дали е тоа словенски шарм. Со задоволство ги среќавам надвор од сцена и имам чувство дека се познаваме. Од заедничко фотографирање имам дупки во зениците“.



Рокенролот некогаш и сега? Бунт спрема авторитет, а сега чиста декаденција или...?

„Рокенролот е израз на генерации од 15 до 25 години. Го изразува бунтот спрема авторитетот, жед за слободен и полн живот ослободен од сексуалните табуа. Како таков, може да ги менува формите кон рапот, техното или што и да дојде, да е помалку или повеќе броен или силен, но во основа е неуништлив“.



Некаде прочитав дека те нарекуваат балкански Дејвид Боуви. Што велиш на тоа?

„Нешто мора да пишуваат“.



„Хаустор“ своевремено жареше и палеше низ нашата тогашна земја. „Ена“, на пример, беше химна на генерации со година на раѓање во 60-тите и во 70-тите. Дали некогаш некаде повторно ќе се соберете? Патем, што стана со необјавениот петти албумот на „Хаустор“?

„Петтиот албум е фрлен низ река. Не верувам дека повторно ќе се собереме. Зошто? Ретки се љубовите што по 20 години разделба, можат повторно да пламнат.



Што мислиш дали сигурноста и самодовербата што ја имавме во 1980-тите години е резултат на средината во која растевме? Мислам на Југославија.

„Гледаш, таа сигурност и самодоверба има врска со национализмот. Атмосферата секаде во светот во тие години беше оптимистична. Идејата за просперитетот се' уште не ја расипуваа баучи на еколошката катастрофа, дивеење на апстрактен капитал, кинеска закана, постоеше рамнотежа меѓу двата блока во кои двете идеологии се обидуваа да се покажат во подобра светлина и, воопшто, се чинеше дека постои некоја промислена општествена перспектива. Заканата со атомска катастрофа уште повеќе го зголеми хедонизмот зашто тоа и онака беше брзо умирање. Паѓањето на Берлинскиот ѕид го наруши тоа. Во престројувањето по кое сега одиме по тенок лед има многу стравувања. Тоа е разбирливо. Повеќе ги нема тато, Тито и мама Јованка. Мораме да пораснеме.



И без некоја особена медиумска помпа повеќе од 30 години имаш постојана публика. Тоа е поради твојата видлива искреност?

„Па, работам. Приказната трае. Барам, не се повторувам, па тоа на публиката веројатно и е доволно интересно што ја следи приказната“.



Ја слушаш ли некогаш својата музика? Да речеме, те олабавува ли темата „Стојам и се гледам како постојам“?

„Понекогаш се олабавувам и ќе ми се допадне нешто од она што сум го снимил, но својата музика ја слушам, главно, со некоја цел. Често се нервирам кога на тоа ќе му најдам недостатоци, пред се', во изведбата“.



Што значи за тебе убав, но навистина убав ден?

„Тоа е ден кога се радуваш и пееш без некоја посебна причина. Кога се' што ќе сретнеш е пријателско и подготвено на игра, но не премногу. Ден кога она што ќе ти дојде на ум и она што ти се случува не се разликуваат, туку се развиваат по некоја заедничка интелигенција. Затоа си особено внимателен - знаеш дека тоа едноставно наскоро повторно ќе се раздели и поради тоа си и среќен и тажен во исто време“.


Придружбата „Карго“ е бенд, музички карван, оркестар?... Дали понекогаш е претешко - прелесно да си со нив?

„Едно време премногу ги разгалив тие драги талентирани и несериозни луѓе. Преземам премногу работа околу организацијата, а бевме како колектив. Пред две години сосема збеснав и оттогаш функционираме како добра целина. Многу работи ги чувствуваме заедно, понекогаш речиси телепатски, но се знае кој го има последниот збор. Ме радува да патувам со нив“.


#
Статијата е прочитана 4959 пати.

Испрати коментар

Од: Buntovnik
Датум: 01.07.2011 09:02:16
Rock and Roll is a Zionist brainweashmachine. Site rok nummeri sto se do sega napraveni vo celiot svet se bazirani na 4 akorda seto okolu e big bulshitt. So ovie 4 akorda mozes da go sviris bilo koj rok nummer.

Најди! во Утрински
Насловна
Концертот префрлен во СЦ „Борис Трајковски“
Замина актерскиот мудрец Кирил Ристоски
Милошоски - дипломатија и татковство
Атина – ден потоа
Долгот незаприливо расте, каде ќе не' однесе?
Некои го прават тоа поинаку
Груевски и Ахмети не брзаат за ЕУ
Спомениците го заживеаја скопскиот плоштад
Нa oдмор во Тувалу
Настраданиот во Мариово е 37-годишен скопјанец
Рушат хотели, „градат“ хотелиерство!?
Хрватска успешно ги заврши преговорите, во ЕУ во 2013 година
На сончање во Тувалу
Невработените ќе пополнуваат изјава за сини картони
Пост фестум
Убиен црногорски кошаркар при грабеж во Цетиње
Бангладеш го слави Македонецот Илиевски
Уапсен шеф на мафијашкиот клан Корлеоне
Стол
Работнички убедлив, Ренова едвај
НБА лигата и дефинитивно „под клуч“
Полска го презема претседавањето со ЕУ
Обвинението против Строс-Кан пред поништување
Онлајн вести

"""